Ефимија, јас и ти значи заедно тераме, еве и јас сум 36+3. Мене матичниот ми рече дека одма штом се влезе во 9-ти треба да се прекине со магнезиумот. И не знам дали е по сугестија, ама ми се чини дека овие денови многу ми е тешко на стомакот. Порано кога ќе почувствував така некои тегоби, си земев магнесол од 150мг, а инаку секој ден пиев мг на Natural Wealth 250mg и плус оној мг од Прегназонот. Можеби ми се навикнал организмот и сега кога не му внесувам можеби и ми реагира, којзнае... До кај крај на 8-ми месец навистина немав никаков проблем ниту за спиење, ниту за движење, ептен бев активна, а сега се местам од кревет на кревет...многу тешко ми доаѓа. Понекогаш осеќам болка слична на менструалната, понекогаш и како сечење со нож, ама тоа моментално. Она што ме мачи е одењето во вц. е тоа ми е смрт. Мажулево мое се смее, вика којзнае колкава ќе ни била сметката за вода овој месец Јас утре ќе одам да ми земат брисеви и да земам упат за во болница. Имајте убава празнична вечер
Цеки ајде не се секирај само со лесно, се ќе биде во ред. Може на нашите мешиња им е сеуште ладно па не им се излегува Среќен празник и се најубаво.Позззз
лелле мене многу денес ме боли мешко, и многу ме боцка долу во џожефинче, еххех и претходно ова го имам кажано... и штом мрдне бебушко и долу како да ми турка, се мислам ке излези шала на страна ако ме боли и утре ке одам на болница да видам шо ке ми кажат
Честитки со задоцнување на сињорита ломбарди.Да ти е живо и здраво синчето и секој ден да ве прави горди и среќни. Инаку мене ме болат колковите, стомакот, кичмата, девојченцево мрда ли мрда..Многу е тежок последниов месец. Инаку во петокот бев кај гинекологот што ќе ме пораѓа и се извадив од памет.Многу намќорест, ми рече мал ти е плодот, ЦТГ не ми беше ок и буквално ми ги расипа празнициве.Два дена плачев.Во неделата пак правев ЦТГ и се беше ок, фала богу, и мојов матичен ми рече дека плодот си е нормален, стари им биле апаратите во Чаир. Ми дојде душата на место.Следна контрола на 21.Јас се надевав дека до тогаш ќе си ја видам бебушка, ама ништо.
мене искрено многу ми е страв кој доктор ке ми се погоди за пораѓај... се мислевме демек ке одиме кај познат ама ми рекоа ако сакам да ме пораѓа тој демек да одам кога ке е дежурен и со провокација да сум се породела ама јас сакам кога ке дојде времето, а не со сила... ама како и да е мора да одам утре задутре ако не се роди бебушко, на преглед, нели ми поминува терминот, па се надевам ке биде располоќен тј што ке е на смена
Јас сама си го одбрав овој, од искуство на снаа ми и другаркиве дека супер поминале.Ама да видиш каков намќор е , тоа е чудо.Ми викаа и они дека е таков, ама не верував до толку ..А инаку решив ЦТГ да си ги правам кај матичниот, па да му ги носам, затоа што во Чаир доживеав трауми...И ќе одам царски, затоа што многу ми е страв од природен порагај.Среќа што имаме блиска врска таму. Тебе секој момент може да ти се деси ..Ке си го видиш бебец кај и да е...Со лесно нека ти е...Мислам дека кога ќе фатат болките, нема да ни биде гајле кој ќе не пораѓа, барем така викаат сите...
Срцки кога ке им дојде времето на бебушките и кога ке бидат подготвени сами ке туркаат да излезат ,ако е се во ред зошто да одите со провокација или пред време, сепак ке си видат вашите матични или докторите таму, јас на + 50 што се вика цркав ама бебушка си ја терше 40 недели и 2- 3 дена мислам али затоа кога излезе цела девојка хаха да ве насмеам малку ,не се секирајте кај и да ке биде поздравче
Да и јас сакам овој др што планираме да ме породи ама и мм и сите околу мене викаат ако фатат болките нема ни да помислиш на тоа кој да те пораѓа него ке гледаме што побрзо да се извлечеме со бебушките јас сум покасно на контрола па да видиме што ке ми каже др.одвај чекам
Здраво женски, мамички и идни мамички, среќни празници, оваа година само радости и убави моменти... Јас во 39 недела влегов ама да ви кажам целата сум затната настината, грло ме боли , неможам да дишам да ме видите со тоа шалот замотана околу врат , неможам да зборам...кај ме задеси сега на крај. Бебушко се помалку се чувствува се спуштил доле, а болки некои не осеќам, утре сме на цтг па ќе видиме што ќе кажат него се мислам вака болна кај ќе се пораѓам , цела бременост ништо се беше во ред, сега на крај ме фати, оваа настинка у пм .... Како сте ми вие , како ги поминавте празнициве се налапавме ли руска кажувајте брз лек за настинка ...... поздравче
млеко со прегорен шеќер она карамела што го викаат прави пиј ќе ти го омекне грлото мене многу ми помогна. Ајде ке оздравиш не се давај и со лесно
чај од прегорен шекер , лимон колку можеш, мед, парацетамол мене ми беше од корист ,и ке помине таква е сезоната а за руска и кифли да не збориме фала богу поминуваат празнициве инаку како балон бев сеа кога ке се качам на вага поздравче срцка и ти ја ситниш последната недела
и од мене имате поздравче јас од сабајле се чувствувам ептем лесно, како да не сум бремена, ама навечер од кај 18 часот натака почнуваат маките, навистина незнам зошто така, дали се уморувам, ама се почнува тогаш да ме боли
Здраво на сите труднички Како сте денес? Бев до Стружанка да докупам некои работи и готово.Мојата женска има толку гардероба, што морав јас пола од мојата да си ја вратам кај мајка ми, за да има место.Искрено ме спаси и снаа ми со цела гардероба од внука ми. Инаку и мене после 18 часот ми почнуваат маките, вака сабајлечки ми е супер.Но веќе неможам ни да чистам толку, ни да работам, ни да готвам.Само се одмарам и излежавам.Утре доаѓа мајка ми да ми помогне.
