Добро утро мамички да ви се пофалам вчера за прв пат го видов бебенцето правев скриниг за даунов с. фала богу се е воред иако бев во голема паника. позз и убав ден на сите. П.С Честитки до сите нови мамички
Баш ми е мило Гладиола, ете без потреба само си се секирала,ама мајки-такви сме си. Кажи колку е убавко кога ќе го видиш како мрдка со рачиња и ноџиња??? За брисевиве, зимаат двапати во бременоста, ама мене овој вториов не ми беше само за стрептокока, него уште 3 уз него ми земаа.Од вагина,од цервикс и за кламидија.
Meне ми земаа брис од цервикс и вагина, кламидија и уреапласма. Вчера ми ги прочитаа резултатите на уреапласма сум позитивна Ја до вчера не знаев ни да го изговорам чудово, денес веќе имам милион прашалници. Вака ми се резултатите Спојлер 1.БРИС ОД ВАГИНА - Патогени бактерии и CANDIDA не се најдени. Отсутна е нормалната микрофлора. (знае некој што значи ова?) 2.БРИС ЗА КЛАМИДИЈА - Директна имунофлиоресценција за К.Тракоматис - НЕГАТИВНА. 3.БРИС ЗА МИКОПЛАСМА/ УРЕАПЛАСМА - Уреапласма Уреалитикум ( и некоја легенда следи доле) Би била благодарна ако некој сподели искуство доколку има, многу сум исплашена ------------------------------------------------------------------------------------------------------- Инаку го видовме бебчето на 3Д/4Д, ни потврдија дека е момче, му го видовме и ку*ето Идеални се пропорциите, му го прегледавме видовме срцето, мозочето, бутните коски, го измеривме Многу убав дечко на мама
Јас имав нешто од тоа, пред бременост и за време, ама со антибиотик се среди..Сега на последниот брис немам ништо...И јас незнам да ги изговорам тие глупости, ми дадоа антибиотик после 3 месец не е страшно...Во секој случај се лечи и не е страшно..Кламидијата е најопасна..
Мешковци добар ден, како сте ми денес, магличаво време од сабајле Скопје под магла , прст не се гледаше ... Јас искрено не бев на клиника и решив да чекам до среда кога сме на ГАК повторно бидејки немам апсолутно никакви симптоми и болки дури ни контракции не чувствувам освен што на секој саат менувам гаќи од што се прљаат со оваа бојава , а не се мокри...така да мислам дека нема потреба да кревам паника затоа што овој мојов ќе се мрдне ако изреагирам некако ,дома имам МИЛЕ ПАНИКА па поарно ми е посмирено само ќе ми дигне нерва и после ќе бидам целата заникаде. Бев до бебе супермаркет па земав еден релаксатор 1990 денари , ми направи ќејф многу па ако не ни одговара ќе оди кај некоја другарка сигурно. Гледам муабети правите за брисови, јас правев 3 скрининга и два бриса еден на почеток и еден сега на 17 декември, се е негативно, фала богу. Само што имам мал проблем (од претерано седнување на шоља , уринирање на секои 30 минути, другаркава ми отекла на усничките (како силиконка е ) зборев со матичниот за отечувањето тој ми вика тоа е нормално од мокрачата е , па гледај почесто да се измиваш, а јас веќе цел ден сум со водата, па земав денес од сабајле со влажни марамици (ама искрено се зезнав ) и сега се вратив повторно со вода. Од прилика е тоа за денес, викендов ќе правам генералка , а ако не ми се пореметат плановите , во недела спремам руска и кифлички за понеделник ,мажево ќе го натерам да купи една канела торта, и ќе се спремам за понеделник да славам нова година пред телевизор поздравче до сите вас и имајте убав ден ако го нема сонцето , ни светат нас мешињата
позади универзална сала , се наоѓа продавницата, а можеш и преку интернет да си разгледуваш и да правиш нарачка, достава вршат до дома до пред врата, ама пошто јас живеам одма до продавницата полесно ми е да се прошетам до долу и да видам што има на репертоар, имаат доста поспусти сега пред нова година и интерерсни акции, јас релаксаторот онака го земав затоа што е евтин а ми се виде убав,
Јас имам еден посериозен проблем, кој денес ме уплаши ама ептен...Ми констатираа тромбоцитопенија и тоа пред да останам бремена, но во теков на бременоста како одам при крај, тромбоцитите се намалуваат...Ми рекоа ништо страшно, доколку не се спуштат под 80, а еве денес се спуштија до 70... Треба пак на 10 јануари да одам на преглед, а доколку се деси порано никако без хематолог специјалист и негова консултација да одам на порогај...И тоа 3 пати ме предупреди докторот... Треба да примам и некоја терапија, ама сигурно пред бременоста (најверојатно е штетна за плодот, бар јас така мислам, чим сега не ја даваат)... Имал ли некој ваков проблем до сега?
побарај на facebook бебесупермаркет имаш таму се и понуди и акции и начин на купување Даниелка првпат слушам за ваков проблем како што имаш ти, јас имам проблем со вените на нозете и скоро ми се сини цели , ама со тромбоцитите немам никаков проблем не се ни под граница ни над, а на трансфузиологија имав супер слика кога правев и Д-мери , најверојатно тоа си го носела од претходно па сега само е по интензивно , беше ли на лекар , разговараше ли со доктор околу оваа работа подетално да ти објасни за што се работи и како да се санира или само те упозори и толку ?????? п.с еве го релаксаторот кој го земав ....
