Да, се сложувам со @DigY и @alisijad правилно е пред бременост, што кај нас тоа ретко е случај. Јас го испитав во 19та недела...на барање на докторката.
Јас ги сфаќам тие што на пример изненадно останале бремени.Сосема ги сфаќам што не биле запознаени со све, но како што кажа Алисија,никој нас не ни дава список овде со што све треба да сториме. Јас и типизација си сторив бидејки на сестра ми на пап неи открија хпв,туку директ на типизација. АМА ОТКАКО ИМАВ СПОНТАН!!! Од страв да не дојде пак до тоа-бар на почеток каде што може јас да сум виновникот од неиспитување ништо нели, земав се испитав.
Добар ден и од мене, сум се наспала за сите пари. Јас веќе во петти месец, а синоќа ми се повраќаше ужасно и морав да легнам уште во 8. Аман, никако да си заминат овие мачнини. Како што тргнало изгледа ќе ме држат до крај.
Јас за торч од вас сега слушам. Во претходната пременост, а не беше одамна, правев само брисеви, хепатити, хив и нели на трансфузиологија што се оди. Друго ништо не сум правела. Сега баш се мислев, бидејќи не ми се оди крв да ми земаат во институт, овие инфективниве дали ми важат уште (година ипол има поминато). Ајде нека доаѓа веќе 4 саат, ми се јаде сладолед
ЗНачи слатко ме изнасмеа уште сабајле. Јас нема да чекам 4, уште сега ми се јаде сладолед, така да сега ќе тркнам на стапче ќе си земам. А за торч ми кажаа ќе ми правеле заедно со приска (што исто немам поим што е ве молам некој нека објасни) наредна контрола која е за 4-5 недели.
Приска ти е уште едно безвезно испитување, кај што се проверува процентуално ризикот од даунов синдром. Прво одиш кај матичниот, го мери бебчето - нухален набор, носна коска, транслуенца (изразиве мислам така беа, не гарантирам) и после ти ги пишува на упут и на гак одиш, ти земаат крв и ќе те прашаат неколку прашања (глупи) и по три дена резултати. Точноста е 95%. Според мене, со оваа точност испитувањето е непотребно. Во првата бременост го правев, ќе го правам и сега, ама мене баш ништо не ми значи, кога не гарантира барем 99% точност. Рече одиш кал Ложанковски. Он ќе те прати на ТОРЧ или од систина? И јас одам таму, ама кај докторката. Јас сум наредна недела, само стварно не можам да се сетам кој ден и во колку саат . Ќе мора да се јавам ЕДИТ: овде нема кај да купам сладолед
Ааа денеска и јас одам на сладолед сега си јадам чипс и слатки што останаа од Велигден, да не се фрлаат не за друго За жал, скриениот шеќер ми го најдоја покачен, а денеска сум на контрола (конечно ќе си се видам со бебуш ), па да не случајно ме стави на диета, да искористам уште малку, да си каснам слатко благо @LadyC приската ти е математичка пресметка за тоа колкав е ризикот од постоење на: Down, Edward и Patau syndrom.
Кај Ложанковски се префрлив. Лолита ми ја ставија матична ама докторот ме води. Он ми кажа јас нема да треба да одам никаде, се они ќе ми носат за некои 300-350 ден (не сум сигурна колку пари беше точно да не те излажам). Искрено кога пребројав пари во џеб и видов дека многу работи може бесплатно си реков зашто да плаќам на приватно, на приватно ќе одам само за пораѓај. (значи 5 пати се премислив знам, ама што да правам, знам да бидам нерешителна некогаш) .
Леле, значи колку сум омалаксана и мрзоволна, страшно. Бевте ли - или уште сте, вие вакви во прво тромесечие? 11 недела сум и Само ми се лежи и ништо друго. Овие неколку дена што сум дома креветиве ги искршив. Притисокот ми е низок, ќе пијам кафе и (без осудување, секој за себе) цигара ќе запалам. Ако профункционирам арно, ако не, во кревет пак.
Имаше спонтан од ХПВ? Нели според новите сознанија вирусот не му штети на плодот? (така ми кажа матичната)
Јас не знам некој што открил од што му е спонтаниот. И јаас имав ама на тие испитувања после киретажаа ништо не пишува што може да ти каже од што е. Јас одам на тоа дека така требаало да биде, плодот не бил толку јаак и не се зацврстил како што треба.
Логично. Мене инаку откако дознав дека сум бремена ми стигна резултат од ПАП правен пред два месеци, позитивен со ЦИН1. Матичната ми кажа дека според новите сознанија вирусот не му штети на плодот, но може благодарение на хормоните, клетките од блага дисплазија да тргнат кон карцином. Не знам зошто, не ме погоди многу муабетот, си помислив „Се нека е во ред со бременоста, па за мене после ќе му ја мислиме“ Инаку ќе одам во Систина другата недела, па ќе видам што ќе кажат таму .. ПС. Истиот период лани имав ЦИН1, правев типизација, пиев витамини и јадев зелени зеленчуци Цигарите не ги откажав, иако ми ги посочија како најчест причинител на Рак на грло на матка За 6 месеци имав негативен наод, т.е. во август 2015. Се смееме со мм дека ме фаќа Цин ко настинка, еднаш годишно
Мислам (не ме држете здраво за готово) тоа е тест преку крв кој се прави од 9-та недела и со него се откриваат ризици од многу синдроми покрај дауновиот. При испитувањето не постои никаков ризик од спонтан за разлика од амниоцентезата. Со најголем процент на точност е. И да единствен е што го утврдува полот. Ама читав го прават над 30-тина години и е доста скап. Јас би го направила иако немам 30, ама да слушнам си реков мислење дали го правела некоја
И јас знам дека го прават над 35. Така да јас не го правам, само тестови чуда мозок да ти пукне. Ќе биде се во ред, како што треба, позитивна мисла и не само киснење по болници. Порано ништо од ова не праеле па еве сме ние, живи и здрави зашто требало да бидиме на овој свет. И нашите бебушки треба да бидат, затоа ќе биде се во ред
BirMelek jas razmisluvam za toj test, vo Sistina e 730 evra, skriningot bese dobar, no mi rekoa zaradi godinite da si razmislime, tebe sto ti rece doktorot da go pravis ili po vas izbor ?
Бев на кафе за време пауза со пријателкава што е 7ми месец и ми вика дека сеуште спие по 12 саати и се осеќа ненаспана. Значи зависи од организам. Јас сум 8ма недела и можам да спијам 24/7 без проблем. Значи многу ми се спие, кафе не можам да ставам во уста ама воопшто, не ми сака душа, а сум пиела по 3-4 на ден уз цигари, а сега сум на чај и јогурт. Исто имам низок притисок 90/60 отсекогаш ми бил и не знам како да си го дигнам. :/ Така да, да срцка, нормално е за сите нас да нанаме многу и јадеме сладоледи
И јaс имaм низoк притисoк пa зaтoa си пијaм еднo.нес кaфе мaтенo сo мед и млекo пa супер ми дoaгa,aкo не пoднедувaш кaфе прoбaј сo течности,кoмпoти,сoкoви мене дoктoрите ми препoрaчaa и кoкa кoлa нo пaк oд другa стрaнa нечинелo нели гaзирaнo .А зa спиењевo никoгaш не сум билa спaнкa пa ни сегa не ме терa нa спиење 7,8 чaсa дa спијaм навечер нo тoa е се