а од кога почнува да се потспушта стомакот. мм Ми вика како да ми е потспуштен, А сите ми викаат машала ќе сум се породела пред време т.е. немало да го носам до крај затоа што сум си била голема де Јас им викам да ми јадете г***т
еве да ви се пофалам закажав царски во 38 г.н ке правам ептен сум среќна се ближи времето бацки до ситеее
не бе Форко какви фуфки само се плашам уште ништо не ми е подготвено се си викам има време а си планирам прво генералка по дома па средување торбици па бебшки алишта ехе а ако ме изненади бебушко ЛОКИ значи закажа јас мислев ке се дружиме на клиника а ако се заврти бебчето во меѓувреме ? КАРАК мене ми е спуштен стомаков цело време мислам цела бременост некако ниско го носам горе кај желудникот како празнина имам а мислам дека последната недела би требало да се спушти кога ке почне да се подготвува за искачање
му се молам на господ да не се сврти а и доктор рече нема шанси затоа што е големо а и цела бременост така си седи.
Леле forko не зафркавај xaxaxaxa Ако,ако јас се радувам кога сум пред другите,кога ќе се породам ќе ја посетувам темава,да видам ти кога ќе влезеш во 9ти што ќе коментираш ,а да се смејам јас што сум коментирала Pepita и јас си планирам мнооогу работи и утрешниот резултат на прегледот ќе ме спофрка каша попара мозоков ќе ми го направи па колку ќе средам само господ знае...Денес дефинитивно правам список за мене и бебето што е потребно да се купи и спреми...Утре ми се прере паметот Loki за жал не е од Скопје нели?А како испадна да биде 38ма недела дозна ли од што зависи? А дека треба да прокрвариш за да се отвориш мислам дека нема врска со првото бебе бев отворена 2-3 прста цели две недели,па таму нешто ми направија со рака(изгледа ме отворија,тогаш прокрварев)и од 5 прста не мрднав(се заглави лифтот ) Каrak и мене некако ми е спуштен ама не од сега и мене некако цела бременост ми е ниско (како да е тажен )и да ти го јадат га зот дааааа....и на мене ana.tinkerbell мене првиот пат не ми ни текна да ја земам мајчината книшка и никој не ми ја побара... Овој пат не ја пакувам со мене само на мажми ќе му кажам кај е во случај да ја побараат (што не ми се верува)па да ја донесе ПОЗДРАВ ДАМИ
Локи па и да ти кажам право блазеси ти ,факаше врски или не ти трбаа пошто е карлично? јас да ви признаам тука дека потајно си посакувам царски мада бебчево е завртено главично ,првиот пораѓај ми беше природно и сега здравје пак ако е така на мм му викам доле ке бидам како кофа а го гледавте Тошо од к-15 ја порага женаму на Миле и вика сакаш со царски да одиме доле ке ти остане невина и стварно е така
pepita82 xaxaxaxaxa откачи и ти срцка...Каква кофа мила? Јас си планирам на шиење да му речам невина да ме прави
хехехехехе е луди сте жими мајка, нема шанси некој да не е расположен во темава, јас без врски договорив, а во врска со отварањево мене така ми кажа матичниот дека жена мора да прокрвари а во многу мал број случаеви не прокрварува, затоа што тогаш пукаат крвните садови и грлото на матката се отвара поздрав и само останете така насмеани
За отварањето да ви кажам дека не мора да значи дека треба да се прокрвари или да пукне водењакот, јас ни едното ни другото не го имав, водењакот ми го пукнаа во болница, а прокрварев дуууури кога легнав на бокс, претходно се отварав без ни една капка крв така да кај секоја е различно и не се водете многу по тие работи кај кого као било...
Ги препорачувам спавачите во стружанка за доилки. Квалитетни се, памучни се и ептен комфорни, отворени во горниот дел скоро до почетокот на стомакот. Си купив 2 по 650 и 720 денари а дур бев на ГАК тие две и уште три побарав, не знам зошто целата се правев лом од крварењето.
Еве ме и мене конечно денес, цееел ден излезени со мм. Од сабајле бевме на контрола, и што да ви кажам.. Прво ме прегледа д-рот вагинално и ми рече дека сум 2 прста отворена и дека во секој случај за неколку дена си доаѓа денот Д И после тоа ме прегледа на ехо, срценцево мое се спуштило скроз, душа моја како беше стутканооо ни лиценцето неможев да му го видам убаво, едвај малку во профл го фатифме.. И така после си разговаравме со д-рот и се договоривме дека најдобро е утре да си идам во болница и да останам, цела ноќ, а задутре сабајле да ме породи.. И уште додека се поздравувавме осетив како веќе ми се тресе цело тело, како не перцепирам што ми збори.. Кога застанавме пред лифтовите мм ме погледнува и тргнува да ме гушне и во истиот момент му викам - немој ке плачам и како ме гушна кога си писнав да плачам 2 часа неможев да се смирам. Сирот ми вика што ти е? Зашто?.... Немам поима, напад на емоции, среќа, страв, збунетост, се во едно и веќе освен неговата прегратка ништо не осеќав и незнаев.. Си отидовме после на ручек,и малку си дојдов при себе, прифаќајки дека утре ке идам и ке останам во болница.. Ете одвај чекав да ви кажам, да си олеснам, и да знаете дека во прва прилика штом можам ке ви пишам, ке ве известам Само со Господ напред, се надевам дека се ке биде како што треба и дека сите сомнежи ке завршат со најголемата среќа, љубов и радост.. Страв ми е мнооогуууу и се трудам да не мислам, како што е Господ, никој не е.. Поздрав до сите, се читаме за многу брзоо
Ooooooooo mila aj za ubavo neka e,ke se olesnis I ke go dobies najubaviot dar za cel zivot Ti posakuvam lesen poragaj(redno bese ) zivi I zdravi so bebusot,pa nie sme tuka uste malku Ke pocekame da ni se pofali gordata mamicka pozdrav jas se spremam za na kontrola imajte ubav den odam da jadam
Каталеа со лесно да ви е што побрзо да си се гушкате со ангелчето Кај мене така кога бев на преглед првиот пат кога прокрварив малку, бев 2 прсти отворена и дури по недела дена се породив Не знам каде ке се порагаш, ако си во државните клиники чекај си контракции да ти дојдат на 5 минути, зашто јас за џабе ја поминав цела нок во болница во предпородилна(таму верувај не би сакала да си долго време) - гладна цела нок, утрото бебушот абер немаше ги премолив да ме пуштат дома да јадам и да се одморам психички, па дури вечерта во 12 ме фатија правите контракции на 5 минути и во 4 и 30 утрото го донесов на свет сонцето
Ви благодарам на сите за убавите желби.. Мила во Систина ке се порагам и се надевам дека се ке биде добро, ке помине брзо.. Се обидувам да не мислам и му викам на мм да идеме денес некаде да узиваме, зашто ако останам дома ке се мрднам.. Страв ми е многуууу,оддамна не сум била вака избезумена.. Ке носам таблет со мене, па во прва прилика одма ке пишам.. Само се да биде добро и Јаков да биде жив и здрав.. Ве љубам сите, ако имам време денес ке ви пишам пак, ако не... Во прва прилика
Каталеа со среќа! И не се сеќирај, чим одиш приватно нема да те остават да се мачиш, ич да немаш гајле. Гарант уште од врата ќе добиеш спинална и ќе ти биде како на кафе да одиш, а не како да се пораѓаш Ова ми е од една снимка што гледав на другарка, од нејзиното породување