Релаксаторот е многу убав ...И после одам и јас во продавницата да докупам нешто што ми преостана .... Ризично е што најверојатно се губи крв, па можда ќе морам да обезбедам...Ми земаа дополнително и крвна група да проверат пак..Викаат дека денес не е страшно, има се, ама пак јас сум паничарка и сега уште тоа ми фалеше...Од претходно го носам точно,а на трансфузиологија ми го констатираа, па редовно на 3 недели ги проверувам, и се боревме да не се спуштат под 80 со витамини, а јас и дополнителна исхрана, ама еве се спуштија 70...другата недела одам кај гинекологот што ќе ме пораѓа да види и тој...Подетално не објаснуваат и тоа ме плаши, само викаат не е страшно, се ќе биде ок..
мешенца поздравче од мене и бебушко јас од рани зори бев на лекар кај матичната, требаше на 2 јануари, ама јас заради грчевите и тоа што ме боцкаше долу, решив да си отидам денес... ме прегледа само со ехо, и ми кажа дека бебушко е супер, си расти, и со лиценцето бил свртен синко нагоре е сега секогаш ми вика големко бебе е а никогаш не ми кажува колку е во кг а инаку не ме прегледа вагинално, ми даде упут за на болница па наредно ако има нешто одиме таму ивановичка со здравје да си го користите релаксаторот, ние ке купиме од они шо се комбинирани, транспортер и седиште за вкола, веке бендисавме само да го земиме треба
фала љубичицаа поубав да купите, јас транспортер имам , имам и релаксатор еден ама не ми правеше кејф па затоа овој го земав поубав ми се виде од овој што ми го дадоа , па ми беше мерак, а за вагинално сигурно ќе те прегледаат на клиника за да го опипаат грлото на матката и да видат до каде си , и тоа сигурно ќе ти го направат сега на следно одење на клиника , каде ќе се пораѓаш. Кога си на следно одење, јас сум на 2 во среда на ГАК ?
Здраво и од мене труднички. Еве да се пофалам и јас денес бев на состанок со моето зверче, ама баш е зверче, толку немирно на кој се метна, докторката не можеше да го измери толку шо мрдаше, а јас по цел ден само удари си добивам, ножињата му се високо под десната града како ме мава лелеее дури ме боли толу силно шо удара, фудбалерот на мама Инаку сеуште не ми е денот, не се спуштил скроз доле, главата му је мааалку странично од како шо треба да биде за излегување, така да уште малку има време додека се спушти, засега ми вели др.нема да раѓаш скоро, за некои 2 недели може. Ме прегледа и вагинално и се е во ред, сеуште нема знаци да почне во најскоро време процесот на пораѓање, така да ми се чини ќе си седи до краен термин срцето мамино. Инаку тежиме 2900 што е супер за неделите, си напредува како што треба според мерки и сите тие работи, доток на крв супер, плацента и вода исто така супер и сум најсреќна на свет со толку убави работи што ми кажа докторката Ви посакувам убав викенд на сите труднички и шеткајте си ги мешињата сега на крај ни е потребно и те како пешачење
наредно докторката ми рече кога ке ме фателе болки, или некој друг симптом за пораѓање а ако ништо нема до 8 јануари , нели до тогаш ми е терминот да ја побарам, па веројатно тогаш ке одам на болница...
Ивановичка баш ми се засвиѓа релаксаторот...и јас сум како тебе ни болки ни ништо немам јас сум во недела на преглед во Гак мојов др.ке бил дежурен одвај чекам да видам што ке ми каже.Ама сега последниве денови малава поретко ми мрда по мирна станала...дали тоа дека и се стеснало местото и она пораснала мислам Вчера ја ставив последната вагиналетка 7 дена ја ставав инаку ама незнам што се случи дури од сон станав имав огромна потреба за чешање таму доле длабоко ама онака внатре станав во вц се измив и си легнав ама пак ме чешаше а нз зошто...а денес сум ок немам никакво чешање
Јас немам вагиналетки, ништо, само што мојов доктор од ГАК во средата ми рече дека бебушка мој бил веќе во родилен канал и дека само се чека момент и дека најверојатно нема да го дочекам крајот на терминот, и да пратам се што ми се случува, а вчера првпат видов на гаќите онака жолто-кафено испрљано па прашував тука дали е чепчето , и некои феминки ми потврдија дека е најверојатно, и денес го имам така замрљано, ама бидејки нема ништо друго освен ова, а малиов го чувствувам како да клокотка во стомак , на моменти ќе мрдне ама е мирен и он ,ќе чекам до среда после нова година , па ќе видиме како ќе биде , а за ова чешањево кај другаркава прашав докторот вчера вечер му се јавував ми вика од што многу мочаш , па само со измивање, а си се зезнав денес со влажни марамици па пак си се вратив на измивањето и сега кој што прави јас со тушот во раце Моево ми рекоа дека било малечко ама демек крупен родител мало бебушче, а јас знам дека и генезата игра улога бидејки и јас и братми сме се родиле мали, а и од кај мажми се се малечки родени, така да да сме само здрави и живи, и за нова година ќе си добиеме најубав животен поклон .
Цеки какви вагиналетки ставаше? Мене вчера ми препиша докторот вагиналети Гино Дактарин да ставам за 7 дена , за да се исчисти внатре вагината пред пораѓај..