хехе абе мене не мие тоа страв, искрено и малку се движам, после тоа ми е многу мачно, ми се грчи стомакот, и само лежам ете денес малку подизлеговме со мажево и сега цело време се тегнам по кревет, еххе ајде баш да видиме која ке стане прва мамичка, од нас што сме на ред
Јас во 39тата недела бев како товарен воз неможев да одам ама се движев морав... Причината мислам дека беше килажата 90кг што ја качив
Каталина, Пепита ви благодарам на одговорите ајде со лесно кај сите. Пепита јас и ти ден-два разлика, заедно ке се гушкаме со малите бебушки, поздрав.
јас не сум многу здебелена, цело време бев во движење до сега, и ич немав мака,ама последно време ич неможам да мрдам, штом почнам да се движам одма ме боцка мешко, ми се грчи, изгледа ми тежи многу бебушко
Ломбарди честитки за синчето да сте зиви и здрави и да се гушкате најмногу на свет Инаку мешенца јас сум болничка изгорев температура, ме боли грло крајници, па и повраќам, кашлам и нос катастрофа не можам да се издишам пијам партецемол и чајчинја ама не помага цело тело ме боли како да ме прегазиле :'(
DREAM GIRLE мој совет ти е мнооогу лимон јас пиев по 2л сок од лимон на ден 2-3 дена,млеко со горен шеќер навечер,топла супа од петел со бибер и ќе помине за неполна недела биди упорна
Здраво мешиња како сте денеска? Како се вашите последни изброени денови (на мешињата кои треба да се породат овој период) ? Јас сум катастрофа , стомакот ме стега ептен доле, бебушката мрда, па одмара, едвај се движам, само ми се спие и тешко дишам, веќе фаќаме 38 недела. П.с поврзано за водењакот може и да не пукне, може и во болница да го пукнат, но може и дома, тоа е индивидуално. Поздрав до сите и имајте пријатен празничен викенд
Цацуш, да ти кажам и јас сум така нешто слично како тебе. За некој ден сум 38-ма недела, и стварно веќе тешко станува. За дишењето-не правам муабет, јас до крај сигурно ќе се угушам... Болки имам ниско доле, и на моменти се прилично слини,да не кажам ужасни, како со нож некој да ме сече. Кичмата ме боли ако се преморам, а нозете ако подолго стојам ме кинат и ми се укочуваат. Имам и тешки несоници и мнооооооооогу ми е топло . Чепот сеуште не ми паднал, иако имам многу бело прање кое сега веќе добива некоја потемна боја, а највеќе ми е страв за водењакот, да не ми пукне некаде надвор,на улица или на гости негде. Е таа ситуација ми е врв,незнам дали ќе се срамам или ќе се смеам повеќе Сењорита Ломбарди, баш ми е мило што сте добри со бебчето, и нормално е дека ќе биде убаво на мама... Ајде брз опоравак,па те чекаме да не раскажеш подетално... Додуша се надевам дека ќе те дочекам дома кога ќе пишеш,ако не од болница ќе ве следам,си имам интернет на телефонот . Поздравче
е јас не да дишам тешко, дури понекогаш ми се плачи... а за неспиење јас цела нок неможам да спијам станувам секој саат речиси за во вц, и дури се наместам после во креветот пак сум станала а и мене ме факаат жештини цело време, само правам обуј ги, па собуј ги чорапите некаде кај 8-9х сабајле заспивам и тогаш ми е најубаво спиењето. И јас забележав дека овие 2-3 дена имам повеке бело прање... се зафкавам цело време му зборувам на синко, да излезе ама некако убаво муе внатре, си ужива сигурно
Значи сите трисо исти маки сме За неспиење немам зборови 20 мин спием, 2h дежурам когај го гледам маж ми дека спие ми се плаче, ама ајде ќе издржиме уште малку веројатно, па веќе е време на нашите мешиња да им текне дека е време да излезат и да ни олесни На двете Ви посакувам со лесно да пројдете, па која ќе се породи прва ќе пише. Поззздрав до сите и воедно Честит Божиќ за многу години нека ни е денешниов празник. Христос се роди!!!!
Здраво мамички како сте денеска?Ви посакувам срекен празник и се најубаво во животот.Јас сум уште тука терминот ми помина, на малава не и се излегува уште сака мама и да и се мачи утре сум пак на цтг па да видиме ако не ушште некој ден и ке мораме со индукција што да правам
баш пред малку те мислев си реков се гушкаш со бебушка ама некако на овие јануарскиве бебенца не им се излегува,убо им е во мешко а зошто со индукција?? мене докторката ми рече дека можело плус недела, две да си чекам ако е се во ред... мене ми е 8 јануари терминот, ама ми рече може и до кај 20 да терам, и плус дека прво обично се надносувале
Знаев дека ме мислите и одма го земав компјутерот реков да ви пишам да си знаете дека уште чекам и мене др ми рече да идам утре на цтг и евентуално ако треба и вагинално па рече ке чекаме до 11,12 ти ако нема болки или некои знаци ке треба со индукција.па ке видиме сега како ке биде...навистина бре на маливе убаво им е внатре уживаат си пливаат а ние си чекаме нестрпливо и так си е тоа
ЦЕКИ ,СИЛК, ЉУБИЧИЦА ,ЦАЦУШ сите што сте во исчекување а мислам и на сите дека ке ви е прво бебче ништо чудно да ги надносите некој ден ве разбирам потполно како ви е ,јас од сега со спиењето сум за никаде цела нок дежурам ,а преку ден пак керка ми не ме остава да спијам и осекам замор ама пак ноките ми се тешки еднаш ако се разбудам после 2 часа се вртам , инаку за водењакот не му ја мислете многу,јас до последен саат шетав ,ми пукна во кревет поздравче
Ја моево бебе го надносив , и после недела дена од терминот решив да идам во болница и да останам . Ме примија се тоа , ни отворена ,ни болки ни ништо ќе си терав уште така ...ама немав веќе трпение и добив провокација за да се отворам.... Сето тоа траеше два дена додека се породам Поздрав мамички и одмарајте барем , за спиење тешко е знам истото го поминав
Поздрав до сите.Јас одамна немам пишувано,ама редовно Ве следам и речиси секојденвно го отварам форумот-бременост. Сега ја започнав 36 г.н. Сакав да Ве прашам- до која недела се препорачува пиење на магнезиум? Ќе треба да одам на преглед оваа недела,ама незнам за кога ќе ми закажат,па ако знаете вие во меѓувреме да ми одговорите.Некако ми е останато во сеќавање дека кога ќе влезеш во 9 месец се прекинува,а јас од оваа недела влегувам(ако не ми е грешка пресметката- од 36 дека се влегува во 9ти). Честитки на новите мајки.Се радувам за вас и се надевам наскоро и ние останатите да ви се придружиме.
Мешиња да ве прашам нешто се осеќам како балон мислам дека ќе испукам имам некои болки во долниот дел од стомакот, рано е за раѓање па ме интересираше дали е нормално тоа
Да малава ми е прва принцезичка а мислам и на другите идни мамички така да мене вчера ми беше терминот па утре сум н а контрола па ке видиме што ке рече др. јас спијам ама мн тешко ме болат рамената и постојано де на лева де на десна стр.се вртам истотака ме болат срамните коски доле така ги викаат поздравче