Можеш парацетамол до 3 пати дневно да користиш слободно, покрај овошје, чаеви, супи, ако имаш Т слободно напиј се парацерамол, не го измачувај организмот без потреба
Кај мене од никогаш не делувал парацетамолот при температура и сега се грижам само за тоа дали му штети температурата на бебуш ((((
Штом не ти делува парацетамол јави се одма кај матичниот и прашај што смееш да пиеш зошто не е убаво да кажуваш висока температура во бременост.Јас мака мачев со темп. па од искуство ти кажувам.Со првото два месеци без престан имав температура па пошто парацетамол не делуваше ми дадоа соодветна терапија и помина.
Откако ќе се истушираш, убаво ќе се измиеш, да не опишувам сега што како, ќе чучнеш во када и така ќе го пуштиш првиот млаз а од вториот ќе собереш ама не до крај, не да доцедиш во чашка туку да прекинеш пред крај и да допразниш надвор од чашка. Значи млазот од мочниот канал директно во чашка, не да оди преку гениталиите па во чашка, ако ме разбираш, сеа многу е глупо да ти објаснувам вака ама стварно има разлика од зимање уринокултура. Значи млазот да не допре до вагината туку веднаш во чашка, затоа е најубаво чучејќи во када.
Не ти е од Утрогестанот 100%,јас од 6-та недела ставам а веќе сум 27-ма,до сега 2 пати правев уринокултура и испадна чиста а парченца си паѓаат од Утрогестанот во чашката колку и да се миеш,знам по себе.
Јас стоејки мокрам, пазам да не допре чашката до вагината и гледам млазот да го насочам право во чашката, до сега сум немала проблеми вака сум давала ама ете сега..фала ти ке чучнам нареден пат белки нема да има остатоци
Каде ја правеше на микробиологија на клиника? Матичнава ми вели тие не ни сакале да проверат кога ја виделе цела со бело
Јас сум машала со искуство со уринокултурива, веќе и дома мочам стоечки од страв пусти. Јас во државна не проверувам веќе, не ми се исплати искрено, што ќе одам да се возам развозувам по клиника за оставање, резултати, ово оно исто ми се фаќа да ја однесам кај матичниот општ и да ми ја однесат они во Адриалаб.
И мене ми е далеку ама дека бев на биохемија, па викам ај тука, па му викав на мм да вози побрзо да ја оставам што побрзо, ама не дека тие одма ја проверуваат ја редат на шалтерот Сега си викам и за брисевиве да не направат исто, и тие ке се цели бели
Абе батали ги на клиника,јас си ја носев во Адриалаб два пати,и без проблем ја примаат и испитуваат.Значи клиника за се се крш,мајко мила
Приватно ја плакаше? Сега дека се е бесплатно за трудници не знам дали во адриалаб е исто бесплатно пошто и тие работат со фондот.
Проверка на крв и мокрача по приватниве клиники е бесплатно за трудници или не? Знаеш? Јас допрва треба да одам во една приватна кај нас, а на уред на државно си имаше пишано дека за бремени со упат од матичен гинеколог не се наплаќа...
Женски на резултатот од урина со пенкало е допишано :ретко урати, Le 6-8. Нормално е да има леукоцити? Останатите кратенки не ги разбирам ама на повекето пишува негативно.
Во Адриалаб е беспари, во Авицена праат мучки, а во Фармахем се плаќа. Леукоцити во бременост се нормална појава. Ако нема бактерии, ако нема нитрити, тогаш не е страшно.