Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. pepita82

    pepita82 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    610
    Допаѓања:
    512
    керка ми се роди со замотана папочна врвца 2 пати околу врат ,јас одпосле прочитав на отпусната листа , а докторката што ме порагаше виде на ехо ама не ми кажала за да не паничам ,а не бев со царски ,само после слушнав дека се случува тоа често , само види пак што ке ти кажат ,разговарај со докторката или ако е посигурно и на 4д да те ѕирнат :* поздрав
     
  2. danielka0507

    danielka0507 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2011
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    308
    Пол:
    Женски
    Баш те мислев, си викам ни ја нема Љубичица :) ама тука си...Ајде утре со среќа...
    А болкиве може кај мене се лажни, затоа што еве денес ништо не чувствувам...и многу сум поподвижна од другиве денови...
     
  3. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    778
    Пол:
    Женски
    Се приклучувам и јас на групата девојки со болки :lol: . Само што мене мноооогу кичмата ме боли...така доле кичмата накај газот :$ . А стомакот ме приболува некогаш како да ми се иде во веце (а не ми се иде). Пошто ми е првпат незнам дали се такви тие болки, или е ова нешто друго.
     
  4. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    Кичмата боли кога бебушот е поставен грб со грб, односно лежи на кичмата твоја со грбчето, најболна позиција е тоа, помага да се изпружиш на земја со рацете и нозете и да мрдаш напред, назад, мене многу ми помогнаше оваа позиција кога ќе ми се наместеше така малиот.
     
    На silk му/ѝ се допаѓа ова.
  5. sweet.woman

    sweet.woman Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    1.226
    Допаѓања:
    745
    јас со вакви слаби болки отидов во болница на пораѓај дури ни водењакот не ми беше пукнат докторот ми го пукна две три инекции за повеќе напон и за три часа ме средија фала богу лесно поминав
     
  6. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.987
    Оооууу свит воман па зар и јас да појдам уште сега на доктор и да раѓам? :tmi: Денес немам никакви болки , не ми се повторија од синоќа, така да ако продолжат поинтензивно секако дека ќе посетам доктор, нема да чекам...
     
  7. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    560
    јас денес бев пак на цтг и на ехо, и ме прегледа докторката, и вагинално секако :( заради тоа што сношти и јас цела нок имав такви болки на неодредено време, и ми рече дека само ми било скратено грлото на матката, и ако имам наредно болки поголеми да одам на лекар, а можно било и да сум прокрварела малку... е сега што ке биде од ова ке видиме ;)
    така да ако одиш на лекар прво ке те прегледа вагинално за да види дали си отворено ;)
     
  8. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.987
    Денес немам воопшто болки дури и на депилација бев и сега само што се вратив, после 9 месеци редно време беше да се средам и јас, доста со тие бричеви и не можам никако да се средам добро, така сега све сум издепилирала и сега сум си мазна и спремна лелеее колку ми е само убавооо :$
    Се исплашив со ова болките од вчера и си велам изгледа кај и да е ќе раѓам јас па да си бидам спремна и измазена да не ме средуваат таму, е сега ако биде овие денови уште поубаво ама ако закасни малото да излезе да не треба пак да стигнам за депилација :tmi: Инаку кога ме депилираше девојката јас потскокнував од шо ме болеше малку и ете го и бебулето се јавува, мрда ли мрда и се така, мрднам јас мрдне и тоа, изгледа кога ја боли мајка му и него го боли осеќа тоа јадното :(

    Инаку за Љубичица, знам дека прво вагинално ќе ме видат дали сум отворена и последниот пат ме гледаа ама ни сантим не сум, т.е. не бев отворена и ми кажаа дека после прегледот можно е да имам малку кафеава крв ама мене ни к од крв не ми се појави и ете сеуште е така. Ај да видиме до кога вака, понеделник сум и така на преглед па да видиме што ќе каже лекарот.
     
  9. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    560
    и мене ми рече докторката дека може да прокрварам, ама ништо и кај мене...е сега ме после вагиналниот преглед многу ме боли долу, таму дури ме чепка се издржува ама отпосле мн ме боли :(
     
  10. roza102

    roza102 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2012
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    83
    и ние немаме абер за излегување ;) јас па сум се раскренала по дома,бришам прозори....перам завеси..... :lol:
     
  11. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    3.120
    Допаѓања:
    43.554
    Пол:
    Женски
    тие болки ми беа неиздржливи на мене , ме фатија кога ме примија во болница :(
    неиииздржливи болки , неможев око да склопам од нив ...
     
    На silk му/ѝ се допаѓа ова.
  12. efimija.t

    efimija.t Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    50
    здраво,мешиња.јас бев вчера до матичната,но си зела малку одмор,па си се вратив.така да,моето замотано бебче не успеав да го видам како си се плетка со папочната врвца.
    а плус немам упат земено за пораѓај.следната недела ќе сум 37 г.н.па,не е лошо да извадам в еќе.
    ајде,со среќа на сите кои броите ептен ситно и веќе сте на самиот финиш. ;)
     
  13. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.575
    Ефимија не се грижи ајде уште малку ќе се гушкате со бебушко...Многу си позитивна и тоа ми се допаѓа.
    Зар не се јави кај твојата матична да закажеш за на преглед?
     
  14. efimija.t

    efimija.t Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    50
    од понеделник се враќа на работа,па ќе одам на преглед.нема закажување кај неа,дива лига е таму.си чекаш на ред и така стигаш до преглед.
    му верувам некако на лекарот(другиот) што ме прегледа и ми кажа дека до пораѓај не е опасно.опасно е при природен пораѓај.се договаравме да ме види пак после 25ти,па ако има потреба да се договориме за царски.се надевам дека до тогаш ќе го чува Господ и нема опасност.а јас како превентива,ќе си одам кај матичната,па ќе видиме.
    позз
     
  15. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.575
    Епа добро штом се враќа во понеделник не е далеку.И да е царски не се плаши нема да се мачиш прво ли ти е?
     
  16. efimija.t

    efimija.t Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    50
    да,прво.:)
    да,така велат сите.ни бебето,ни мајката да се мачи.
    си има и предности и недостатоци..
     
  17. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    со царски нема да се мачи бебето, а мајката е поштедена само за време на пораѓајот, после околу 10тина дена ке и требаат да закрепне, сепак е операција :!:
     
  18. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.575
    Знам срце и јас бев царски си станав одма следниот ден,се наведнував,се движев...болки на стомакот немав само во кичмата 2-3 дена ама беа издржливи.Си го зимав бебето најнормално.
    Мене повеќе ми е жал за оние што се природно ем се мачат,ем сечени,ем шиени...неможат на газ да седнат 2 недели затоа не се жалам од царскиот баш царски поминавме
     
  19. pepita82

    pepita82 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    610
    Допаѓања:
    512
    јас не знам како е со царски ,ама самово име си кажува :) зашто јас природно се породив па цели 2 недели не можев да седнам па ни да лежам од раната , со царски барем за во вц мислам е полесно
     
    На SimonaTino му/ѝ се допаѓа ова.
  20. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    отвори во темата за царски и читај :D кај секој е различно. барем јас се жалам дека не поминав баш царски :D ама ке ми помине, така лесно и безболно не се станува мајка. :*
     
    На SimonaTino му/ѝ се допаѓа ова.