Рано е за секој ден да го осеќаш Од која недела девојќи се смета трето тромесечие? во кој месец најубаво е да се почни со часовите за пораѓање?
По која и да гледаш исто ти е, се ближи денот кога ќе си го запознаеш сонцето. И утре да се породиш бебето е спремно Со првата бременост неделите ми се поклопуваа во ден, а со второто ме води само по големината на плодот бидејќи немав менструација (од породувањето ми немаше уште дојдено).
Значи мала разлика ќе бидат дечината твои супер... и јас сакам така ама не знам дали ќе смеам дека сум со царски
Овие приватниве лаборатории нешто чудно матат! Авицена цела бременост ми дава ++ или +++ на бактерии во урина и покачени леукоците, а потоа на уринокултура да се покаже стерилна урина. Кога ги прашувам како е можно да даваат такви резултати ми велат дека сум имала " небактетогени бактерии" во урина!?!?! Ма лудило...или има или нема бактетија ако пишуваш во резултат СТЕРИЛНО, тогаш не може да има ++! Има ли некаде да може да се пријават?
Непланирано (не користевме заштита се тешевме дека нема толку брзо да се фати) и кога видов позитивен тест хаос во глава ми беше, но знаев дека ќе го родам. Е уште поголем шок беше кога на првата контрола докторот виде 2 ембриончиња, но за жал едното уште во старт не успеа. Е тогаш ќе беше весело со 3 бебиња.
И мене ова ме интересира зошто секогаш истото го прават а секогаш во бактерии обавезно +++ Плус како може за железото да стават цифра 47,3 кога такво нешто не постои,па на крај на мм му тврделе дека тоа е можно зошто е неколку пати го препровериле и толку си искача па рекле да не пијам случајо препарати за железо,мислам врв се во Авицена.И за на крај трагедијата да биде уште поголема е што со ставена шифра во упатот дека сум трудница они ми наплаќаат регулар цена и ми тврдат дека има други шифри а дека таа за нормална бременост не важи.И јас би ги пријавила зошто ептен ја претераа веќе.
Трето тромесечие почнува од 28ма недела. За предавањата на ГАК препорачуваат да почнеш после 30та недела. Јас се јавив околу 28ма недела, ми рекоа рано е прејави се на крај на месец, за да те запишеме за следниот месец. Вчера се јавив и ме запишаа да почнам со предавања од следната среда, 1 неделно 4 седмици.
За бактериите во мокрача мене општиот матичен ми има кажано дека уринокултурата доколку има над 5.000 (мислам дека таа беше бројката) ќе покаже дека има бак, а ако бројката на бак е помала од 5000 кажува дека е стерилна. Никогаш неможе да им 0 бактерии затоа обичната анализа покажува +
Здравје да имате и ти и бебчињата, па колку се толку, благослов од Бога се дечињата, само здравје да ни дава Господ и нив и нам да можеме да си ги одгледаме
одете си во адриа лаб. ем бесплатно со шифра з34 ем точни резултати и фино чисто културно. сум проверувала во државна и таму во ист месец и исти рез ми даде
Здраво мешиња.... Добро, нормално ли е ова.... Значи ептен внимавам на исхранава за да не се дебелеам многу, јадам повеќе овошје и зеленчук, а осеќам деновиве како да се дебелеам, како се потешка си се чувствувам ?
Добредојде во клубот, хаха. Ќе се дуеш ко балонче... прво на почеток повеќе, па после ќе намали, па пак. Па на почеток може да ти е тешко... ќе се навикнеш. Доста од тоа е и задршка на вода, и подуеност. Ама нормално е... јас затоа им плачам секој ден на феминкиве тука.... се осеќам грда, се осеќам дебела... и ме тешат, душички, што да ми прават