@alisijad ,ако чистиш така обавезно со заштитна маска што убаво ќе ги покрива носот и устата,гледај кратко да бидеш изложена на средството,прозори,врати да бидат обавезно отворени и ако можеш побарај низ продавнициве некое поблаго средство,што се декларира како поприродно. Или да пробаш сама да направиш со некој рецепт од интернет што вклучува оцет,сода,лимон. Најубаво би било,ако можеш да замолиш некој близок да ти помогне само за тоа.
Нo.oцетoт сoдaтa и.лимoнoт немa дa јa.дезинфицирaaт вц шкoлкaтa мaлце стрaв имaм oд бaктерии Фaлa ти ке видaм кaкo ке нaпрaвaм сегa зa сегa чистo ми е се,мм генерaлкa нaпрaви пред дa oди
Здраво на сите! Јас бев нова во Симптоми на бременост, па за брзо видов = и се префрлив овде На сите ви посакувам лесна бременост Е сега имам едно прашање. Последниот циклус ми беше на 11.11.2015, а на гинеколог уште пред да ги видам = имав закажано за на 25 јануари, дотогаш беше зафатено. Денес се јавив кај матичната, за ако можи побрзо да појдам, а сестрата само ми рече дека сега е рано, да пијам само фолна и да појдам на 25ти јануари. Што мислите, да чекам дотогаш или да појдам кај друг гинеколог на приватно? Незнам ништо што треба, како треба, прв пат ми е...треба нешто да испитам... Ве молам за мислење...
Оди на приватно, ако ти е прва бременост, плус ке ти кажат што , како, убаво ке те прегледа и ке си посмирена за време на празниците.
Според датумот на последна М, би требало да се види гестациски сакус и бебчето внатре, ама се зависи кога е настанало оплодувањето. Кај мене покасно беше настанато и затоа и многу покасно се виде на ехо бебчето. Кај секоја жена е различно. Можеш уште денес да закажеш на приватен и да одиш да те видат и да ти потврдат бременост и така ќе си бидеш посмирена, до 25 јануари и јас не би издржала да чекам
На 25 јануари ќе бидеш 12 недела, тогаш треба скриниг да правиш, треба упат од матичен претходно, значи мораш порано за да не пропуштиш датуми. Ама не е лошо и претходно да си одиш на доктор. Мој совет ти е да инсистираш преглед деновиве, а после на 25 скриниг ќе правите.
Мешковци како сте? Еве да ве известам дека денес одмарам не сум на работа,рано сабајле си појдов на лекар,го кажав проблемот што ми е,др. Веднаш ме прегледа брисеви и право на хигиенски, останува сега да ги чекаме резултатите, додека да бидат резултатите ми препиша маст па ке видеме што и како ке е.
здраво мамички ве молам за помош 34н и 5 дена сум. од сабајле приметив кога одам во вц кога се бришам ептеннн светлаааа зеленкаста боја исцедок некој имам.Не приметно зелено е
Da bese bela ajde ke recam normalno e no zelena moze da znaci bakterija ili nesto drugo.Poseti si ginekolog najbrzo sto mozes.
Неколку пати го имаме коментирано тој зелен исцедок. Се појавува кај доста трудници. Ако брисевите ти се чисти, немаш гајле, нормално е.
Јас стварно не знам каков е тој зелен исцедок, не ми се појавил никогаш ни пред ни сега во бременоста. Ми се јавува некој бел, ко јогурт исцедок, баш е таков, ама зелен не. И ептен ретко некогаш жолтеникава боја, ако многу често сум одела во текот на денот во вц. Немам некои искуства околу тоа, ама по примена терапија секогаш мора контрола, иначе како ќе знаете дали сте се излечиле.
Епа вака, јас се вратив од преглед, газлето е машко и цело време си го држеше дур го гледавме Само што бев многу возбудена не ја слушнав докторката ми кажа на 4ти јануари да одам да ми земе брисеви и упат за некаде а зашто се тоа стварно не знам ич не ја заслушав што ми збори, битно се е во ред со бебуш, само плацентата ми е многу близу до грлото на матката (16мм) и дали за тоа ми препиша канестен 3 таблетки да ставам и да направам крвна слика и мокрача за на 4ти јануари, ме прашуваше за исцедоци дали имам, немам ништо такво и вагинално кога ме прегледа гледаше дека нема ништо. На 4ти јануари веќе ќе бидам 17та недела па ќе видиме тој преглед и тие резултати од брисевите што ќе кажат. Сега морам да лежам со перниче под газот поздрав до сите
Кога сме кај чистењето.. Вчера и ние чистевме со маж ми, јас прашина он другото. Е сега за вц-то требаше да излагаме па пред да излеземе он стави доместос во шољата и цилит бенг за бигор во тушот и така го остави да постои дур не сме дома па за кога ќе се вратиме да исплакне. Е сега кога се вративме мене многу ми се мо*каше па морав да влезам во вц одма па неколку пати вдишав од миризбата на средствата. Ми е страв некоја беља не дај Боже да не сум му направила на плодот незнам што да правам цело време мислам на тоа
Абе не можеш да направиш никаква беља, поготово ако стоело саат време, тоа испарило, ама не практикувај друг пат, не ќе се измочаш в гаќи за минута време. И не го оставајте доместосот толку долго да стои, нема ефект никаков, само ќе испари.
Стварно неможев да издржам долго трпев дур бевме излезени може испарило, ама вратата од вц-то беше затворена цело време а нема никакво прозорче за да излезе. Како и а се надевам се е во ред и нема веќе да се чисти со доместос
Нека чисти сопругот ама не да остава, нека стави и за 5 минути да помине со сунѓерче и врела вода. Без доместос јас искрено не знам да чистам. А ако немате прозорче мора да има вентилација, уклучувајте ја секогаш