Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    77.332
    Пол:
    Женски
    Јас одам кај матичниот секоја недела пошо нели имам проблематична бременост и често чекам во чекална по цел саат и во тоа време доаѓаат мажи на жени што треба да се породат и кажуваат на сестрата дека жена му ниеднаш не дошла кај матичниот зошто бременоста си ја водела приватно и приватно ќе си се породи ама и треба породилно да и се отвори.Исто слушав од мажи кои доаѓаат за жените дека ниеднаш не дошле кај матичниот,си оделе приватно ама треба да и се даде упат зошто ќе раѓа во државна болница.Ете затоа ги нема во евиденција.Плус не треба да се верува на секоја цифра што ќе ја извадат статистички.Плус викаш немаат сите пари за цела бременост приватно да ја водат или да си купуваат приватно се што ќе им се даде во бременост.А што иде на рецепт во бременост?Витамините,фолната,витамин е,утрогестанот тоа се купува приватно а реално освен фолна и витамин е другото е многу скапо.Еве посебно утрогестанот кој што 90% од трудниците мораат да го купуваат а е скоро 500 денари од кутивче и не иде на рецепт,а замисли има трудници како мене што секој 5-ти ден мора да купи ново кутивче.Јас имам пријателка што две деца роди,со двете цела бременост во Ре медика одеше и на крај таму си се породи,немаше матичен и тоа е тоа.
     
    На juli rak, Mariangel, Верче4 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    77.332
    Пол:
    Женски
    Немој да се нервираш,истиот случајго имав јас,по крв бремена а на ехо само зголемен ендометриум па ми рече за две недели да одам и тек тогаш ми се покажа точката ама немаше срцева акција па ми закажа за 10 дена па видовме срцева акција.Без паника,нормално е ако е многу рана бременост.
     
  3. zajka1

    zajka1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2015
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    529
    Пол:
    Женски
    Здраво мешковци, како сте ми :) ајде ве молам за совет од понеделник влегувам во 12+1 треба да одам на прв скрининг и ми спомнаа дали сакам и приска. Прававте ли вие каде и колку од прилика ве кошташе. Се изначитав сешто дека не биле точни резултатите, често се случувало грешка резултати и стварно не знам што да правам ве молам за мислење :*
     
  4. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    77.332
    Пол:
    Женски
    Јас правев приска пошто наводно било задолжително ама мене резултатите не ми беа точни и искрено ако ти вика да бираш немој да правиш пошто врска нема испитувањето.Скринингот е најбитен и најверодостоен а приската е само цифри кои можат само да те збунат или исплашат како што ме исплашија мене и сега чекам да видам дали треба да се повтори приската или нема да ме малтретираат.
     
  5. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.641
    Допаѓања:
    113.667
    Пол:
    Женски
    Нешто се буните, секој преглед кај гинеколог, башка нема државен гинеколог, има само приватни, е евидентиран, затоа и имаме електронска здравствена книшка, имаме свое досие, баш така се вика Мое досие, и кај и да одиш во светот, не па кај нас, кога ќе укуцаат твој број излегува цела твоја историја, на забар да одиш ако укуца дека си бремена а не се гледа должен е забарот да те потсети. Значи и во странство да одиш на лекар тоа се гледа, мора секоја посета на лекар да се евидентира, затоа траат толку кратко прегледите веќе, докторите се затрпани во папирологија и во запишување на свашта во таа електронска евденција па на пациентите обрнуваат се помалце внимание. Ако е така како што викате, дека оделе на приватен лекар и не е забележано дека е бремена па најмалку пола од вкупната бројка ќе беше не третина. И не се само ромската заедница, јас имам роднина која отиде на гинеколог само за упат, правела само к.с. затоа што и било страв од вагинално ехо прво, после и од вагинален преглед, не сакала да ја чачка докторот таму доле, прост муабет од високообразована личност, свашта. Ја чувал Бог и неа и бебето, иначе друго нема. Исто така наркоманки, зависнички од било каква врста, не одат на лекар за да не ги заглават после со лечење, да не им го одземат детето и слично. Голема е бројката на жени од село кои не одат бидејќи немаат лекар во близина, се породуваат дома, немаат услови. Исто така тука се и тие кои немаат здравствено осигурање.
     
