мамички јас само да ве поздравам гледам сите со терминиве сте при крај , Уживајте уште малку , соберете си сила , потоа потребна ви е за вашите малечки
Како сто докторите не им е срам да бараат пари или поклони, така и вас нека не ви е срам да се правите наудрени и да си поминете без давање поклон,туку со тој издадок купете си несто на своето ангелче Лудје, сестра ми во странство, на нејзиниот лекар после породување му купи подарок, некој пијалок и усте несто у кеса и замислете гинекологот не сакасе да го земе подарокот!!! и така и треба, они си добиваат плата и сами избрале таква благодарна работа, и треба да помагаат од срце, а не тоа да го прават со очи гладни за подарок и пари! Јадни се оние лекари сто мозат да си дозволат толку ниско да се спустат! сепак вас избор е
Јас сум нова во ова.Брамена сум месец и половина.Кажете некој совет. Имам проблеми со јадењето,не можам да јадам ми се гади,многу спијам,малку сум депресивна нормално ли е ова?
мислам дека е нормално јас сум 27 недела па поправена сум само 4 кила до сега ,а и бебчето си е нормално големо
да нормално е ,скоро кај секоја трудница до крајот на 3ти месец да има гадење ,промена на апетитот а најмногу промени во расположението ,потоа како ке ресне бебушко во мешето така ке ти се отвори апетит ајде само со лесно ,поздрав Драги мамички ,идни мами,а посебно сите вие кои сте во исчекување да бидете мамички ви ја посакувам целата срека на овој свет да сте живи, здрави, срекни во Новата 2013 година и секогаш во прегратка со вашите најсакани
во четврток во четвртооооооооооок ке се роди мојот мал принц, лалалала леле колку сум среќнаааааааа, сега ми се јавиа од болница во четврток ме чекаат да ми го пресечат стомакот (како на волкот од црвенкапа) и да се роди моето мало синче, уште три денааа уфф како ке го изнагушкаам.
Лелеее со среќааа сењоритаа што убаво .ти ја посакувам целата среќа во четврток и дај боже. живи здрави да бидете до бебушот.и среќни празници
Колку далечно изгледаа јануарските бебиња, а сега сите ситно броиме Јас требаше да се пораѓам пред НГ поради димерите, ама ете баш на крајот престанаа да растат и сега го оставивме бебе да поуживка внатре уште малку. Ајде мајкички нека ни е со лесно во Новата Година, да имаме лесен и брз пораѓај и здрави и умни бебиња, па да ја ослободиме темава за тазе трудници, ние да одиме кај тазе мајките
Девојки СРЕЌНА НОВА ГОДИНА и од мене, на тие што си чекаат бебенце дедо мраз да им донесе во новата година, тие кои се бременки со лесно да ја поминат бременоста, а на нас кои си ги чекаме јануарските бебиња,господ да ни биде на помош и на пороѓај,па лесно да поминеме,и да родиме здрави и црвенки бебиња. Да Мицика,колку далечно изгледаше,а еве сега сите сме во исчекување. Мене термин ми беше на 24.01 ама пред некој ден докторката ми рече дека повеѓе од 7-8 јануар нема да те таерам.Па сега си ја чекам принцезата за Божиќ. Сењорита, леле колку ти е блиску тебе синчето,па за три дена ќе си го видиш...Блазеси ти, да си го изнагушкаш,и по еден и од нас феминките да му залепиш на розевите обравчиња. Ве поздравувам сите.
