Уф ете добро е...има уште некој Јас многу се плашам да не дојде до предвремено пораѓање бидејќи си пешачам, одам на јога и така прилично сум активна, па затоа викам да си препрашам и тука Ти која недела си?
Здраво мамички јас сум 25 недела, сакам да ве прашам дали некоја од вас направила ехо кардиолошки преглед на срцето освен оној редовниот на скринингот?
Здраво мешиња, јас се вратив од преглед. Го правевме вториот скрининг, се во ред. Докторката ми кажа ако сакам за второ мислење да одам во систина кај др. Димчев или др. Петровска. Мислам дека некои од вас имаат одено во систина па ме интересеира за цената за втор скрининг? Исто така ме интересира за цена за 4д во систина ако има некоја правено? И како е поубаво да одам на втор скринин или само на 4д.... или на двете Во промедика кај др.Лидија нема 4д, кај неа сите други прегледи ги правев и брисевите, денес ми потполни и мајчина книшка и имам супер комуникација, во врска со бременоста се ми објаснува. Инаку бебуш помалку нежно почнува да мрда, ама сопругот кога ќе стави рака на стомак престанува, инат најголем ќе биде ) Имајте убав ден сите
Jas mislam ti si vo zoltoto sedma od desno kon levo A jas sum taa sto te sretnav na ulica Vo Sante sto ke se poragam Ti teknaaa? A drugive ne znam koi se. Izmegu tebe dveve ili ?
Ај ја да ви кажам денес убави вести, најверојатно од 1ви, а може и порано, да си седам дома да си се топлам со мајмунчето. Не се иде више на работа, не се трпи ова, останување до ниедно време, седење безвезе на столче по 10 саати, дерење, урлање... Нече мочи, докторот го замолив да ми пише пемпеле за ослободување и така. Здравје уште неделава ќе се издржи. Да, да јас сум таа со жолтото почно, тешко да ме приметиш Оти бре златна не се јави, па ќе си направевме муабет поише па. Многу убава обука, ептен, баш си поминавме забавно. Многу потребна обука, и да мислите дека ќе се пораѓате царски појдете, ништо не е на одмет Денес мајмунов мој така се имаше собрано, кифличе, на пола, се криеше и со нозе и со раце. Сестрата на обуката прашува вика како е поставено, што да и кажам, цел е накосо, сите направо тој терсене. Не успеавме и не успеавме да го сликнеме да се видиме ко што треба, таман сликиче да се видиме и се мрдна, мајмун еден. А и нема потреба, се е ко што треба, прасе на мама стигнал скоро 700 грама, поточно 680, следата контрола може и килце да сме веќе. Следната контрола ќе бидеме 30та веќе, си летка временцево.
Добро, од сабајле сум јадена: - смуди со банана, киви и јогурт - две интегрални ѓевречиња со зденка (тие малите на фемина инстаграм што ги ставив) - парче печена тиква - јаболко - две домашни колачиња (и тоа не се мали) - сок од цеден лимон и уште 2-3 чаши вода Може и да промашив нешто.... Уште ми се јади :'( Леле ништо не ме најадува. Порано до сега ќе бев само со едни мусли, или само со смуди, и пак немаше да сум гладна.
Сабајле бевме на контрола и докторот само што го виде вика ааа што убаво бебе. Не измери, се е супер, бебе спиеше, за три недели пак на контрола па здравје може и полот ќе ни го каже. Утрогестанот ми го прекина, беше многу задоволен докторот. Мама е среќна, тато исто, а големиот батко не ни знае што се случува.
Ее супер ако си седиш дома, ќе си се спремиш полека психички. 26та си сега ако не се лажам? За Санте кажи ми кога ќе појдеш, како ќе поминеш итн. Јас бев во октомври, собите ги видов, низ болница ме шетаа и така. Убаво е се! Абееее некни, јас одма на улица не знаев дека си ти, отпосле си поврзав со името твое и ова овде и не ми кажа, другаркиве кои ни се други? Помеѓу тебе или подалеку со имињава овде не можам да погодам, а вака ко тие 3 да сте ми Ок, отидов да се спремам за на јога, синко едвај чека!
