И мене ми е лошо и ќе ти кажам што правам. Прво имам во мене ПЕЗ бонбончиња, никако не се оптеретувам со храна (тешка, мрсна) туку јадам многу салати бидејќи ме освежуваат и пијам вода. Мене ми е лошо и навечер.
да си се пофалам после моето две месечно неидење на доктор денес бев на контрола. Ку*лето на мама е добро претка и е свртено бар денес надоле со главчето на десна страна. е сега дали ке се врти или ке си остане така тоа незнам. Инаку нели сум 28 недела и некој ден а тешко е 1кг и 280 гр а јас сиротката останав со 56 а сега имам 71 ајт да сум си жива и здрава
Да ви се пофалам: Денес бев на редовна ехо контрола и се е супер не е веќе карлично,тешко е 1,800кг долго 34см и така уште крв да проверам од сабајле од понеделник матичната ми е прва Сега сум 8ми се поправив 15кг и еве веќе 3 дена немам апетит,ме мачат киселини и ништо не ми помага(до +20 да дојдам со килажава супер ќе биде)
Епа ајде и јас да се пофалам дека денес бев на контрола само со килажава не сум за фалење 13 килца во плус друго се беше ок, бебушката дефинитивно е женска ке си носи од дадичка аливца , ама и палавка изгледа ке е како неа клоца мава на сите страни ,а почнала да зазема главична позиција се надевам така ке остане , женска 1,260кг а мама ехее , само нека се олесниме како што треба тоа е најбитно !
karak и pepita82 се собравме вака тркачко друштво да се тешиме хахахахха Ај нека се живи и здрави Пепита за трето си мислела? Маж ми сака девојче ,малку му фали некоја бубачка во главата да ме форсира после некое време ама нема да му се "дадам". Мислам за нашиов стандард две дечиња таман се
море море добро си ти. Него кај ќе одам јас 7 ми месец со 15 кила на мене во плус се разбира . Да бе што ни текнало денес на сите најверојатно е ден за контроли и споредување на килажа
Ќе ослабеш не се секирај (ама и не претерувај),јас со првото така +30 мислев дека никогаш нема да си ги облечам "старите" фармерки...ми требаше малку време (2 години) ама влегов во нив и што пак трудна
за трето неееее , одвај издржувам сега ,искрено се восхитувам кога ке видам така срекно семејство со повеке дечиња ,ама и немам услови за три, Симона ти си помлада може да одиш на керка мм ме теши ајде вика издржи уште сега и толку ,малку до душа ги обеси ушите кога му кажав дека пак ке имаме керкичка ама не сака да признае ,ама и ептен сме женска фамилија да сме живи и здрави
И ние многу сакаме да имаме три дечиња, но рано е сеуште, да видиме како ке не биде со едно, па друго..па има време.. Инаку онака на муабет си сакаме три но само здравје па си има време.. Инаку кај нас мм сакаше многууу керка и кога слушна машко.. мислам дека се разочара до тој степен што му се налутив дури и лично го сватив тоа дека не е срекен, па 300 убедувања дека не е така и сл. Инаку убаво е да се има големо семејство, нормално дај Боже секој да може да си дочека, но на оваа денешница и тешко е.. И сега ми текна да се пофалам.. хаха конечно во Вторник сум на контрола, и за прв пат треба да идам на ЦТГ кое што пред некое време ми изгледаше далечно и викав имам време до тогаш, само се да биде како што треба.. Значи како лета времево не ми се верува.. Пребрзо!! А и како ме фака страаавв да не зборам.. Поздравче до ситеее
Meшиња како сте ми утрово,мене одамна ме немало. Да не се жалама многу ама од многу обврски ретко постигнувам се тромаво и споро ми оди се ама се трудам па не се важи тос што сум спора Инаку pepita82 и "SimonaTino ме изнасмеавте со муабетиве,маживе чим ви се дечари мора да им ги исполните желбите А што да кажам јас што маж ми сака 5 деца Само ако се согласи да потпише дека он ќе ги чува , па ако се погодат сите 5 ко ќерками која ее до голема тешко се успива незнам дали и до трето ке стигнеме Ајде баш ми е мило што сте сите добро инаку јас сум 32 недела и дајте некој лек за кичмава ужасно ме боли не се спие навечер ... Ајде со лесно на сите што им остана уште малку па може ќе се сретнеме на гинекологија
Мама25 за кичма лек мислам дека ке биде само кога ке се олесниме ама тогаш обврски околу бебците,додуша масажа добро би ми дошло ама мм по цел ден е на работа и кога ке му кажам да ме измасира а бебушка изгледа е легната на некој нерв цела лева страна ми е укочена за кичмата да не зборам денес дури ми се плаче како ке издржам уште 2 месеца ,цел ден како робот се движам ,а керка ми сиротка ме тера криенка да играме и ми вика : '' мамо зошто така чудно одиш ''
Дај Боже после да ги снема болкиве ама јас и претходно мака мачев ама сега потешко ми е сум земала едно тврдо мече од ќерка ми и со него спијам под грбб си го ставам,навечер го кријам да не го види зошто ми го бара абе циркуси сум. Инаку сум активна цел ден и навешер кога ќе легнам мислам дека ќе се одморам ама ништо,како би ми дошло добро една профи масажа Пепитке како го прифаќа малецката бебушот и објасни ли дека мама има во мешето бебенце? Мојава денес памти утре не У последно време многу ми се пика во скут одвај ја држам,којзнае како ќе реагираат кога ќе се породиме...