Јас пак сеуште не чувствувам некои посебни тегоби, само што оваа настинка ме зафркна деновиве и неможам да дишам, и ме прави се понервозна и невозможна за трпење. Ние со мажето се спремивме од порано само чекаме сега на денот, мешето е веќе спуштено долу бајаги, движењата на бебушка се многу по спори, па кога ќе сака да излегува нека го, чепчето е веројатно паднато, болки не чувствувам ама затоа некако сум како претепана, ...мажево чисти по дома, пере садови , а јас само гледам и ми е многу тешко што не ми дава да мрднам со прст, малку сум станала осетлива на се и сешто, се кавгам со секого, татко ми најмногу си настрада кутриот човек сака да ми угоди а мене тоа ми смета сега па кога сум му се изнавикала пред некој ден за греота, па вчера отидовме на вечера незнае човеков како да се однесува со мене па бледо ме гледа и ќути.. ама тоа е , најверојатно психата си го прави своето ситно броиме него да прашам, ова со прегорениов шекер колку пати на ден, парацетамоли и такви ствари ми е страв да пијам, па сега пиев лимонада од прееска неколку чаши а прегорен шекер само еднаш... што викате ...?
Здраво,Чикита, значи иста недела би требало да се породиме..која ти е тебе крајна дата? Јас во 7,8 месец имав страшни болки во кичмата и едвај одев.сега ја нема веќе таа болка,но сега имам друга мака.дланките ми трпнат постојано и ме болат.посебно насабајле неможам да си ја раширам шепата,прстите ми се згрчени и неможам да ги мрдам...а врвовите на прстите ми се цело време отрпнати.спомнав на лекарот и читав на интернет за ова,нормално било демек.претиснати некои нерви,па од таму и болката. за мочање,иста сум и јас...невиден потрожувач на тоалет хартија и вода. во текот на ноќта станувам во просек на 2 часа,може и почесто. поздрав до сите трудници
Еве ме и мене мешенца, јас вчера бев на контрола, др.ме бркаше долу да види дали сум отворена ама јок, нема ништо, бебето сеуште горе го чувствувам и не ми е сеуште спуштено долу, а и го осеќам по цел ден ми мрда, е сега не знам дали кога ќе почне послабо да мрда тоа значи дека е спремно за излегување??? Иначе да ви кажам една случка која ми се случи пред некој саат и половина. Излегувајќи од дома од лифтот се сопнувам и паѓам, среќа се задржувам на парното ама не се контролирам и паѓам за среќа на газот и тоа баш силно, ко се случна едно трааааассс, мм сирот одма истрча пребледе целиот, ме фати да ме дигне , а јас од страв кога почнав да си плачаааам, значи колку сум се исплашила еден Господ знае, седнав одма на скалите и си го фаќам стомакот, не осетив ништо, немам болки за среќа што не паднав на стомакот лелеле Богородица ме чувала , само левата рака си ја изгребав и левото колено и ме боли сега ме пече уфффф ама не ми е ич гајле за тоа, ќе мине, најмногу страв ми е за бебенцето мое срце мамино се исплашило и тоа сигурно и го немаше некој пола саат никако да мрдне, ама сега еве како лежам го осеќам ме удара баш силно, душичка мамина, се надевам не му се случило ништо Ухххх сега баш на крајот наместо да внимавам јас трапава целата не гледам ич кај одам
Ивановичка и мене од пред два дена ме фати некоја гадна настинка прво почна грлото да ме боли,па сега носов ми тече а навечер ми се затнува едвај дишам челото многу ме боли изгледа синуси се и забиве ме болат Прегорен шеќер можеш да си пиеш нема ништо страшно во тоа барем така ми рече матичниот јас пијам навечер и насабајле а во меќувреме планински или каков имаш. Исто обожаам исцеден сок од лимон и тоа без вода така чист и онака го конзумирам кога сум здрава ме освежува ептен ! А парацитамол си пијам 2 пати сабајле и вечер пред да легнам да не претерам ми е страв
Ич да не ти е страв за парацетамол.Слободно напи се.Прегорениот шеќер можеш и 2-3 пати дневно.Не е тоа штетно, само е благо многу.Пи течности и топли супи со многу лимон... И јас сум нервозна исто Тоа е, нека не истрпат сега уште малку... Леле Калиас, колку си се исплашила...И јас паднав пред 1 месец, на колена и уште ми се лом, едвај да не се удрам по стомакот се спасив.Од памет се извадив и дијазепам се напив, следниот ден бев на контрола и ми кажаа да не се плашам, бебето си е заштитено со плодова вода и нема гајле...Само ќе те удара сега цела ноќ.Сигурно се возбудило.Не се плаши.Мора да се пазиме..Јас одам како баба 100 годишна од тогаш
Даниелка, ова мене прв пат ми се случува, божем внимавам баш како и каде одам и си велам сега баш на крајот ќе ја окркам, среќа што не беше потрагично инаку ќе завршев изгледа таму кадешто не треба Ме чувал Бог...