пред се да се извинам на некативноста..денес многу ме потресе веста дека една моја поранешна другарка починала при пораќај заради откачување на тром сето ова многу ми удри на психа дури и премногу..се плашам многу само лошо размислувам затоа што јас носам наочари поради слаб вид и страбизам..и се јавив на матичната да побарам царски мислам дека тоа ми е помал ризик за страв..паничар сум по природа ама ова некако ептен си го ставив на срце
Јас исто така се потресов ден пред свадба кога дознав дека моја пријателка и починало бебето во стомачето а она чекала да ја фатат болки за да се породи зашто терминот и бил поминат неможев да се смирам ми беше многу криво за неа, само тоа е божја работа ние да си бидиме позитивни и да не паничиме само со позитивна мисла напред
попзитивно да ама од нашиве доктори оди па мисли позитивно..нема да се смирам додека не ми одобрат царски.а и на второ дете не ни помислувам а многу сакав
Ej женски вакви муабети ич не сакам! И јас кога останав бремена првиот пат,со мене останаа и две најдобри другарки,замислете едната умртвен плодот,другата побаци ама тоа не значеше дека јас нема да родам,ќе побацев и слично не мислете на такви работи...Точно е дека од судбината не се бега ама да не потклекнуваме сега...тоа никако незначи дека и нас ќе ни се случи,ве гушкам и без вакви мисли ок?
мешиња ајде едно прашање за тие кои слушнале или знаат. Од каков пороѓај останува повеке стомак од царски или од природен се жена повеке шири во колкови? хехехее јас таа мисла си ја имам во глава поздрав
и мене ме боли поготово нозете...мм м масира и тоа многу ми помага.земи исто и калциум вита ц на крка се,и они ми помагаат по едно на ден.
Локи стварно не знам зависи од кожата Еве јас со царски бев и нас во болница ни ставаа инекции за собирање на матката,кај оние што беа природно породени не им ставаа,абе што си е природно природно си е!
тоа е срцка имало и ке има за жал вакви и слични случаи со лош крај али не мислите на тоа сега ке ви биде полошо на психата врувајте и јас се породив прв пат во 33 гн еден месец на гак бебето едвај го извадив од таму во 17 н имав спонтан на втората бременост тек третата ми беше нон стоп со контракции и крварење па се породив 16 дена после термин значи како е пишано така ке биде без негативни мисли само со верба во бог дека се е добро и се ке помине добро ке се гушкаш во твоето бебче и друго не ти треба да мислиш ништо
Леле за ова ќотек треба да јадеш абе ајде малку храбро, еве за да те охрабрам една вистинска приказна за една храбра жена од 50 килца која роди 3 дечиња во рок од две и пол години. Првото и второто (девојчиња) родени во Охрид, додека со сопругот живеела во Кичево, првите две на разлика година и 4 месеци а третото (машко) со второто разлика 11 месеци (еден месец во годината имаат исто години) родено е во Струмица. Знам дека со приказнава можам да си го откријам идентитетот ама ако ти даде кураж Форко да не се плашиш, се исплати да ме препознае пола форум. Сите три ги родила природно, во време кога немало пренатална грижа, ехо и триста други глупоштии што ни ги нудат нам сега (се породувала во период од '81-'84). Денес таа и тие деца се здрави прави и се нејзина најголема радост. Најстарото сум јас! Поентата на ова погоре ми е следнава: Сите ние сме мали чуда на природата, а ако сакаш да се увериш во тоа само сети се дека и ти пред 20-30 години си била нечие мало чудо. СТравот само ќе ти направи дополнителни проблеми. Има една стара кинеска (мм не може да ја поднесе ама јас си ја сакам) "Ако си многу жеден, водата ќе го најде патот до тебе. Ако го повикаш стравот, ќе дојде како змеј и ќе те уништи." Не си го повикувај змејот, повикај си ја водата
Форко и сите останати идни мамици...Воопшто немојте да размислувате на такви работи...Јас бев доста ризичен случај, со констатирана тромбоцитопенија, односно многу намалени тромбоцити..па имав одлична операција, односно царски рез...Воопшто не ни размислував што може да се случи, само дека се ќе биде ок и за мене и бебето..И нормално имав страв од самиот пороѓај, што е и нормално...Кој не се плаши? Се ќе биде во ред, само јака позитивна мисла и исчекување на најубавиот момент на светот... Со лесно на сите идни мамици..
Здраво на сите,мене ми треба мала помош од искусните мамички. Ме интересира за мене,сега сум тазе бремена-2 и 5 дена така нешто,планирам да одам по прв пат во бременоста на преглед неделава,али пошто пред оваа бременост имам поминато еден спонтан мие страв.Докторкава прошлата бременост ме прегледуваше цело време вагинално и дури не е угодно со мали болку беше кога ке почнеше да ми мрда со тоа во мене,сакам да прешам за сега дали мора така да ме прегледА или може со обично на стомак,се плашам да не му наштетам на бебето,ве молам за помош незнам што да правам?
па ке си се изјасниш дека не сакаш да ти врши вагинален преглед и готово нека те гледа на 4д ехо или 3 д ехо апарат и не заборавај побарај си прогестерон превентивно
Фала ти на помошта,мислев да не неможе да се види без вагинално,затоа,ама ете можеби ке може,и да несакам вагинално никако
Crnka88 срце почекај малку уште една недела-две да не се малтретираш со вагиналното и јас го мразам таман бебушко ќе пркне и ќе си го видиш на ехо
срце ако си толку малку време бремена а сакаш да идеш на ехо мора да те прегледат така затоа што мислам дека повеќе се гледа, и јас несакам воопшто вагинално али мораше така бидејќи кога појдов на 2 недели прв пат не се гледаше убаво ни вагинално ни па на 4д само како точка
Здраво мамички еве ме и мене после долг период јас сум веќе 4 ипол месеци и се осеќам супер бебушко почна да мрда претежно навечер. За две недели здравје Боже сме на 4д и се надевам ќе биде се супер како и досега имам мешенце и сум поправена 3-4 кила позд и се најубаво на сите
Пред се добредојде мегу нас, ти посакувам убава и лесна бременост. Јас ке ти го кажам мојот случај. Кога дознав дека сум бремена не бев во Македонија, и во 4гн отидов на гинеколог каде само преку крв ми потврдија бременост а за 2 недели отидов на надворешно ехо и ми потврдија срцева акцја (да не се паничиш кај некои и покасно се утврдува 7-8 недела).. Си дојдов на почеток на 4 месец и до сега ме немаат прегледувано вагинално, што значи дека ако несакаш и ако имаш свои причини ке си кажеш па има начин на овој или оној да си го решиш проблемот. Точно е дека понекогаш мора да истрпиме нешто што не сакаме, јас на пример мнооогу ги мразам брисевите, но кога се мора и кога нема начин ке истрпиме.. Немој да се оптеретуваш, битно е ти како се осекаш и имаш право да си го кажеш тоа и да не трпиш.. Поздравче и се најубаво