Јас немав избор за име за првото зошто кај нас многу се почитува кум и кое тој каже име тоа ке биде, ни на ливче да ми пишеше повеке имиња да си изберев едно ни тоа не добив, но сепак е убаво името, криво ми беше првиот ден во болница го викав срце мамино, бебе а сите околу мене веќе имаа ставено имиња на бебињата, плус керка ми се роди еден ден после св. Ана и мислев бар слично нешто ке ја крстат зошто имаше две женички намерно сакаа на тој ден да се породат, и така да се викат бебињата. Искрајно ме ми беше криво толку што не ме прашаа за име кое сакав, со тоа не се оптеретував а и сите имиња ми се убави ако се христијански. Јас за машко секогаш го сакав Никола, Теофил, Тедеј,Огнен и Душан
Мене во мајчината книшка ми пишува дека е постелката на преден ѕид, касно видов иначе ќе прашав тоа, што значи тоа, сум читала дека така побргу се чувствуваат движењата, може тоа е причината што го почвствував уште на почетокот на 4ти месец, може и порано и дека стомакот побргу почнува да се познава, како и дека ќе биде поголем во однос на другите. Во однос на носењето мислев, во однос на движењето, породувањето? Вие што сте со второ имате некое знаење за тоа?
@juli rak тукa сум милa уште се инaти бебуш не сaкa уште дa искaчa , мoже сaкa пo рoденденoт нa пoстaрoтo брaтче дa искoчи зa oд бoлницa вo тoрбицa зa бебчo стaвив сaмo ќебенце , бoди , чoрaпчињa , кaпче и кoмплетче дебелкo блузиче сo ѕиврички . Инaку интереснa дешaвкa 13гoдишнaтa ќеркa нa кумoвите нaши пред мaјкaи (кумaтa) кoгa им кaжaв декa синми кoгa ќе се рoди Милaн ќе се викa пo тaткo ми , тие ми кaжaa крсти си гo сaмa oни не гo сaкaле тoa име лoooл јaс сум мaјкa aлooo Мaжми се изнaсмеa нa нивните имињa a други не дaвaaт и рече женaми кaкo ќе кaже тaкa и нa крaј ме нaлутијa им кaжaв -"Акo сaкaте дa oстaнете кумoви и дa крштевaте ќе прифaтите иметo јaс кaкo штo кaжaв a aкo не сaкaте ќе си бaрaме други кумoви" , кoлку сaмo зa слoбoдa си земaaт ужaс еј кaкo ќе кaжеле oни тaкa хaхaхa кaкo не бе јaс синкo уште oд седми месец тaкa си гo нaрекувaм a тие мене ќе ми мењaaт нееееемa грееешкa Инaче @AngelOfArh. и мене ми е нa предеен ѕид пoстелкaтa , рaнo гo пoчувствувaв синкo нo немaм гoлемo меше ни сегa вo 36/5 г.н , не знaчи тoa ништo не му јa мисли
Поради постелката на преден sид не го видовме на 4д ни еднаш бебуш, не се гледаше од неа инаку за 4400г бебе имав мн мало и камен тврдо меше, не е ништо страшно.. јас и природно си се породив со толкаво бебе а инаку секоја недела на пр Baby movemenst in 35weeks гледав на youtube како мрдаат бебињата и кај мене ни еднаш не беше така како тие стомаци таму, ваљда ради постелката што беше напред неможеше да се познава убаво, камен ми беше стомакот и немаше такви опасни удари, он удираше ама не беа надворешно видни и слабо се осеќаа друг да ме пипне и да осети
mene vo 14 nedela mi kazaa deka e masko, zelba na mojot maz bese da e devojce inaku nie ke go krsteme Jovan po svekor mi, site taka sakaat a i mene ne mi smeta mi se dopaga imeto, inaku jas imav postelka na preden zid i placenta previa taka nekako e sega nekade vidov deka mora da sum carski dali e toa vistina?
