Кај мене не знам што се дешава, се имам расчистено, дали гнездење ме фаќа, дали од што сум му лута на мм, не знам. Се исчистив уште едно сопче ама тоа е на мм и не го пипкам, нек си чисти сам таму. Вечер ќе пегламе на буцко алиштенца, ако е гнездење да е бар се спремно. Дури и се спакував замислете Па, па, па... И нормално коската кај дундата ме кине, легнав демек ама не можам да си ги спојам нозете, Онли мила нормално е во овој период, трето тромесечје уште трепките на очите не ме здоболеле. Секс помагаше ама еве три недели откако ме исплаши човеков траеме, да му се одлутам на мм и ќе пробам иљачот дали делува во 9ти месец. Туку Иви ми ја нема, женче тебе те чекам па на мене е ред И во подршка има многу новини, ајде женчиња сите да се нацртате пред да киднам.
Следен пат кога ќе се организирате рачунајте ме. После Систина бев со мм пеш до центар и назад во Козле. Нозе не ме држат.
Па не знам. Не брзавме, со одмори на клупи, па јадевме, па назад. Немав избор, сакав во еден правец, ама се е блокирано од протести. Немаше автобус. :/
Јас до пред недела дневно по 7-10 км пешачев. И тоа само до една болница, до друга. По резултати, па ваму, па таму оди. Незнам од кога не сум се пицнала да испаднам и да уживам малку. Веке ми е многу, неможам да издржам. Еве денес не сум мрднала никаде. Бубрезите ме болат, цел ден плачам од нив. Едвај се издржува. Ке пукнам, не можам. Едно болка, многу сум и чувствителна, вака не сум била во сите овие 17 недели. 20 дена држев иста килажа. за 4 дена ми покажа плус 3 кг, не се масти, задржани течности, со сигурност, ама не ќе да е на арно. се жалам знам, се извинувам за негативните постови.
Сите имаме по некој таков пост,затоа сме тука да ни олесни, да си помагаме. А од што те болат бубрезите ? Нормално ли е?
Лелле, сега се осветувам, цел ден само спијам не знам што ми е, ниту јадам само спијам. Паразит. Туку сега каснав таратурче си направив и поарно ми дојде и кафе сварив да не ми е низок притисокот ( и 1 цигара запалив, за тие што осудуваат не читајте, ама пушам по една во денот). Поарно ми е. @DigY и јас сум за сладолед кога нема да ми се гади @LadyC која недела си што ти се појави кафеав исцедок?
Јас се олеснив веќе, ама ова со сладоледов од палма не ви требаше. Кажувајте каде и кога...или не примате издишани мешиња? :\
Во неделата се породив, ама како уште да сум трудна, благо јадам ехеее... Во државна се породив. Кажувајте која палма. Мене оваа карпош ми е блиску само децава уште да најдам некој да ги чува