  6. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.211
    Допаѓања:
    106.391
    Пол:
    Женски
    Добро утро мешиња! Машала нови трудници, со лесно да ви е на сите:hug:
    @Vennera.aa рано е за ехото и немој со плачки и нервози те молам, само релаксирано и смирено, реално од плачки нема што да добиеш, само лошо ќе си делуваш на телото и на бебулето во тебе. А за изразотна гинекологот, и јас ко потврдив со домашен тест бременост, бев кај матичниот, виде нешто и рече нека поминат три месеци без менструација и дојди пак, тогаш ќе те водам за бремена. Таков пристап си имаат ладнокрвен, ич не се потресувај, само опушти се и уживај, пиј фолна киселина.. со лесно!!
    @ph.orhideja честитки мила за третотобебче, и такви муабети од типот имам 35 стара сум, не си ич стара па знаеш колкуима близу твоја возраст ни мажени не се и токму на тие години прв пат забременуваат!? Но сфатливо е чим имаш двајца тинејџери така се доживуваш во поглед на бебиња, ама ќе ве подмлади и ќе ви донесе неизмерна радост:hug:
    Јас пак наеднаш едно по едно 3, првото уште до пелени дијде второто, сега вротово уште пелени еве трето ќе дојде. Едвај чекам и се радувам неизмерно, иако и кај нас цртките беа гром од ведро небо, но шокот одма прерасна во радост. Баш е убаво со 3 дечиња, дури и добив коментар од типот шо сум брзала одма и со третото, требало да почекам двете да потпораснеле, да осамостоеле и таман ко ке било навика и затишје во бракот на поодминати години тогаш се раѓало трето па и ќе ја обновело страста и близината меѓу партнерите во бракот... ај ќе кажеш ти дали ќе е така!? Па кој знае, може после 10тина години и четврто да дојде :rofl:

    Инаку јас деновиве сум, знаете она кога еонувате како ви паѓаат забите... страшен сон... е јас сум во живо во таков филм, семо се подронува пломба, па паѓа делче заб:worried: секој ден на заболекар ме поткрпуваат,па од другата страна паѓа нов:@
     
    На Mariangel, Vennera.aa, zajka1 и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    12.052
    Допаѓања:
    144.029
    Можно е, не викам не, ама ако не отвори породилно кај матичен, значи дека не е вработена. Затоа чудно е 7000 невработени жени да имало породено во 2014 година, а на кои на сите мажите им заработуваат доволно за цела бременост да ја тераат на приватно. Оти не е еден преглед, не е едно ехо, не се едни брисеви. Само пораѓајот е 1000 евра, ами се останато од прегледи? Кукаме како сме бедна нација, немаме за леб, а 7000 невработени имаат пари за приватни болници? Ние сме двајца вработени со редовни примања, па гледам што се може да биде поефтино, а тек па да бев невработена. Не знам, нема логика некоја, 7000 жени да не им требало породилно, а да имаат за приватен... И за тие што викаш, што идат мажите по породилно. Тие се евидентирани. Оние кои никогаш не отишле кај матичен, не се.

    @Vennera.aa не се нервирај, рано е да се гледа нешто, од стрес само лошо ќе си направиш. Две недели ќе поминат брзо, ќе видите точка.

    @zajka1 јас правев приска и скрининг. Ремедка прават и анализа на крв и ехо, Систна само ехо, државна и крв и ехо. Во државна е 500-600 денари за двете работи. Ехото ќе ти каже дали е во ред - мерат врат и нос и нешто друго, крвната анализа отприлика точно ќе ти каже, ама само процентуално. јас мислам, со оглед на тоа дека го сметаат за задолжителен прегледм да си отидеш, 10 минути работа, се ќе биде океј, само ќе имаш мирна глава.