Ние две изгледа имењачиња ќе си имаме Јулиракче Туку глејте каква глупост, па досега и така поише од работиве беа бесплатни бре, поготово за тие со осигурање, цццц.... http://republika.mk/?p=522095
Читав дека плацента на преден ѕид, напротив ги ублажува ударите од бебенцето и како перниче е измеѓу бебето и мешето наше Значи треба послабо да се осеќа. Си викам, значи ако не ми беше на преден ѕид, којзнае што ќе осеќав, оти и вака клоца нон стоп, машала. Ама пак баш како на сликата, осеќам долу удари, ретко горе, значи баш ноџињата кај што му се, каде што не е плацентата. Има логика Како и да е, се е тоа нормално... преден, заден ѕид, нема врска, тоа е како се зафатило јајценцето на почеток од бременост. Редактирам за плацента превиа.... тоа не е исто со плацента на преден ѕид. Тоа значи дека плацентата е долу и го блокира грлото на матката.... значи на преден ѕид, ама долу. Ама за феминката погоре, да не се плаши пред време, мислам дека може да се помести до крај. Не се секирај, како и да е, и да не се помести, има начини денес, напредна е медицината
Нема никаква голема улога преден/заден. Точно е дека оние со плацента на заден наводно порано го осеќале бебето, и јас бев со плацента на заден и го осетив некаде кај 16, но нема правило ни тука. А оние со плацента на преден бебчето е позаштитено во случај на удар. За самиот тек на бременоста или пораѓај сеедно е.
Сте се распишале денеска. Јас пред малку си дојдов од работа, преморена сум. Се трудам да не заспијам, ќе ставам вечера сега, оти ќе ми се поремети спиењето ако продолжам да преспивам. Ама многу сум изморена. Многу. Неам сили за ништо, а имам толку многу работа. Куп. Иако е канцелариска работа, стресно и одгворно е, па и седење цел ден ме боли стомакот, веќе расте многу Клоца многу На среде состанок рипа Јас не сум видела во книшката каде е постелката, докторите сите викаат дека се е океј, па не се грижам, не читам, не се замарам, гледам да не се нервирам. Ако седнам се да читам, ќе ме фатат мисли, затоа си терам се најнормално. Не се грижам за пораѓај, знам дека ќе боли и ќе помине, дека и наопаку да е, ќе го извадат Ќе се грижам кога ќе дојде. Околу мене врие трудници, бремени жени или татковци кои ќе имаат бебе. Во мементов само на работа на 5мина ми текнува и гледам колку се сменети сите, посреќни, како не се потресуваат веќе толку за работата, сите имаат побитно нешто сега. И така, убав период, убави луѓе, сите со нови мешиња или бебиња, сите насмеани, галат меше, свое или туѓо, носат чоколатца, носат овошје... Не знам дали бременоста е најубав дел од животот, или делот после, битно се сменив физички и психички, се надевам дека и вие уживате знаејќи дека носите нов живот во себе. Нов човек доаѓа, кој вие сте го создале. Убаво чувство
А зa Зaгoр слушнaл ли некoј ,тoa е избoр зa мaшкo име нa мм aкo е мaшкo oн oдлучувa a женскo јaс сaкaм или душицa или јoaнa пoштo се две здрвје ке имaме зa бирaње еднo зa негo еднo зa мене сите срекни зaдoвoлни .Зa имињaтa нa свекoр свекрвa не сум зa ,ниту пaк свекoр ми и свекрвa ми стaвaле нa нивните имињa oд бaби и дедoвци.Нo мoжaт дa и се прoменaт мислењaтa.Јaс тoлку мaкa видoв сo инвитрo,сaмa пo бoлници,инекции ,стимулации,пaк сaмa првпaт вo живoтoт пункцијa сo aнестезијa без никoј дo мене,трaнсфери чудa и мислам декa зaслужувaм дa си oдберaм име aкo не другo.Мaлку ми е шубе зa кумoвите искренo нo мислам ке ме рaзберaт ете aкo се здравје две мaшки мoже еднo име мaж ми еднo oни нo пaк дa ни се дoпaдне .Мoе мислење е oвa сепaк секoј сaм зa себе одлучува.
