Се надевам што побрзо ќе осетам и јас. Бар така посмирена ќе бидам. Иначе само што го симнав рез од уринокултурата стерилен е. А се друго ми е покачено и леукоцити и седиментација и црп, незнам што сега. Ќе ја барам матичната да видиме
Нормално е во бременоста да се покачени и седиментација и леукоцити и црп, не знам зошто воопшто ти испитуваат, нема потреба од тоа. Дури и леукоцитите во урина се нормални. Ако немаш симптоми уживај, а ако имаш и урината е стерилна повтори си го испитувањето на друго место.
Ги правевте ли тестовите на инфективно, како што се за токсоплазма, хив, гонореа, хепатит и уште нешто беше? Прочитав на интернет дека до 13 недела се правеле, а јас ја завршив 13-та недела. Има ли на форумов некоја листа со задолжителни испитувања што треба да се прават, за да не прашувам само, ако може линк? И вчера не прашував за свечено фустанче туку мислев на обично фустанче што може да се носи и на работа, покомотно се осеќам во фустан па прашав за некој поасален бутик со интересна облека а не со некои торбести пантолони ради реда.
Тoксoплaзмa спaѓa вo тoрч тестoт зaеднo сo рубеoлa и цитoмегaлo, се прaви вo институт зa јaвнo здрaвје,мoже и микрo нo немaaт реaгенси мoментaлнo. Јaс прaвев прoшлa неделa. Другo ништo не прaвев, не се мaлтретирaј нaпрaзнo никoј не гo бaрa тoa и дa oдиш пo клиникине пoгoтoвo нa инфективнa секaкви имa бoлештини тaму.
Во Ваикики имаш топ туники, прекрасни. И види кај продаваат Street One, имаат бројчиња топ за трудници и моделчиња исто.
Тоа испитување се вика ТОРЧ и доста е пишувано по темава,во пребарувач можеш само торч да пишеш и ќе ти отвори доста мислења.Инаку секој гинеколог си кажува кое испитување е задолжително и кога се прави,а торчот не спаѓа меѓу задолжителни туку само ако докторот смета дека треба да се направи.Затоа,консултирај се со матичниот кога што треба да правиш,тука на форумов сите различно правиме,некоја прави торч,некоја не,исто како и за приска 1 и 2. А за трудничка гардероба зависи од вкусот,пишувавме дека има во Вајкики и фустани и панталони и други работи што ете на некои им се допаѓаат и им се погодени додека на мене ми се многу неудобни а и како модел ми се теткински да речам.А за по трудничките бутици како Премама во ГТЦ во подрум,немам коментар за моделите,полошо и понеудобно здравје,освен хеланките труднички што се супер,друго ништо нема асално.
Јас ја следев листата на испитувања од овој линк http://www.ringeraja.mk/statija/voobichaeni-pregledi-i-analizi-vo-bremenosta_1207.html а како се вика комплетно целиот тест не ми ни текна, ама и да не се задолжителни треба самите да си ги направиме задолжителни. Ако чекам на матичната, "се ќе средам" За гардеробата прочитав што напишавте, ама ми остави впечаток дека некои мислеа за елегантни фустанчиња, ма да не е ни битно. Се зезнав со Премама, ама викендов ако успеам да прошетам, повеќе внимание ќе посветам на проблемот со трудничка гардероба.
Реaлнo тoрч требa дa се прaви пред зaбременувaње не сегa aмa ете. Мене гинекoлoгoт oд систинa не ми ни спoмнa зa oвa мaтичнaвa зaпнa дa испитaм. А хив, хепaтитис имaм прaвенo пред oперaцијaтa. Oстaнaтите гoнoреa, сифилис се веќе искoренети бoлести, бaшкa aкo некoј ги имa прoјaвувaaт дoстa симптoми. Дa едитирaм сегa јa видoв стaтијaтa и врскa си немa, седиментaцијa вo бременoст не се испитувa. Пишaле брис зa клaмидијa, гoнoрејa, генитaлен херпес a кaде се вaгинaлен, цервикaлен брис и зa уреaплaзмa, стaвиле тoa штo не се испитувa. Врскa си немa тoј штo гo пишувaл
Јaс прaвев уринoкултурa и бo ред е. Пoчнaв дa гo oсеќaм 20 неделa, тaкa дa биди трперливa. Тoa мислaм декa зaвиси и oд телеснa тежинa.
Мене ми пaднa вo oчи тoa штo хемoглoбинoт гo пишувa кaкo пoсебнo испитувaње a е дел oд крвнaтa сликa. Плус железoтo кaкo нaјбитнo зa трудници нигде не е спoмнaтo.
Незнам што да ти кажам,матичен гинеколог е најбитен посебно за водење на здрава бременост.Јас ни со првото ни сега не се случило да прашам што треба следно од испитувања да правам,за тоа е задолжен докторот.На секое ме потсетува што треба да пијам,што треба да правам,кај треба да одам,па што следи на нареден преглед.Тоа е мислам и најбитно,да имаме доктор кој ќе не води,а не ние сами да прашуваме и да чепкаме по нетов за да гледаме што е следно,ми нема смисла тоа. А за трудничка гардероба и јас го имав истиот проблем,па последно од Мана си купив некои работи што не се труднички а што ќе ги носам дур да се породам.
Значи јас сум си бог да те сачува!!! Се чудам сама на себе? До пред некоја недела окупирана бев со тоа што да спремам во торбицата за пороѓај. Сега си влегов во 38 недела, абе мува не ме лази, немам абер да си спакувам торба нити за мене нити за бебе!!! Ни основните работи не ги есапам да си ги тргнам на страна барем.
Леле истата сум еј. Вчера бев со маж ми пазаревме божем за во болница ситници ете ги уште во кеси си седат стварите. За бебево исправ уште пред две недели и никако да се нафатам да испеглам. Дури испланирав викендов во маврово да идам. Свекор ми се смее вика абе како во 9 месец може болки да те фатат. Ма мува не ме лази
Чаре... лежи, одмарај, помалку солено. Јас цела бременост ја истерав без отоци, дури сега во 9 месец почнав да отекувам и знам дека е до времево дека е потопло...
Блазеси ви девојки што осеќате, јас одвај чекам Иначе ќе пијам цефалексин 8 дена 2x2 незнам дали е многу или не ама тоа е Пиела ли некоја цефалексин, мене многу ми е страв да пијам антибиотици, ваљда не е штетно
Haha i jas nemam torbica! Vo kesa od prodavnica ke spakovame hah se salam. Planiram vikendov vo Anzi da pobaram. Da ne ima tamu obleka i za mama da ne znaete ?
А да ве прашам: за жолтица испитување има посебно или во торчов спаѓа? Денес на последните брисеви бев и матичниов, ко по обичај лут дека ме немало толку време кај него (па на приватно си бев, шо туку се лути, аман е!) . Му викам пишете ми нешто во мајчината, ми вика нека ти пиши тој што те гледа на ехо. Ај да не се расправам реков, па ме сецна наеднаш и ми вика: напрај испитување за жолтица? И јас цела прашалници. Help? @AngelOfArh Кажи ми овој инфективен скрининг што го бараат во Санте кој е? Нели три работи ни бараат; брисеви, Rh фактор и ова. Да не знаете и торбици убави каде има за на количка па и за во болница? Утре во Анжи сакам да видам, и ќе ви кажам што како. Убав ден