Здраво и од мене мешиња. Читав дека некои од вас земаат флуор за забите па сакав да знам дали може да се земе без рецепт во аптека сакам и јас да почнам да ги земам. Позз
Да може без рецепт. Баш пред некој ден бевме на забар и повторно се консултирав со стоматологот, кажа дека се пие по едно на ден, но без обврска, ако се заборави да не се потресуваме, не е страшно . Всушност ќе му дојде како витамини, дневната доза може да се надополни и со исхрана.
Па и не треба многу памет да се поверува судејќи по темата за свекрви и снаи, веќе ништо не може да не изненади.
Добро утро и од мене незнам дали приметивте ама еве веќе 2 дена ни ја нема Леонтина Како сте вие денес ?
Идни мамички, а ние кои немаме мешиња а верно ве следиме ќе дадете ли да апнеме по некоја мекица кога ке дојде време?
Мекици даваме на сите, да ве фати мајата cecilia со лесно нека ти помине остатокот од бременоста и жива и здрава да биде малата кукла.
Еее таман работа да не даваме мекици секако дека даваме како што кажа Меу да ве фати маја Cecilia да е жива и здрава малата принцеза, со лесно нека ти е Абе DeepBlue знаеш дека ги жалам луѓето како тебе ? немаш попаметна работа па си го пикаш носот кај што не му е местото , ти треба внимание или што ти е проблемот? Како и да е не си интересен !!!
Уник море кога ќе размислам многу е во право човекот, но сепак мислам дека многу од денешните трудници не се веќе така лигави. Како и да е, неможе да негираме дека и вакви какви што опиша он нема, Бог да чува од женска беља.
Да ама можеше тоа да го пише како на пр. сакам да ви дадам совет или нешто сл. А не да се прави дека е он труден.. бог да чува.. Како и да е не е заслужен да се полни темава со мислења за него.. Пс. Мислам дека стварно е потребно смајли што се крсти....
Здраво и пред се ти посакувам лесна бременост и пред се без нервирање. Искрено се насмевнав малку поврзано со тоа што си седела на тел.и нет. искрено не обрнувај внимание на работи кои не вредат, што се вели од едно уво влегло од друго излегло, барем јас така права. Јас сум во 13-тата недела и гледам нервозата да ја избегнувам, а ти немој да се оптоваруваш што и како рекла, ти внимавај на твоето бебенце и уживај си и насмевка секогаш.Поздрав и пријатен ден
Добро утро , како сте ми? Јас сум ок, добро се држиме за сега, чекам пак да помине ова топлотниот бран, кажаа до среда па ќе видиме. Денес решивме да одиме до Грција(пак), па се надевам дека покрај вода нема да е толку топло. Во четвртокот кога бевме, беше одлично, но не беа така високи температурите, а и наоблачено беше, за мерак. Се читкаме вечер, имајте убав ден
Душичке не си сама и јас така си мислам а и си се нервирам самата себе си оти еден ден сум многу арна еден ден ич не сум арна се ме боли, ми е мака, ми се спие по цел ден ке си пукнам во кожата оти не сум била такава сум била активна, дури ни на ком неможам да седам, а за нервозата ич да не прајме муабет оти не да ме јади ме изеде цела Дали на некој му се дешаваше исто како мене еден ден арна еден ден неарна?
Добро утро и од мене девојки или добар ден , за кого како. Jас сеуште не сум почнала да се мачкам со некој крем против стрии на мешето, а мислам дека веќе треба да почнам, но бидејќи не живеам во MK, тука прашав во некои аптеки и има креми за трудници за против стрии ама многу с ескапи, од 28 до 35 евра се и гледав нешто на нет па најдов дека многу трудници го користат маслото на Еуцерин и еве веќе го порачав вечер ќе ми го донесат, па би сакала да прашам некоја од вас ако го користела дали има фајде и колку сте задоволни од него.
ти благодарам многу и јас процитав мн работи на интеренет и сега сум посмирена инаку пијам чај од брусница и некои апчиња на база на брусница, и многу течности па се надевам ке ја исчистам за брзо бидејки и сум ја имала вп многу мала количина, ама стравот пак си постои