Колку убаво кажано @Cka ! И навистина е така, бременоста и очекувањето на дете те променува во сите погледи и ги променува ставовите и односот кон животот, очекувањата, ставовите, приоритетите... Ко вчера да беше кога се приклучив во оваа прекрасна дружина, многу мешковци испратив во породилни приказни, многу нови две цртки поздравив, за жал неколку се преселија во потажни теми, но знаејќи го моето искуство верувам дека за брзо ќе бидат пак на темава и ќе се преселат во највеселите теми..... А сега пристигна и мојот очекуван "Д Месец' Брзо минуваа деновите, возбуда, солзи радосници, првите срцеви отчукувања, неизвесност и страв поради крварење, првите удари, среќни денови, тажни денови, убави вести, лоши вести..... А дружината беше секогаш тука да ме прочита, да ми прати насмевка, да ме утеши, да се радува и плаче со мене Сега пред нас се нови предизвици, нови очекувања, нови емоции... Јас полека ги бројам последните денови во очекување на нов прекрасен почеток, ги врежувам длабоко во сеќавање поинтензивните удари, ги меморирам бакнежите на мешето и комуницирањето на дада и бато со новиот бато и секој ден се потсетувам која е причината поради која живеам, целта заради која постојам Исто како и секоја една од вас овде
Abe chovechevo moe samo neka mi dojde vo race zdravo i zhivo,poubavo neshto mislam deka nema. So dusha go chekam,nestrpliva sum a imam ushte celo tromesechie pred mene Sonce majkino ke bide
kelebeim*** на се најпотребно мислев на креветче со душече-купивме само душек бидејќи креветче имаме ново скоро користено само 3 години,количката ќе стигни кај да е шпихозни, боди, капички,лигавчиња, нараквичиња, ќебенце, тетра и шведски пелени од кои скоро 90 % ни даде золва ми од внукот нови неизносени работи,а ние докупивме само неколку потоа ќебенца коритце за капење .Утре ќе докупиме шишенца, пелени, цуцличка,за папочето имаме фластерчиња, влажни марамчиња и павловичева маст, оградица за креветчето со комплет јорганче,перничка и навлаки за истите,платнена корпа, мушами за преслекување, тоа во глобала ако уште нешто ми текни ќе ти кажам. coconaut истите симптоми скрос и јас ги имам и прашав баш посебно за болката и ми рекоа дека тоа се лажните контракции кои што кога седам ме боли стомакот,а кога ќе се раздвижам престануваат. За именце бидејќи терминот ми е до 19 -ти јануари и е период на празници па можеби и само ќе си го донеси именцето, а во опција ни се две именца Георги-така се викаше татко ми и Михаил па ќе видиме кое ќе биде
Имам едно прашање. Последнава недела си го осеќам стомакот како да почнува да ми тежи и кога ми се оди во веце како да ме притиска бешиката, како да имам тешко на неа ( не знам дали објаснив убаво). Инаку сум 18 недела. Дали имал некој вакво искуство ?
Zdravo da prasam nesto poso stvarno neznam kako e. Kolku pari e folnata keselina i kako da ja nabavam?
Па во аптека отиди и побарај. Цената не знам колку и е бидејќи јас од почетокот пијам едни за трудници кои што во нив имаат фолна киселина. Ама не би требало да е многу скапа. едит: мислам дека фолна киселина следува бесплатно на трудници, треба да ти даде матичниот потврда дека си бремена и со таа потврда одиш и си зимаш. Разгледај на нет сигурно има подетални информации, јас земав од матичниот се што е потребно ама никогаш не отидов да земам фолна