искрено и јас си мислев дека нема да ме собира ништо од лани,мислев дека мн ке се здебелам, ама сите туники можам да ги облекувам, може дека не сум мн здебелена, најмногу до кај 7-8 кг, а и само мешко ми е големки, друго ништо не ми порасна, ни газето, ни цицињата, ехеехх вас ви порасна нешто ???
Љибичица ти си супер со таа килажа ,што ке ти е друго да ти расте освен мешето јас до сега сум 6 кила а 22 недела сум ама проблемов повеке ми што се ми е со низок струк, сакав да прашам за бутициве за трудници ама ете Икаме кажа дека е скапо , сега ке барам облека само XXL
Стварно претеруваат со цените во бутиците за трудници....Јас се немам поправено, само сега на крајов стомакот ми расте, и најудобно ми е во хеланки и широки туники..Одамна трудничките панталони не ги носам, бидејќи ниско го носам па ме стегаа уште во 7 ми месец..И две фустанчиња за излегување и толку...Среќа немам отоци па си проаѓам со мојот број чизми...ај уште малку..Мислам дека летно време е многу поубаво за облекување...Фустанче натни го, сандалки или папучки ниски и фурај...Вака наоблечени, дупло потешки...
^ да летно време е многу по добро за облекување.. амаа топлотооо леле мори мајко .. ептен ми беше тешко летоска додека бев бремена.. среќа што имаме дома клима па подобро беше .. ептен е тешко летно време , и склет ми беше многу нон стоп се потев и по 397249 пати во денот се туширав.. едит: јас и така сум полничка па носев широки мајци и панталончиња со ластик .. е сега по слабите можете само да земетењ поголем број или нешто по широко.. сестра ми е така малку полничка земе поголем број и готово .. сепак најдобро решение се хеланките-памучни и туника
Јас носам хеланки,најзгодно ми е во нив, по два пара си облакам , имам и една дебела зимска сукња, и тоа ми е гардеробата. Со некое блузиче од горе и спремна сум за шетање. По дома исто најчесто сум во хеланки или пижами, и по некое блузонче од маж ми. Ама јас сум само 5-6 кила поправена. Да бев повеќе сигурно ќе имав проблем со облекава, посебно што зимно време е стварно комплицирано за облакање. Али најсмешен дел од облекава ми се капутите и јакните. Све ми е до пола закопчано, и мешето надвор на ладење
Jас да ви кажам некако немам апетит ама ич Jадам ради бебето онака со сила незнам оти така дали е период а 17та недела сум викаат сега овие недели ке почнело така повеке да ми се јаде до сега сум 2 кила поправена имам 57
Не се секирај, и мене ми беше така до кај 20 и некоја недела.После тоа бебето почнува многу активно да расне (по 200-300 грама неделно) и самото тоа ќе те тера да јадеш, односно ќе се осеќаш исцрпено и гладно. Јас од тогаш почнав да качувам килажа. Еве уште малце ќе влезам во 9-ти месец,а имам 5-6 кила вкупно качено, и тоа само на бебето ми оди,на мене ништо не се познава. Уживај додека не почнало да ти се јаде, зашто после ќе почнеш и во сред ноќ да стануваш за да лапнеш нешто
И јас имав мака со палтата , зедов дури и од мајками нејзин капут, ама за некое време и тој ми се смали затоа си реков подобро да дадам пари отколку да се разболам и си купив мн убава јакна долга, цела е како ластик, тамам ке можам да си ја носам и вгодина, има и колан на средина а нависитна е потребно палто сега , постојано сме надвор нешто треба да се купи, да се оди на лекар...
Koга можам сум по цел ден во пижами, или блузончиња од мм и хеланки. Мешето ми порасна видно па ништо повеќе од старата гардероба не ми е точно За до ваму-таму одам со хеланки (два пара често) и туника. Сега веќе и јакните не ми се закопчуваат па носам капути од мама. Стварно ми е греота да купувам гигантска гардероба, бидејќи сум слаба по конструкција и мислам дека нема да ми треба, а трудничката е очајно скапа.
