и јас претходно кажав дека досега воопшто сум немала вагинален преглед, ама имам исцедок, нели нормално било сега, ама забележувам гаките ми се поприлично жолти, по се изгледа од мокрачата а менувам по неколку пати на ден??? кога испитував се беше во ред и мокрача и брисеви...
и со првата бременост и сега по 3 пати гаки менувам брисевите до сега ми беа сите уредни , а кога го прашав докторот ми рече дека е нормално во бременост да има појачан секрет , и се така ке ми прокапе некоја капка посебно кога сум долго на нозе и малку одмарам ,по се изгледа не е ништо страшно
да не е ништо страшно, и јас истото го имам, кога стоам повеке имам поголем исцедок, а ако седам или лежам исцедокот или е намален или го нема зависи кога како. значи ужувај супер си
феминки Mои денес бев на преглед и ми кажаа дека е машко )) незнам зашто ама од почетокот имав таква интуиција
Здраво труднички и од мене. За вагинален преглед и мене досега ме немаат никогаш прегледано, дали дека рано е уште па штом влезам во 9 месец ќе ме зирнат и мене , ќе видиме сега во четврток сум на преглед па да видиме. Инаку за брисеви до сега мене ми немаат земено, за стрептокока ми спомна минатиот месец докторката дека треба да се земе при крајот ама сеуште не ми земала, па си велам да не е касно , веќе сум влезена во 9 месец, кога ќе ми земе ако ми земе? За исцедокот кај мене е различен, на почеток,во првите месеци ми беше најнормален, бел без мирис, сега во последно време некои денови забележувам ми е жолтеникав, некои денови пак бел. Ама најтрагично ми е навечер кога спијам, се потам многу често и дека на страна кога спијам свиткани ми се нозете па ме болат бутовите и колковите насабајле и се потам меѓу нозете и се будам ноќеска по неколку пати и целата влажна се осеќам и правец во тоалет мислејќи да не ми е пукнал водењакот па за среќа ништо само се осеќам дека сум испотена, еве колку вечери веќе само со страв се будам да не ми е истекла водичката, преку ден ништо нема ама вечерите ми се
хехе и кај мене понекогаш се случува истото со тоа што се потам ноке , се правам жива вода, и јас се будам цела во паника да не пукнал водењакот, и јас одма трчам во вц а за болките кај мене секој ден се нешто ме боли, де колкот, де ногата, ама изгледа се е од тоа што спиеме само на една страна... а за брисот за стрептокока и јас го правев мислам дека откако влегов во 9 месец, не сум баш сигурна
Сесилија нека ти е здрава и жива керкичката се најубаво да ви е во животот...За вагиналниот преглед ви спомнав и пред ова дека ептен ме болеше и мене по причина ме прегледа еднаш паднав и мораше да ме прегледа да види да не сум се отворила а еднаш крварев па да види од кај и колку крварам...леле незнам бе мамички зашто вака да боли...значи ме нервира самата помисла дека само од два прста чепкање боли... јас во четврток ке влезам 39 недека и брисот за стрептокока го направив сега пред некој ден па чекам резултат утре...поздрав
Сесилија честито ќерка нека е жива и здрава Да се надоврзам и јас за вагиналниот преглед , мене ми правеа кога бев прв пат да ја потврдам бременоста и на гинеколог и потоа во болницата кога требаше да се породам дента , и последниот пат ме болеше многу и мене дали бев под стрес и бев згрчена незнам , и па таа докторката ми вика , леле па за ова ли викаш од болка , а што ке биде кога ке се пораѓаш??? иронично ми го рече ова , браво си викам каков оптимизам ти даваат докториве
а мене докторката ми рече - што мислиш ти така лесно се раѓаат децата па повеке пискаш од оние 2те таму што се пораѓаат дури ме искара, не па ли да ме утеше
Сесилиа честитки и од мене, се надевам убаво помина на пораѓај, голема да расте принцезата во здравје,среќа и благосостојба и убаво да си ги поминете новогодишните празници со многу гушкања и галења со најмилата А за прегледите на крај и јас ги направив минатата недела, вклучувајќи го брисот за стрептокока и резултатите ми се ок,се си е чисто.На крајот и мене ми беше језиво исто докторката кога провери со рака дали се отварам и го напипа бебе дека скроз доле се симнало и дека имам одлични предулови за природен пораѓај, па со Господ напред деновиве пред или после Нова година некој ден и ќе бидеме двајца
лелел уште малку и сите ке си се гушкаме со бебушките, а по прилично не има за пораѓање во јануари јас мислам откако ке се породиме да си направиме и список на родендените на нашите мали феминчиња
Mayyya и останатите нови мамички- честитки и од мене. долго време не сум ве ѕирнала се надевам сте добро. Јас еве уште една недела па влегувам во 9 а работам како црнец на некоја плантажа. дневно сум на работа и по 16 саата. што да се прави кога се мора. Со ова темпо на стоење на нозе и трчање лево десно со саати и тоа без престан мојов Филип арно да издржи барем уште некоја недела. Како иде ме фаќа паника- ништо немам средено а осеќам ке ме затече кога најмалку ке очекувам. Поззз мамички бидете добри
навистина ни се ретчат трудниците, ама како што гледам по списочето за термините сега јас, ти и цеки 89 сме на ред а?хехех
леле даа сега сме ние на ред, јас за помалку од 10 дена, ке одам во болницата и ке ми го сечат мешето малку ми е страв, ама од природно ми е повеке страв.. како и да е се надевам дека сите ке поминиме со лесно и ке добиеме живи здрави бебчиња и конечно ке си ги гушкаме после 9 месечно чекање. Јас ке се пораѓам во ГАК, на 3ти јануар ке сум веке примена во болницата па ако некоја од вас во тој период се наоѓа таму барајте ме заедно ке пискаме врискаме плачиме радуваме amanta22 добре дојде на форумов, и со лесно и тебе
ааа ти веке си го знаеш датумот кога ке си го видиш бебушко сигурно си цело време во нетрепение, ама се навикнуваш а?? верувај вака кога очекуваш, и незнаеш кога ке биде, си мислиш секоја болка е знак за породување, и цело време си мислиш како ке биде, ама јас си викам дека лесно ке поминам е сега како ке биде ке видиме и јас сум на 2 јануари на преглед па ке видиме шо ке ни речат, ако не ме изненади бебушко порано
Cecilia i Mayyya Да ви се здрави и живи ќеркичките големи да растат покрај мама и тато и да ви носат многу многу радост па до година и по едно братче да им купите доколку се први Гушкајте се сега за празниците и онака е надвор ладничко Вие Јануарски што сте многу на ред како сте убаво подредени ви посакувам само со лесно да си ги донесите вашите бебушки и што побргу да си се олесните и да си ги гушкате тоа е најбитно И добре ни дојдоја новите труднички заедно ке се дружиме