Здраво мами,како сте? Јас одмарам по дома.Денеска сум била вредна и направив блачко-колач со цимет.Многу брзо се прави,а е многу вкусен. Утре е Бадник за католиците.И ние ќе го славиме кај на маж ми братучед и заради тоа го правив колачот,како домакинка и јас да однесам нешто нешто Туку сабајле се будам и гледам мала лочка млеко на постелината.Му викам на маж ми дека од време на време осеќам како ми прокапе млеко од пупките,а он не верува и вика нема шанса да имаш млеко уште сега.Ама те изгледа имало,не халуцинирам Кој е за блачко нека повели
Одма праќам по брза пошта Ќе го пишам рецептот до вечер,оти сега ќе одеме на кафе кај едни пријатели,да се спремам.Ќе ме утепа маж ми,од преска ми се јави да се спремам,а јас уште дремам на Фемина
Ние конечно мрднавме од мртва точка со подготовките за бебуш. Купивме креветче, комода, облека и транспортер. Ни останаа уште козметиката и кадичката. Сигурно има уште нешто ама не ми текнува сега. Поздрав и добредојде на новите мами
На ГАК има предпородилна подготовка, јас одев овој месец, се пријавив кај една сестра кога бев на преглед ја слушнав со друга сестра како разговараат за тоа и замолив да се пријавам! Има еднаш неделно часови по еден саат, вкупно 4 часа се. Исто во Систина има бесплатни предавања за трудници - секоја среда од 19 часот.(на веб страната има инфо) Во ординација Ложанковски исто така има нешто но таму се 1200 месечно. Во Геникаликс (на FB : moj ginekolog страната има исто така подготвителна обука - една сабота во месецот од 11 до 14 часот, слична е со таа на клиника! Еве ти инфо, па бирај... пиши ми ако ти треба друга информација!
Салеп си пијам јас. Имам преку 20 шољи испиено во бременоста. Ама оној од алкалоид вистинскиот, не овие готовите во прав што ги продаваат со додатоци внатре.
Женски вo првo трoмесечие oсвен Фемибиoн дaли пиевте други витaмини,кaкви други имa без јoд дa се, фемибиoн не смеaм декa имaaт јoд a јaс пијaм еутирoкс.
Женски дaли некoјa oд вaс прaвелa прискa 2.Прaвев прискa 1 aмa еден пaрaметaр не беше вo ред.Вo резултaтoт пишувa декa сепaк тoе е низoк степен нa ризик.Не знaм кaкo ќе се oдвивa нo ме фaќa стрaв.Пoз
@sunshine2015 го напишав рецептот во соодветната тема,да не одам тука офтопик http://forum.femina.mk/threads/Колачи.269/page-23
Здраво на сите Јас сум нова во оваа тема и решив да пишам затоа што сум во паника и ми треба ваша помош По природа сум паничарка и стално негативно ги толкувам работите, па овде решив да најдам начин да се смирам Пред една недела направив тест за бременост (поточно два) и беа позитивни и супер се си закажав на гинеколог но нормално тој ми рече да одам на преглед дури на 30ти дек. за да може да се види на ехо плодот. Е сега проблемот е во симптомите. Уште една недела пред да добијам градите ужасно ме болеа и ми потекоа и така знаев дека голема е веројатноста да сум трудна и бев пресреќна, се до вчера кога станав и болката во градите беше исчезната. Еве и денес скоро и да не ме болат или ептен силно ако ги допрам да осетам нешто. Сега поминаа 7 дена откако добив позитивен тест па прашањето е дали е нормално болката да прекине толку рано или е некој лош знак??? Затоа што сум читала дека градите болат првите три месеци но дали кај сите е тоа така? Исто, одвреме на време имам ко некоја оштра болка во десниот јајник или погоре во стомакот. Мала болка издржлива , но се јавува секој ден.....и за тоа сум загрижена а на гинеколог како сто кажав сум тек за 1 недела па ако може вие да ми кажете дали сте имале вакво или слично искуство Однапред ви благодарам!
@kolibra , немој да се замараш со симптоми.Девет месеци ако анализираш симптоми, кај ти е крајот. Тука не има многу, и сите до една сме имале различни симптоми во различни периоди. Тука не посотјат правила. Некои ги болат градите, некои не, некои повраќаат, некои не... не можеш да се грижиш за својата бременост ако не осеќаш болка во градите! Значи да, ако крвариш, тоа е лошо, ама сите други работи се непотребни за грижа. Тоа што си читала сега заборави го, затоа што верувај, секоја жена си има различна бременост и сето тоа на интернет може само да те преплаши. Болките во јајниците на почеток се нормални, а потоа како што ќе расте бебето, ќе осеќаш грчеви. Пак ќе речам, сите сме различни. Ајде олабави малку, нема место за паника. Единствено нешто што е факт и вистина за сите трудници е дека стресот е штетен, а ти токму тоа си го правиш.