Здраво мешиња и јас се приклучувам кон одењето на цтг. Мојот матичен ми рече сега на 16 да одам на преглед,но само да провери колку прста сум отворена и да ми даде упат и ми рече дека тоа ќе ни биде последно гледање, после само да сум одела на цтг таму каде што ќе сум се пораѓала. Јас сум во 38 недела и ги прекинав и јас магнезиумот но ми е се потешко без нив, ама викам ајде уште малку па се ќе помине. Ве поздравувам сите, имајте пријатна вечер
мешенца како сте? јас денес бев на болница, така ми рече матичната, заради тоа што ми помина нели терминот, и морам да ви кажам за момент си помислив дека ке умрам одам таму и ајде прво на цтг, па да го слушниме срцето на бебето, и лежам јас пола сат, ме вртат на сите страни ама откуцувањата на срценцето ги нема никаде, се собраа сите околу мене, а јас мислам дека ке умрам... а замислете бебето си мрда, тие ми викаат сигурно не е нешто воред и да не било во ред ехото, им било расипано подоцна дојде една сестра и им кажа, па ајде со друго ехо го најдоа срцето леле до каде ние ова наше здравство, опрема катастрофа, бе??? нон стоп има бремени , зарем на сите вака ке им прават ајде после тоа ме прегледа за плодовата вода и се друго и ми вика бебето е горе, тешко со природно... па ми вика докторката да дојдеше од сабајле досега ке те решев??????? ке ме сецнела,ама претходно ке пробала со провокација ако немало ништо ке ме направела царски, ми идеше да и ја залепам една, глупачка и сега утре сабајле сум пак на преглед, ке биди друг доктор па да видиме тој шо ке речи п.с и да нависитна боли вагинален преглед, мене ми рече дека ич не сум отворена и дека грлото ми е тврдо...
Љубичица ајде стегаме палци срцка , кај и да е ке излезе бебушко п.с . а ова докториве хмммммм ај да не зборам
ич не ми ги спомнувај докторите сите се кој од кој ке видам утре со овај другиот и тој ако ми каже исто ке прашам дали може дирекно со царски, зошто да се мачиме сите ако бебето е горе, прво со провокација , а на крај ми вели во 90 % се оди со царски???? инаку едвај чекам да си го видам бебушко и да не ги гледам овие глупи доктори
Љубичица баш те мислев до каде стаса. Ајде со лесно да ти е утре и обавезно пиши што си направила. Јас бев на цтг, има контракции иако сум еве 37 недела. НО докторката вели дека се лажни. Не ме прегреда вагинално само на ехо. А болат леле леле... И јас имам едно ептен важно прашање - ако овие се лажни како да ги препознаам вистинските контракции? Денеска цел ден на работа имав болки. Почнува како менструална болка долу и се шири кон целата карлица и доле во крстот. Стомакот ми станува тврд камен. Ако лажните се вакви какви се вистинските???? Бог да чува сто пати го пишав прашањево.хахахаха.. Поздрав до сите мамички
Еве и јас сум нова во ова.Утре здравје ќе одам на контрола.Веќе го почнав третиот месец.Закажав за преглед за даунов синдром.Доколку некој има искуство нека пиште што-како.Инаку и други совети не се на одмет.поздрав до сите мамички
Deneska ispituvavme krvna slika i pravevme Kumbsob test.Testot izleze negativen no sepak ke primime rogam.E sega krvnata slika e ok gore-dole,so isklucok na pokacenite leukociti 14,5. Imala nekoj vakov slucaj,moze da napravat nesto steta na bebush?
Еее сонце, се обидувам што побрзо да ја поминам настинкава без лекарства, па како биде нека биде, За ЦТГ се пријавуваш сама кога ќе влезеш на главен влез на Државна немораш да ја кружиш цела ГАК туку одма од влезот на главна лево после обезбедувањето има една врата отворена е и тука се влегува ,и наместо право ти влегуваш лево, во соба 36 оставаш книшка да те запишат за ЦТГ и тие таму ќе те однесат во соба 32 и ќе те легнат на кревет врзат со каишеви и ќе те остават 20 минути да пратите ЦТГ фетални движења и срце ... па после тоа мажти во меѓувреме на шалтерите од другата страна ќе си плати 150 денари и ќе ти донесе пресметка ,па со пресметката и книшката во соба 36 ќе го чекаат цтг , па ќе те прими доктор може и вагинално да те прегледа ,мене вчера само цтг и ехо, со рака (ужасно е непријатно чувството) па ехо и ќе ти каже кога пак да дојдеш, јас прв пат отидов на 25 .12 кога влегов во 9-ти и досега 3пати бев,еднаш неделно,а вчера ми рече дека најверојатно ќе треба и викендов пак и во понеделник вторник, се зголемуваат деновите за ЦТГ; се ближи ден Д: ДА ДА треба сама да појдеш заедно со мажти да се пријавиш/....АЈДЕ СО ЛЕСНО ;јас и ти сме тука некаде исто со термините ...
Кај мене уште од почетокот на бременоста ми се покачени леукоцитите и гинекологот ми кажа дека е нормално за бременост, и се до денес секој емсец крвната слика ми вика дека ми се покачени , така да без брига, нормално е
И мене цела бременост ми беа покачени, отидоа до 16. Од почеток беше нормално, но кога дојдоа до 13 докторот кажа дека не му се допаѓа таква крвна слика, посебно не пред пораѓај, па пиев две дози Цефалексин. Среќа малку се намалија точно пред пораѓајот. Кај мене сумњаа на инфекција некоја, иако ни на брисеви , ни во мокрача ништо не покажа.
мешиња јас морам да си се пожалам. Еве цела недела неможам навечер да заспијам. Легнувам спијам само 3 саати и се будам како вампир и незнам што да правам. Не сум голема, не ме боли ништо и затоа се нервирам.... Па сега ако не спијам понатака што би било со мене ???? Чаре и дали е нормално ова што ми се случува?
исто и мене ми беше , ќе спиев неколку часа па се будев и дремев , па додека пак ме фати дремка А да не те плашам ама после ќе ве буди бебето , тогаш ќе ти се спие ама ќе бидеш почесто будна пошо нели малите си имаат некои потреби , како сеа моево ке спие ке стане кај 03 и ке си игра :geek:
све се повампирило и јас не спијам убаво од трнење на левата рака... некако многу рано пoчна во 6-ти, а каде е 9-ти
мешенца да не ви фалев?? ехехех ние сме тука, ке се дружиме изгледа уште некој ден денес пак бевме на лекар, и за разлика од сношти си поминавме поубо... ме прегледа друг доктор, ми кажа дека имам уште време, плодова вода има доволно, , бебево абер нема за излегување, не сум отворена ни милиметар , така да ке тераме до др недела изгледа... а да ви кажам искрено сношти цела нок си правев филмови дека денес ке се гушкам со бебушко
а да го викнеш маж ти за главна бабица да испита терен знаеш на што мислам така јатрва ми ни милиметар па ја прати ја кај мажулето и кога вечерта бебенце