лелеееее колку брзо дојде денот сењоритааааа , не ми се верува дури дека за многу брзо време ќе станеме мамички сите ние кои сме во исчекување за јануари А тебе ти ја пуштам целата среќа на светот и ти посакувам најлесен пораѓај, без болки и нај брзо да ми се опоравиш за да можеш да му посветуваш најголемо внимание на синчето Со среќичка и те очекуваме да ни пишеш детално како си поминала и колку е страшно Гушки и за тебе и за малото сонценце во тебе да ти даде сила која ти е најпотребна тој момент
senjorita.lombardi ти посакувам да си поминеш најслесно на цел свет, и да си бидете најсрекни со бебушко инаку и сите други сакам да си поминеме лесно на пораѓај , и после да пишуваме како си поминавме , и да тоа да биде охрабрување за другите идни мамички и јас едвај чекам да си го видам бебушко, ама навистина некако мачно ми станува ова исчекувањето, неизвесноста... и еве веке два дена да не се заречам мн ми е подобро од претходните денови, кога само се кукав, еххе само одвреме навреме осекам некоја болка, ама супер се осекам денес на синко му го купивме транспортерот, се му е спремно само се чека тој да реши кога ке излези
Мешиња и идни мамички, среќна нова и од мене, Сењорита Ломбарди, ти посакувам со лесно да си поминеш во четврток и бебуш да ни го гушнеш најсилно. На сите други им посакувам лесна бременост и оваа година сите да се радуваме на мали црвени обравчиња Јануарки требаше да направиме посебна тема како во кладилницине, да биде поинтересно, кое бебенце ќе се роди прво во оваа година И најважно, кога ќе дојдете на себе по пораѓајот споделете го искуството со нас Ве гушкам сите
Ti posakuvam najubavo da pomines vo cetvrtok i da uzivas so svoeto angelce da go iznaguskas i da go zapoznaes so majcinska ljubov, se najubavo
senjorita.lombardi само со лесно нека е...и да сте живи и здрави. А вие останати мешковци...ви посакувам убава и лесна бременост во 2013 година , мислам дека поубав подарок од вашите бебиња не ќе добиете во нареднава година, така да од моја страна ви посакувам здравје и многу среќни моменти со вашите бебенца
Сноу, кога те видов во труднички муабети помислив кај тебе да не има нешто ново Сењорита Ломбарди, можам само да претпоставувам колку си возбудена и среќна, ти посакувам со лесно да поминеш, и да си го гушкаш беушот. На сите други имајте лесна бременост, и само среќни моменти.
ви благодарам на сите на убавите желби многу брзо стигнаа и јануарските бебиња, ви посакувам на сите со лесно да си ја завршите бременоста и мислам дека е редно да ја ослободиме темава за нови трудници, и да се префрлиме кај мајките поминете си убаво за нова година, алкохол да не пиете и да видиме кој ке го земе телевизорот вечер јас ке си седам дома со мажето оти ни е страв надвор од петарди и гужви дане го исплашиме цуцето па оваа година ке си имаме романтична и тивка вечера.. бе гушкам и ве бакнувам сите
Zencinja!!!Neka ni e srekna novata 2013 god. Bog na site da ni dade zdravi,zivi bebuski,site so lesno da pomnieme! Da gi blagoslovi onie koi se vo ocekuvanje!!!
С.ломбарди со срека и со лесно нека ти е...Нема ништо поубаво на светот от тоа Инаку и јас бев вцера на преглед кај др, се беше ок но бебчето треба уште малку дасе спушти и ми рече во четврток да идам пак на преглед пошто и мене терминот ми е на 6ти па да видиме малава дали и се искача или уште и се седи Инаку Срекна нова на сите се најубаво мн здравје лубов и срека поздраав до ситеее
senjorita.lombardi со лесно нека ти е пдобар поклон од дедо мраз ова година здравје а и на сите јануарски бебиња со лесно Среќна Нова 2013 на сите со лесно нека му биди на тие што ќе станат мамички а и оние кој си ги чекаат двете фамозни црвени цртички да си ги видат оваа година и да си се израдуваат и тие вака ко нас
Првото бебе во новата година е машко, .... Првото бебе годинава во Скопје е машко, тешко 4 килограми и 300 грама и долго 54 сантиметри. Родено е од мајката Јасмина Смилевска (1971 год.), на која ова и е осмо дете. Јасмина има шест машки и две женски деца.