Честитки до тебе и на нудистчето твое да му се роди една нудистка па заедно да си се шеткаат нудистички по дома
Среќна нова 2013 година феминки мои! Оваа година ќе ни биде најсреќна бидејќи ќе си ги донесеме на свет нашите чеда, ќе ја збогатиме нашава државичка со наталитет Бидете здрави, среќни, сакани и бериќетни...и најважно со лесно да ни помине породувањето на сите, па да продолжиме да се дружиме во темите за бебчиња. На новите трудници им посакувам лесна бременост, а на нас кои веќе ги броиме последните денови само сила и среќа на најубавиот момент од животот.
Честитки за новата трудница. Следната година ти да го пречекаш дедо мраз со поклон, бидејќи оваа тој ти го донесе најубавиот подарок што може да се замисли.
среќна нова 2013 година мамички, оваа година ќе биде посебна за нас- најубавиот подарок во нашите раце-конечно!
признавам дека ги демнам Јануарки која прва ќе се породи едвај чекам да видам некоја убава приказна, искуство прекрасно, и некое сликиче од мали обравчиња.
Битерсвит честитки !!!!! Имај лесна бременост! Поубав подарок од Дедо Мраз, здравје Ајде да видиме која ќе е следна Ви посакувам на сите што сте во исчекување, што побрзо да ги видите двете цртички. А од утре здравје С.Ломбарди ќе се префрли во друга тема
Сењорита тука ли си? Како се осеќаш,спремна ли си за утре? Леле колку убаво, уште 20-тина саати ќе си го гушнеш синчето, после 9 месеци конечно ќе му го видиш лиценцето. Да ни пишеш одма како си поминала,немој да не оставиш да те мислиме.... Со лесно да поминете, да излезе бебето живо и здраво, и мама најбрзо да закрепне...
јас еве се бањав се спремам, 100 пати прередувам местам правам списоци нешто дане заборавам. ако има интернет ке ве известам секако што и како поминало.
Лелееее колку возбудлив момент, не само за тебе туку и за нас јас се радувам како мене да ми се случува нека ти е со лесно драга, ти посакувам убаво да поминес, се да е во ред и да узивас колку само е блиска средбата со твоето ангелче....поздрав и писи ни веднас стом ке мозес
лелел ке се расплачам ... во последно време штом слушнам за некое бебенце одма солзи ми идат, може дека и јас едвај чекам бебушко мој да го видам, па се соживувам да поминете најлесно утре и секако се да биде во ред па ке чекаме да ни пишиш како сте
Да си поминеш најлесно на свет и да го гушкаш бебецот и од сите нас!!! Среќна Нова Година на сите и оваа година да бидете најсреќни....
С. Ломбарди ајде со Господ напред да поминеш со лесно... и јас сум утре на преглед возбудена сум и за себе и за тебе поздрав
Честитки, ти посакувам лесна бременост и се најубаво, тоа се најсреќните моменти во животот. Се најубаво! Среќна Нова 2013 година. Ви посакувам пред се многу здравје, среќа, радост, љубов, почит, да Ви се исполнат сите желби и многу успеси во животот. На сите кои сме во исчекување на нашите најмили Ви посакувам лесна бременост и без страв, а на останатите им посакувам што побргу да се израдуваат со 2 цртички, а воедно да не израдуваат и нас. С.Ломбарди ти посакувам лесна бременост и убави моменти поминати со бебушчето. Јас денеска бев на мојата последна контрола, моето бебче е свртено и веќе е спремно, веќе завршуваме со 37 недела од бременоста и со нетрпение го чекам моментот когај ќе го видам. Имајте пријатна вечер и поздрав до сите
^ ајдеее Cacush и тебе и на senjorita.lombardi само со лесно нека ви биде! Ние сме тука чекаме..... Спојлер п.с. и по една мекица со парче сиренце,чекаме...