Ќе ги оставиме лепотиците сами да си кажат кои се, до мене се двете, налево, а кои беа нека кажат сами Жаки мислам дека си оптоварена со исхраната, немој да трпиш гладна, јас одсабајле јадев едно парче пита со сиренце, морам со витамините пошто ме гризе желудник ако не каснам нешто. Овде на рбаота изедов неколку мандарини до пред пола саат отприлика, ама осетив дека веќе ми се јаде и отидов до жито купив едно пециво, знам дека нема да можам да издржам па подобро да каснам отколку да се нервирам и да ми се јаде. А јас сум поправена уште две килца, вкупно 6 досега, многу е знам, ама што да правам, апетитот ми е отворен, ми се јаде, благото го избегавам ама па и тоа ми сака организмот многу. Вчера пример успеав да залажам со малку овошје, тиква, ама си сака блачко, поготово што на маса стоеше чинија полна со наполитанки чоколадни, ама издржа, не каснав. Прво ти напишав па се сетив дека и јас сум опседната со тоа, сакав да кажам опседната а не си многу поправена. Уживај си, не си многу поправена за да се сеќираш Е да, мене ми дадоа да испитам ОГТТ, или скриен шеќер, деновиве да одберам еден ден и да одам, ми кажаа само да не јадам 12 саата пред тоа ништо, само да пијам вода, можам дури и минерална да пијам. Ама јас ќе одам сабајле во 8 така да секако после 8 ништо не јадам па нема ни овој пат ништо да каснам, порано ќе си легнам за да не ми се јаде Ќе уклучам поише цимет деновиве да се прочисти ова што го имам шеќери во крвта, а ќе заборавам и на блачко, па белки ќе нема да биде висок. Ако ме стави на диета само ќе се избедирам и ќе мислам се на тоа. Се надевам се ќе биде во ред.
Јас ги правев двата ехо кардиолошки прегледи кај д-р Драшко во Систина - единствен специјалист за тоа. Немав никаква потреба ама ги направив затоа што сакав. Се проверуваат подетално двете преткомори, комори, аорта, белодробна артерија и проток на крв - прегледот траеше околу 20 минути. Тие прегледи се прават за да се види дали посто можност да дојде до предвремено затварање на двете преткомори, бидејќи тоа е опасно, за време на целата бременост тие треба да се отворени. Кај мене се беше во ред Слободно пиши ми ако те интересира уште нешто.
Скринингот во Систина чини 3.800 ден, таму те гледаат и со 3Д и со 4Д - нема друга опција. Мене ме води д-р Гордана Петровска, така да јас би ти ја препорачала нејзе. Слободно пиши ми ако те интересира уште нешто.
Здраво мамички дали пред да добиете болки осетивте на некој начин? Дали претходно нешто ви се случи ?
Ко што редактирав, и јас сум опседната со килограмите и исхраната, ама моето јадење го сфаќам како храна за мозокот и за бебето, ако јас не јадам и тоа ќе стагнира. Далеку од тоа дека јадам за двајца, ама кога ми се јаде не се залажувам со смуди и печена тиква. Факт е дека не можеш сега да бидеш на смуди и на овошје, ајде си каснала интегрално геврече, ама треба да јадеш редовно а избалансирано. Сокот и водата не знам зошто ги броиш во оброк. Ако е така јас денес сум се убила од јадење, имам испиено два литра вода, едно какао и еден чај. Ти не си дебела, ти си останала бремена со килограми сосема нормални, имаш фора да не се сеќираш. Башка кај тебе сега и бебуш тежи и плацента и вода имаш повеќе. Кај мене е само кило се тоа, а кај тебе се е веќе ко за пред породување малтене.
Значи одма те познав @AngelOfArh дека така интересно се опиша како да те познаат тие што ќе одат хехехеххе ... Јас не дојдов дека ми кажаа немам потреба поради тоа што се обучува за препознавање на болките, за дишењето,напонот и слично...а јас нели со Царски и немам потреба од тие работи А од ГАК ете уште никој не ми крева, па си викам ај сабајле рано уште у 8.00ч ке се јавам може ќе кренат па ќе ми кажат како иде за пријавување за обуките тамо.
Епа и таму е истото малтене, според тие што биле така разбрав и јас. А не е на одмет да се посетат бидејќи и со царски рез кога се вади бебето се има и болки, си пука и водењак и се, па на крај може и природно да си излезе, не еднаш се десило. А не знаеш и ние како ќе бидеме на крај, сите одиме на природно ама на крај кој да знае. Инаку јас ко да се предомислувам за Санте, не за друго, убаво рече една од девојките на предавањето, во Санте немаат толку кадар, недајбоже нешто друго да излезе што ќе правам, некоја друга компликација, со мене или со бебето, а во Систина си се клинички центар, се имаат. Уф на сто ума, на сто... Како се приближува времето само мењам мислења