Јас кога бев бремена морав да купувам нова зимска јакна , која сега после година дена изгледам смешно во неа , број М иначе нон стоп си бев во труднички пантолони , џинс кои и после породување си ги носев
Јас пак не купував трудничка гардероба и плус овде во Гр е скапа па не ми се даваше толку пари , него си отидов во Шутка си земав три пара сомотски пантолони на ластик и сега си ги носам се уште
Женски за скапо навистина е скапо по трудничкиве продавници јас ги купив тие обични класични панталони 2300ден.мислам дека беа а имасе дури и поскапи ама искрено ги изнаносев пошто сега на ладново што ке носиш... јас ги носам со дебели хулахопки одоздола еден бр поголеми и така.имам и фустанчиња не се труднички ама се од под гради надоле како поширочки ама ај сега по ладново носи ги тие И мене исто ама добра сум за разлика од едни мои пријателки кој се здебелиле 25 кила за време на бременоста јас сум супер само 9 кила сум се здебелила па до јануари ке видиме уште колку
Мешиња хелп! Не знам дали има тема за ова ама итно ми треба совет Кога стојам (во затворен простор или надвор) подолго од 15 минути ми се укочува цела лева нога до бутот и болката се шири на долниот дел од грбот. Значи само левата страна. Страшно неподнослива болка во тој момент морам да седнам или да клекнам арно ама не сегде низ градов има место за седење и клекнување. Од тоа што прочитав по книги и на нет веројатно бил некој скијатички нерв што имал притисок од бебуш за време на бременоста. Ова ми се случува од Четврток, значи неполни 4 дена Шетаџика сум си и сакам да се движам, кога одам пеш не ме боли толку многу ако не стигнала болката до грбот, ама ако тргнам да се движам после стоење и болката стасала до грбот, е тогаш ми треба потпора за одење. Дали некоја од вас имала ваков проблем и како да се справам со ова, нејкам да легачам по дома
Честитки Сесилија за ќеркичката Инаку јас вчера бев на преглед, бебувчево мое е 2.6 кг, а како што има уште еден месец, машала буценце ќе биде. Инаку јас сум поправена само 7 кг и сум многу среќна поради тоа, тоа ми беше единствен страв, дека ќе се трклам Докторот ми направи вагинален преглед бидејќи му кажав дека понекогаш на гаќите имам по 3-4 капки како проѕирна течност, па тој се испаничи да не е водењакот, одма ме качи на бокс. Леле мешенца, многу непријатно не бев опуштена, ладно ми беше и ме болеше, едвај ме прегледа, ми вика опушти се, нема да го повредиме бебето, оно си е заштитено, ама какво ми беше јас си знам. За среќа нема ништо, се е во ред, и напомна дека можеби тоа е од самата мокрача, бидејќи сега целата мускулатура доле се менува, па може и да пропушти неколку капки. И сега после овој преглед се прашувам како ли ќе биде со брисевите...сигурно пак вака ќе боли Многу сме лигави ние трудниците зар не?
Cecilia честитки и од мене. Нека ти е живо и здраво девојченцето. Како решивте да го крстите? Јас сум почеток на седми месец и сум поправена 7 кила. Нормално е тоа или многу затоа што до 9 месец сто посто ќе качам уште многу кила. Исто така осеќам како нозете ми се малку потечени.
и те како сме лигави имам напишано слично мислење како твоето деновиве овде, и јас имав вагинален преглед пред 2 3 дена, и мене исто како тебе многу ме болеше, дури повеке офкав од 2те женички што се пораѓаа во салата аза исцедокот изгледа е нормално, јас пред вагиналион преглед имав како прозирно бело прање, а после тоа ми стана жолто и многу по густо ама само еднаш се појави, и како што кажа аннатх нормално било после преглед. и 7 кг до сега штом си поправена тоа е супер, јас сум 10кг поправена и супер се осеќам, штом можам да си ги носам моите тренерки, (не сите некои само) и штом ме собираат некои фустани што ги имав значи не сум многу замината со килограмите така мислам сега е кога ке се роди бебето кога ке се видам вистинската јас како изгледам тогаш ке ви кажам дале е многу или не.
Честитки Cecilia, да ти е жива и здрава Јас веќе договорив доктор на ГАК Влатко Трајковски, незнам викаат дека бил еден од подобрите, преку врска ми го препорачаа , па утре се имаме договорено попладне да се видиме , да направи една контрола и да направиме дил. Сакав да прашам дали некоја знае од вас колку чини епидуралната на ГАК ? Поздравче до сите вас , денес супер ден ..
Мешенца ве читам погоре за вагиналниов преглед па ме збунивте малку мене вагинално мислам со рака ме прегледаа непосредно пред порагајот и тоа на клиника и толку беше , а сега ова нешто како задолжително или по потреба ве прегледуваат???
јас бев по потреба оти имав некои болки во долниот дел на стомакот, и прозирен исцедок па не знаев што може да е и мораше лекарката да ме прегледа за да виде дане ми паднал чепот или дане сум отворена. За пред пораѓај е задолжително да а за вака мислам дека не е, туку само по потреба