Морам да си кажам што ми се случи во Систина вечерва. Се решив за Систина и 4Д таму заради хуманиот однос што сум го имала до вечерва од страна на персоналот, но очигледно секаде има невоспитан и вообразен народ кој гази без око да му трепне. Имав закажано најуредно без никакви врски во 18и30 и заради госпоѓици кои немаа нит закажано ни гледаа дали има некој што чека, влегуваа со врски вртејки по телефони на вработени во Систина. Мм и јас збеснавме од чекање и неколку пати станав да и потенцирам на госпоѓицата на шалтер дека редот одамна ми поминал и дека треба да ме повикаат на преглед, дека овој нехуман однос скапо ќе ги чини. Девојката ми кажа дека има само едно ЦТГ пред мене и јас сум следна, таман ми потврди, влезе еден вообразен идиот со сопругата и малолетната ќерка, го побара Др.Димчев, девојчето од шалтер го праша дали има закажано, идиотот (затоа што ќе навредам многу луѓе ако го ословам со Господин) рече: Немаме ама ќе му свртам на мобилен, ќе средиме. Девојчето: Но има голема гужва Ве советуваме да дојдете друг ден. Идиотот не ја регистрираше и почна да врти, веројатно го доби и удобно се смести во фотељите. Му реков на мм, Ако овој стане пред мене ќе направам таква драма има да се засрами што постои На моја голема среќа и по дооолго чекање Др. Димчев предупреден од девојките на шалтер дека сум нервозна и ќе направам проблем, му сврте грб на идиотот го изигнорира и влеговме. Мислев дека ќе брза за да го услужи пријателот идиот, арно ама најпрофесионално ме прегледа и ми раскажа се за бебушка, не изненади за полот, двојчица е најубава во свет и уште сега ги има обравчињата на мм половина час од кои дваесет минути ги анализиравме органите на буцето наше. Ги преболев веднаш 3500 мкд Не се зарекувам дека ова е последен пат што одам во Систина (не знам што ме чека), но дефинитивно ќе се подразмислам заради чекањето и третманот во ходниците затоа што видов денес дека нема разлика дали се приватни или државни сегде ја има истата безосетност од луѓе. Денес е Игнат, ден за кој старите велат дека што ќе правиш денес, ќе правиш цела година. Јас сакам само да и се радувам на мојата принцеза
Добро утро и од мене мешковци, незнам дали на сите ви ја честитав новава година, Ви посакувам пред се многу здравје , па после се што ми ви е мило, на сите што се во исчекување на две цртки Бог оваа година да ве израдува, на новите мамички честитки за новите членови, на оние (ние ) што сме во исчекување на денот Д со лесно нека ни е , и само гушки и гушки со нашите бебушки. Сењорита дојде денот Д, Бог да е со тебе, лесно и брзо да го донесеш бебушот на светов и што побрзо да се гушкате и гугате..... Поздравче до сите, и нека почне прекрасно оваа наша година... П.с јас вчера бев на клиника на ЦТГ, правевме двапати моево маже беше многу активно и возбудено што не се смири во ниту еден момент, дојдоа да ме гледаат на ехо двајца доктори, па нешто му ја мислеа бидејки сум имала три јаки контракции па дали да ме задржат или не, ама има доста плодова вода , постелката уште не ми била созреана ,ама пак затоа грлото на матката било спремно , па ми ја дигнаа нервата мало било бебето и што уште не, па кога сум земала да викам таму дека само притисок креваат на трудничките кутри женички , па некако се смирија и беа малку попозитивни, ми рекоа повторно во среда да дојдам, ама ако осетам било што сомнително веднаш да се јавам на ГАК. Е сега мене ме нервира искрено да ви кажам ова што се безосетни и што воопшто не пазат на понашање пред нас.. Делгадина, такви идиоти ги имаш секаде без разлика дали е приватна или државна болница, или установа, затоа и нашава мила државичка е ваква каква што е , во друга држава на запад (НА БАЛКАН СЕКАДЕ Е ИСТО ВЕРУВАЈ МИ) тоа го нема и има уредно и смирено да си чекаш, а ако имаш парички ќе си одиш кај приватен личен доктор (што го викам јас ) па кога сакаш ќе те гледа и ќе ти посвети внимание. Колку и да се нервираме ништо нема да смениме, така да само ни преостанува да им правиме резили пред сите па нека му ја мислам на срамот ако го имаат... И да не се распишувам многу поздравче до сите труднички имајте убав ден ....се читкаме