^Океј исто беше и претходно, зависи кој др те води и со него си се договараш. Јас и за ќерка ми и за син ми првпат се мерев на ЦТГ кога ги раѓав. др ми викаше дека нема потреба секој ден да се малтретирам до ГАК и назад. Фала мн за одговорот
јас сум 38 недела и досега само еднаш бев на цтг и тоа кај матичната пред речиси две недели кога ми земаше бриз за стрептокока, и тогаш ме прегледа и со ехо,и на цтг ме стави... од тогаш не сум била, а на преглед сум на 2 јануари, така да јас не одам ни еднаш неделно
а мене па ми закажуваат на секои 4 дена на цтг. еве вечер сум пак а зошто толку начесто треба да одам никој не ми кажал
Здраво труднички и од мене. И јас денес бев на преглед во болницата кадешто ќе се пораѓам и тука не гледаат многу како што гледаат на приватно, ниту на ехо не ме гледаат, само ми мерат притисок, тежина и со тој апаратот за срце го слушаат срцето на бебето и толку, па нареден преглед за 1 недела. За цтг не ми ни спомнаа дали треба да правам, а веќе сум влезена во 9 месец А на приватно исто одам истовремено и таму ме гледа докторката на ехо, ми го мери плодот и се ми кажува што и како напредува бебето, а во болницата незаинетерсирани ептен, ептен сум разочарана, не очекував дека европска земја така ќе постапува во поглед на медицината и пациентите, искрено Утре закажав и на приватно да ме види докторката, да си го видам бар на ехо бебчето , овака не бива на слепо, денес ми препиша само крвна слика да направам и вагиналети да земам да се прочисти внатре пред пораѓај и толку. Ниту брис ми земаа ниту ништо стварно не знам што да кажам, многу сум разочарана од здравството тука.............
е тоа тие изгледа државното здравство секаде е исто, и кај нас нее ништо поарно, верувај... а приватно си е приватно, донекаде е точно она колку пари толку музика ама што да правиме , немаме сите можност за на приватно, па ке поминиме и ние како и сите други а senjorita.lombardi незнам зошто ти одиш толку често на цтг, прашај си а??? инаку јас нокеска за малку ке одев на лекар, толку ми беше лошо, и цел стомак ми беше згрчен, дури и ме боцкаше цел , од под градите се до долу ама ете денес ми е поарно, ке видиме како ке поминам денес,ако не утре ке одам кај докторката...
Прашав и во друга тема, ама ајде да прашам и тука на секојдневната гледам обоено жолтеникаво-светло кафеаво, само нема парчиња нема ништо туку само обоена секојдневната. Дали е тоа паѓање на чепчето , како паѓа одеднаш како парче или малку по малку се распаѓа , немам ни болки ништо само ова ме зачуди до сега не било ваква на секојдневната?! Се мислам што може да биде работата, да фаќам патот на клиника или да чекам .....
Не е лошо штом си приметила промена да се прегледаш. Јас цел ден пред да се породам имав по малку кафеаво на секојдневната, а тоа да ти било од што ми се одлепила постелката и не приметив јас дали тоа чепчето се распаѓало или не одеднаш ми пукна водењакот и течеше како од чешма. Е сега не мора да значи дека и кај тебе е исто, недајбоже тоа моето на никој, ама совет ти е да не чекаш како мене до последен момент, прегледај се за да си бидеш мирна.
Јас вчера првпат праев цтг и бидејќи немам воопшто контракции,работата на срцето му е одлична, ми закажаа следно цтг на први јануари, до тогаш само да одмарам и доколку приметам недај боже бебето да не мрда редовно да се јавам во болница. Така што ќе чекам НГ со меше и ќе чекам дедо мраз да ми го достави пакетчето после прославата.
Хехе ме изнасмеа и јас истото го викам секој месец преглед на крвта урина ова она лелееее и мене ми се здосади веке ама за бебчињата се ке направиме јас направив брис за стрептокока и фала богу чист е немав ништо...
тоа се наоѓа најдоле на матката и изгледа на некој начин ја држи затворена, и се распаѓа/паѓа пред породување, е сега во некои случаеви имам слушнато дека чепот им паднал околу недела дена пред да се породат, а некои не ни го осетиле како паднал, во други случаеви во иста ден паѓа чепот и се породуваат, значи кај секој е индивидуално.
Леле јас веке почнав да се грижам...немам ни болки ни ништо осетено до сега..уствари многу ретко по 2,3 пати така брзи болки и толку.а ова за чепот немам до сега ништо а на 6 јануари ми е терминот..ама пак си велам ке почекам до 30 тогаш сум на преглед па ке видиме
Ти благодарам Ломбарди прв пат за ова слушам и не знам кај мене ниту кога паднало ниту пак некој провери ама како што кажав супер си поминав сега барем сум поинформирана Цеки ајде уште малку само со лесно нека е и пошто кажа дека на ГАК ке одиш не заборавај да ни пишеш како е
трудници дали ви опага косата? незнам што ми се случува дали е од фарба или од бременоста но по цела шака коса ми пага.....
мене пак за чудо воопшто не ми паѓа најсериозно, пред да останам бремена кога се чешлав пола коса ми беше на чешел, а сега не, дури и ме чуди... се надевам дека и така ке остане а инаку имам слушнато дека речиси на сите бремени им паѓа косата, а и на сестрами мн и паѓаше, и дури беше бремена и кога доеше...
здраво јас сум нова и сакам да прашам колку брисеви се прават во текот а цела бременост? Jас сум 27 недела а имат ми земено само 1 брис ...
Не е задолжителен , или во Мк можеби е незнам Мене гинекологот ме праша дали сакам да ми земе брис за таа бактерија , ама се плаќало 20 евра и нормално се сложив .