Здраво мешиња како сте денес? Еве и јас да се пожалам ама цела вечер не заспав од болки во грбот и кичмата. Па ова моето дрндесто само боксови си добивам,хахахах. Нешто лек за овие болките мамички да не знаете,некако барем да ги намалам,никако не можам да најдам соодветна положба за спиење.
На почетокот се плашев како ке реагира после 4 ти месец и кажав мн се израдува јасно и е ,сега ми го гали мешето и само прашува кога ке излезе бебето да си играат не бара да ја кревам во раце ,ако види дека лежам доага да ме погали ,прашува дали мн клоца бебето повеке и од мм ме чува душичка , само пред некој ден низ солзи ме праша кој ке ја чува кога ке бидам во болница за нејзина возраст премногу ги свака работиве како адвокат ни е дома , се надевам дека ке остане вака и бебето кога ке стигне (излеговме малку од темата ) за муабетов со купување пред време суеверие ништо друго, подобро некои работи да се купат со време ,зошто после со бебчето нема да може да шетате по продавници , барем не како сега кога сте послободни
Мислам дека еднаш кога беше заклучена темава се отвори на ваше барање и рековте дека ќе внимавате што пишувате тука, а за се што има тема ќе пишувате таму. Јас само да ве потсетам на тоа, да не оди темава пак под клуч, не е прегледно за се да се пишува тука, затоа и си постојат посебни теми, па ве замолувам да го почитувате тоа. bremenost/raspored-na-spienje-so-novoto-bebe-t16563/ bremenost/masaza-vo-bremenosta-t16564/ Овие мислења се одделени како нови теми, ако гледате дека нема тема за вашето прашање за кое сакате да добиете повеќе мислења слободно отворете нова.
Mama25 доста е бебиња...нека ни се здрави и живи не е лесно да се носи бебе,да се роди и гледа... Ти викаш може ако он ги чува,јас тоа за второво му го реков а за трето му реков да си направи...дека нема да му се лутам ич само мене да не ме закача И јас сакам деца мнооогу,ама одговорност си се,сакам да бидат задоволени од се...јас имав прилично сиромашно детство и некогаш не ми беше лесно поготово кога морав да работам за да чекам матура... Тоа е друга тема да не должам,сакав еден пример да ви кажам колку сакам да имаат подобро и безгрижно детство...како и секоја мајка А дека на породилно ќе се сретнеме и јас мислам така сакам да ве запознаам дури и во тие услови Локи се спермила хахаххахаха браво!!!Делгадина исто! А бе мамички терајте кефот... Знам како ви расте срцето кога ги гледате оние слатки мали "парталчиња",јас сакам да одам да купам секој ден....се мислам само кога и еве одлучив од први Зошто знам ќе ги купам само ќе ги гледам и мирисам,па ќе почнам да копнеам да му ги облечам што побрзо Ве поздравувам сите
Katalea ти мила си тешка во 35та недела , а јас во 32 како ѓуле се осеќам....Одам како мечка буквално ме болат препоните
anule88 мене ми се случува ова што и на тебе.... Ама буквално!!!Почнува нервоза да ме фаќа... Ако поседам\полежам подолго во една иста положба се укочувам цела,како зипо на гурање сум после дур се раздвижам време треба ваква сум