    @AngelOfArh јас мислев бабе ми е последна што родила дома, ама откако сум бремена, по болнициве што не видов... дома раѓале им било срам од маж доктор. 21 век.
     
    На Vennera.aa, zajka1 и slobodka им се допаѓа ова.
  8. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.151
    Допаѓања:
    2.729
    Пол:
    Женски
    Јас не сум правела Приска, правев НИФТИ. Но тоа е многу скапо чини 750 евра. Приската не дава точни резултати. Ти го кажувам во смисла да не се извадиш од памет, не дај боже ако ти покаже покачени вредности. Значи имај го на ум дека знае да покаже покачена вредност во случај кога трудницата има повеќе годинки. Јас поради возраста моја се одлучив на НИФТИ кое е еквивалент на амниоцинтезата ( од неа искрено ми беше страв да се боцкам). Колку што знам не е задолжителна Приската, но ја препорачуваат- незнам зошто искрено.
     
  9. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.641
    Допаѓања:
    113.667
    Пол:
    Женски
    И јас се запрепастив кога ми кажуваа, вика бар една неделно иде дома што се породила и тоа откако ќе и се закомплицира нешто, којзнае колку не одат воопшто. Најголем број се оние кои не одат воопшто на гинеколог оти им е страв да не ги буричкаат таму доле, мислам прост муабет до немајкаде, мислиш докторот тоа чека, да те буричне да го изгубиш бебето. Глупости. 21 век, знаат да се чепатат а не знаат да одат на лекар. Пак ќе речам, ги чувал горнион, иначе што ќе била бројкава волкава. Не подржувам ни одење на гинеколог секоја недела, ама па ниеднаш да не најдеш за сходно во 9 месеци да одиш на гинеколог, срамота е.
     
  10. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    77.332
    Пол:
    Женски
    Не е едно испитување точно,ама се се наплаќа,ехо кај матичен е 300 а на многу приватни гинеколози е 500 па и нема некоја голема разлика.Плус еве имам блиска во фамилија која не беше вработена и имаше проблем со здравствено осигурување зошто имала претходно фирма и неможела да ја затвори и барале многу пари па пошто не беше здравтвено осигурана сите прегледи и се што требаше и беше приватно наплатено исто како и пораѓајот во државна болница и таа не се водеше никаде.Значи не треба да се суди и да се нарекуваат жените простачки и несовесни кога не им ја знаеш ситуацијата.За се си има причина.
     
    На Mariangel, ♡BuBaLe♡ и Верче4 им се допаѓа ова.
  11. kristince51

    kristince51 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2012
    Пораки:
    787
    Допаѓања:
    1.022
    Добро утро на сите , јас се разбудив бев до вц немаше ништо, почнав дасредувам по соба , керка ми ја облеков отидив пак во вц и на гакичките имаше пак темно кафеафа дамка мало кругче , што да правам пак ли да одам на гинеколог, утре е викенд и незнам дали ке е дежурен, што да правам имам обврски како се да легам, страв ме фака , вака во првата бременост сум немала и многу ми е страв .
     
  12. mimidjon

    mimidjon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2010
    Пораки:
    1.323
    Допаѓања:
    2.321
     
  13. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.641
    Допаѓања:
    113.667
    Пол:
    Женски
    Не збориме за тоа, збориме за такви кои се срамат од машки доктор, кои не сакаат да ги буричкаат таму доле, со тие муабети и тоа. И сестра ми има проблем со здравственото па не може да отиде да си плати како со здравствено да си била, знам како е. Ама за срам од доктор и страв да не ти го побаци бебето докторот, тоа е голем простотилук на 21 век, извини вака.

    Мими
    [​IMG]
    Ова е кремата, а од истата линнија си земав и маслена купка за тело, едно до друго стојат. Иначе ова е фактички путер, не е крем, многу е масно, мачкав на гради и на стомак, под стомак, на задник, на спојлери од него. Мене почна многу да ме чеша кожата на стомак, затоа морав под итно да земам нешто, не се трпеше.
     
