Леле кога ги читам муабетиве ко јас сама да сум ги пишувала значи вчера ми беше хорор ноќ, полоша вечер не сум имала, кај неможев да се наместам, прво перниците ме нервираа, па носов уште ми течи како чешма ми нема спас, тоалетната до мене и си дежурав целаааа ноќ, стани појди до тоалет олесни се напиј се вода пак легни врти се врти се, пак стани пак вода, пак легни си и киселини ко ме фатија беше крај на прикаската, заспав у 9 сабајле станав у 12 и цел ден сум како Круела де вил во буквална смисла на зборот, за вечерва се моооооооолааааам да заспијам се молаааааааааам извинете што сум малку негативна ама ич не ми е ок периодов, ко да се зарекнав супер бременост немам гајле и сеа оп чуди се
Абе упат за пораѓај ми даде ,а за на цтг не. Ми рече само на 29 на терминот оти паѓа во петок ако сакам можам да одам кај него, а ако неодам кај него тогаш на 30 во болница да си одам па дури тогаш и на цтг да ме стават ако не се породам дотогаш. Нема до одам сега за сега дури не ми помини терминот ако дочекаме до тогаш така ми кажа докторот како што напишав погоре а иначе ljubicicaa ке си одам на природно, а кај кој доктор не одлучив и да ти кажам право се мислам на тој шо ке налетам, оти можи со болки да сум подолго, па да се сменат, па да начекам други ке видиме
Како сте буциња ?Јас почнувам да се мачам со несоницата По сто пати се будам и се превртувам во текот на ноќта.И спиењето не е спиење.Незнам зошто но постојано сонувам како се породувам ,постојано сонувам бебиња Можеби затоа што многу мислам на тоа незнам.Дури понекогаш и страв ме фаќа од таквите сонови Инаку се тркалам некако но од ден во ден се потешко.Веке влегов во 8 месец и станува напорно Што од бебето што од големиот апетит за јадење хехех. Утре сум на контрола па ке видиме кој има порастено повеќе дали бебето или мама Веќе почнав и со перење на постелината на бебето и средвање на собата во која ке престојува затоа што незнам каква ке ми биде состојбата во деветиот месец.Надвор времето е прекрасно па ви посакувам убав ден
Моето женско Одвај чекам да се породам неможам повеќе да се гледам ваква како слонче сум освен хеланки и туники ништо друго неможам да облечам твоето какво е ?
хе хе несоницата ке трае и ке трае, јас иако не сум многу голема, ни во стомак, ни во килажа па несоница имам некаде од јкај седми месец и секогаш сум различна кога ке се местам од една страна на друга, секогаш се бидам оти ме притиска дури се наместам, кај станувам многу пати за во вц, а има и што секогаш се будам во исто време со некоја минута плус минус и знаете што секогаш си викам па тоа така госпот сака, не учи предвреме како е да се биде мајка не тренира дали ке сме осетливи и ке си внимаваме преку цела ноќ на нашите бебушки
мој совет тие да си се договориш со некој, а не да чекаш и да те породи кој ке биде на смена, верувај од искуство ти кажувам, камо јас да се договорев пред време... дури и за природно може да се договориш со докторот
да, и за тоа треба упат од матичниот гинеколог, јас првиот пат кога отидов немав и си платив 1000 ден, ама кога им однесов упат ми ги вратиа тие 1000 ден и платив само 150 ден
Zdravo mamicki denes bev i kaj maticniot i on isto potvrdi deka bebeto za Edna nedela e pomalo. Nezznam Od shto Moze da zaostane razvojot. Ve molam mamicki ako ima nekoj slicno vakov problem da mi odg. Mn sum zagrizena
Абе највероватно ми е дека би одела кај чипурова веќе ти кажав, па се думам дали да појдам сега за една недела како на контрола кај неа или ко ке почнувам да одам на цтг да ја барам неа на смена, иако ми ја кажаа како една од полошите доктори, мојот матичен нели соработува со неа, а и јас сум таква ко ке ми ја кажат некоја дека е лоша јас таму одам ( лоша во смисла пари дека си земала или си барала нешто плус, а и лошо се понашал, ама тоа е ако не си кај неа највероватно, иначе во однос на работаат си била супер докторка )
највероватно си имала касна овулација кога си останала бремена, гинеколозите рачунаат бременост според последната менструација, и овулација на средина на месец ти може си имала една недела по касно овулација и за тоа бебето е за една недела по мало, а и не секогаш е точна пресметката на лекарите, нема место за паника уживај си во бременоста.
Гладиола не се секирај тоа не е ништо секогаш кај бебината им се дава недела минус или плус се то тоа е во зависност на овулацијата која никој неможе да каже точно кога настанала немој да се секираш и да паничиш не е тоа застој во развојот тоа си се развива токму како што си се зачнало
Falaa vi mamicki no nekako sum premnogu isplashena. Ke vidime sega na 25 Mart dali ke ima promeni falaa vi mnoguu
и мене 1нед ми бесе помала па сега е 1нед поголема и јас кревав паника ама точно е тоа дека секое дете си се развива индивидуално.и на крај се си е како што треба.без паника
мешиња ако сакате бебето да ви напредува во килажа јадете повеќе компири, месо, јајца и млеко. Проверено поздрав
за пари сите ке ти земат пари,вака или онака. ама најубо да платис предвреме па да те гледаат како човек, зато шо ти и откако ке се породиш ке му дајш пари и на докторот, на бабицата на сестрата...