женички мои,мамички и идни мамички...нека ви е среќен 8-ми Mарт! да сте секогаш среќни,почитувани и сакани....
Мамички, да ве прашам нешто.. Јас сум 18 недела бремена, во 20та недела ни рекоа да направиме 4Д ехо, т.е. скрининг, нели за не дај Боже аномалии. Па сакав да ве прашам- смеам да го направам малку покасно или мора во таа недела? Затоа што ми каснат со плавите картончиња, ако морам таа недела да си закажам на приватно, па ќе си платам 2500, што да правам.. Ви благодарам, поздравче и Среќен 8ми Март!
не те обврзуваат во таа недела да правиш туку ти кажуваат од која до која можеш да ги направиш.не се секавам како јас ги правев знам првите брисеви ми беа во 12гн а после мислам беа од 20 до 25 ама не ме држи за збор.прашај го матичниот он најубаво ќе ти каже од кога до кога.A и може да те почека за картончиња едино ќе ти требаат за на гак да ги дадеш брисевите таму без картони нема.
Форко е во право, јас знам дека е од 20 до 23 недела.секој гиниколог разлочно кажува но како и да е имаш простор за подоцна. Но доколку правиш скрининг на Гак закажи си со време. позз
има 3 главни скрининзи првиот стрикно во 12 недела за даунов синдром ,вториот 20-22 недела и 28 недела за ехо кардиографја на срцето на бебечето значи ти имаш период од 2 недели да доприш до плави картончиња а веке не доперш до картони оди приватно 1500--2000 денари е мислам во систина и ремедика
Aј сега јас сум на ред да прашам детево не ми лупа како што ми лупаше како да и се помеки ударците.покротки...не толку чести нормално е ова или мене само така ми се чини затоа што дома мирував а сега на работа па не обрнувам исто внимание.
нормално е немај мака, сега како ке расте бебето движењата ке му станат по ретки оти ке нема многу место за мрдање во мешето, сепак обрнувај внимание најмалку 10 пати треба да го осетиш во текот на денот. Така мене ми кажа докторката додека одев на цтг последните недели. Нема место за загриженост, уживај си во бременоста и наспиј се колку можеш повеке за да не плачиш за сон како мене секоа вечер
Aма дека рано е затоа ме зачуди.за осеќање ја осеќам него ете така чудно ми дојде.нели некои викаат дека некогаш и си зимаат слободен ден и дека не е правило дека треба секој ден да мрда.. фала ти
точно и во стомакот си имаат периоди кога многу спијат и не им е до мрдање, моето бебе после 30та недела многу ретко го осекав па и na цтг кога почнав да одам ми го тресеше докторката стомакот за да го разбуди, и да е живо и здраво еве и сега е таков по цел ден спие, се буди јаде и одма очичките ги преметка, за тоа па навечер ми наплаќа се е до човекот, не се коси позз
Forko мила моево бебче зема пауза и тоа на два пати по 2-3 дена ,докторот ми рече ете едноставно не му е денот така му дошло и не му се клоца ,и тоа како нас првиот пат беше така ,вториот пат кога го стиснав имам пишувано погоре кога се засркнав скоро 4 дена беше скупчено исплашено кутрото,ама после тоа за се ми наплати ,јас не бројам движења пошто кога сум цел ден на нога го осекам кутрото доле спуштено а кога ке легнам да одмарам на сите страни клоца не знам како е извртено,на 13 сум на контрола се надевам веке е завртено со главчето
Добар ден и од мене и ви посакувам на сите Срекен 8-ми Март.. Секогаш љубов, разбирање, срека и здравје.. Форко, не се грижи душо, со тек на време ударите ке се претворат во движења кои ке ги чувствуваш, како што кажаа и предходно а и ти си знаеш нормално затоа што нема простор.. Него сакам посебно да ги поздравам Сењорита Ломбарди и Анчетупанче како и сите други веке мамички кои сеуште се тука со нас мешковците а верувам дека и јас ке бидам истата, некако многу се поврзавме за да се разделиме тукутака.. Инаку Анчетупанче како си душо ти? Како е Филипчо срце мало, душата ти ја извади уште во мешето.. Те мислам и баш мислев да ти пишам да те прашам како си? Ми остана во сеќавање твојата авантуристичка бременост и колку беше карана од нас Ве поздравувам сите и имајте најубав ден!!
фала ви срцки мои мојава веќе е свртена за надоле.само да ја средам уриноплазмата и тој брис за стрептокока и раат ќе сум.само се молам на бога да е здрава права друго не ми е битно.само уште да ве прашам за мислење,дали да правам анализи за тромбоза иако матичниот ми вика дека се ми е во ред со постелката и целата бременост ми е супер.што мислите?
Јас немам правено такви анализи, и сметам дека доколку матичниот ти вика дека нема потреба, тогаш ситурно знае.. Мое мислење е дека нема потреба да правиш, нормално како што кажуваш нема ни причина
не не,вика дека се си е во ред.ама ете јас сум се исплашила од умирачка и тоа е ќе те послушам.фала ти срц
Поздрав мамички и од мене. Гледам напредувате,кај и да е ќе си се галите со бебчињата. Форко нормално е да се намалени движењата, до крај се повеќе и повеќе ќе се намалуваат. Тесно е веќе, се спрема за надвор Анчетупанче како си срце? Леле напорно ова со бебињава, се нема време ни за до веце...? Ви посакувам на сите здрави и прави бебенца, и лесно породување. Потоа следува најслаткиот период во животот.
ете мене ме удрија хормони па ме расплакавте многу работи во текот на бременоста да не бевте вие немаше ни да ги знам без ваша помош,со тоа сваќам дека сеуште има добри луѓе.ве засакав сите како да ве познавам и искрено сте ми многу мили.се надевам еден ден сите ќе се запознаеме
Среќен 8-ми март и од мене Јас денес ќе бидам помалце активна, мм вадеше 8-ца со операција вчера, па си се негуваме (а ова малово некако љубоморно бре )
немој воопшто да се секираш може си е и мирно бебувче, а секако дека има денови кога помлаку ке го осекаш, т.е забележи во кој период од денот најчесто го осекаш, јас до кај 13 часот ич не го осекав ама затоа пак после дел ден мрдаше, хехех моево до последен ден го осекав исто значи стомакот партал ми го направи дури и си мислев дека имам модринки по ребрата, еххехе а и јас мислев дека последните недели ке се намали движењето ама не беше така,