    На LUCERKA му/ѝ се допаѓа ова.
  14. blessed2

    blessed2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2015
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    265
    Пол:
    Женски
    Pa zosto da ne otides, moze ke ti dadat progesteron, utrogestan ili dabroston pritv sukrvicata
     
  15. mimidjon

    mimidjon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2010
    Пораки:
    1.323
    Допаѓања:
    2.321
    A од која недела почна да се мачкаш ,јас сум мноу склона на стрии затоа прашувам иако сум 6 та недела планирам да се шлакам ,па сега здравје има нема резултат тоа е и до кожата
     
  16. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.641
    Допаѓања:
    113.667
    Пол:
    Женски
    Епа претходно се мачкав кокосов путер, ама пак ме чешаше. Сега, 16та недела се мачкам ова и ќе видиме како ќе биде.
     
  17. ance87@

    ance87@ Активен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2015
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    39
    Пол:
    Женски
    prvo napravigo skriningot ako nekoi parametri ne se vo granici togas pravi i priska a od start ne.zosto jas koga otidov prvo mi zedoa krv za priska a potoa vlegov na pregled a imam27 godini ne sum ni rizicna grupa ni prethodni problemi nisto.znaci ako ne si nad 35 god ,ako si nemala prethodno spontan ,i ako familijarna anamneza e ok nemas potreba .mene dr mi rece bilo poprotokol i ako imam finansii deka ubavo e da se napravi.prvo bebce mi e i se sto mi kazaa pravev
     
    На ivi1987 и zajka1 им се допаѓа ова.
  18. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    12.052
    Допаѓања:
    144.029
    Можно е. Не знам, може јас сум простачка што имам матичен гинеколог, а они да се паметни и богати па да не мора да се понижат да отидат таму.

    Според мене, бројките кажуваат 2 дијаметално спротивни работи - или сме пребогата држава каде третина плаќаме над 2000 евра во една бременост, или сме прости жени бидејќи третината не отишле на доктор цела бременост. Еве 2000 нека се со приватни фирми кои немаат пари да ги затворат, ама 5000 остануваат што не отишле.

    Разликата помегу сите прегледи не е 200 денари - ехо скриниг на клиника е 150, во приватна болница е 3900. Брис на клиника 300 на приватно 3000. Пораѓај на клиника е бесплатно, во приватна е 1000 евра. Може сме пребогати, не знам.

    Иако мислам исто како Ангел, дека се срамат. Гледајќи ја темата Дали сум бремена, каде им е срам да отидат на доктор, ништо чудно и бремени да не одат.

    Кристина, оди одма на лекар, не чекај, мислам дека второ крварење ти е, ако не сум помешала со некоја друга. Пола саат работа, ехо и мирна глава. Ако не одиш кајматичен денеска, тре ако има пак ќе треба на клиника, а на клиника за викенд е преполно.
     
    На MilaP, kristince51 и slobodka им се допаѓа ова.
  19. ance87@

    ance87@ Активен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2015
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    39
    Пол:
    Женски
    jas cela bremenost odam vo privatna bolnica tamu i ke se poragam.No za da dobijam porodilno imav 4 zadolzitelni pregledi kaj matincniot genikolog tamu mi otvorija i majcina kniska i gi evidentiraa tie pregledi.a paralelno imam majcina kniska od privatnatabolnica kade sto mi ja sledat detalno bremenosta
     
    На Cka и mimidjon им се допаѓа ова.
  20. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.742
    Гледам општа дискусија, па мислам имам право да пишам, а да не ми скокнат да ми кажат ќе биде кај мене, па ќе си дојдам на муабет тука.

    Познавам многу кои запишуваат матичен гинеколог само за да им отвори породилно. Сите мои блиски другарки цела бременост ја терале само на приватно и на приватна клиника се породиле. Земајќи го ова и тргнувајќи од себе, мојата перцепција е дека повеќето одат на приватно, а не кај матични гинеколози.
     
    На ALISA0000, Pcelka94, blessed2 и 7 други им се допаѓа ова.