Ајде ништо страшно не е овошје е здраво а со сокот само пази да не направиш беља со забите може поарно домашно цеден да си пиеш, а течности требаат и те како ; мада види кој ти зборува , јас нешто сум скарана и со овошје и со сок па и со зеленчук , не јадам и пијам нешто многу.
Абе и не стојам, тоа ме изненади, што така до вц , кујна и ете така ми се прави. На почеток ми испукаа некои капилари на нозете, ама од таа страна сега е ок, освен ова.. језиво е ај ќе помине Не ги слушам веќе , море и не кревам на телефон, па нека бркаат муви Бидете ми поздравени се читкаме вечер за сите
Меу провери си протеини во крв и мокрача ,ако е се ок тогаш може од топлово,стоење или тежина да е.Јас имам отоци на нозете последните 2 месеци и во крвта имам намалени протеини затоа повеке месо треба да внесувам и белки од јајце а и кога ми се поткренати нозете немам отоци,ама сега знам од што е и внесувам повеке протеини. Сесилија убаво е да се пијат течности но најдобро е вода или домашно исцеден сок ,никако тетрапак иако се вкусни имаат конзерванси и шекери подобро ако си имаш соковник да си исцедиш и убав коктел да си направиш.
Леле јас вчера останав вчудоневидена кога го слушав директорон на гинекологија на вести кога кажа дека некоја трудница 9 месеци не отишла на контрола и поради тоа родила дете без екстремитети Не знам дали го слушнавте ама кажа дека многу деца се раѓаат со пневмонија и сепса заради инфекциите кај жената и дека најчеста грешка е тоа што гинеколозите ги убедуваат трудниците дека исцедокот кој се има во бременоста дека е нормален кога го слушнав ова одма се исплашив и закажав за сестра ми која е бремена во систина да си земе брисеви, оти има она цело време исцедок а докторката нејзина и вика ништо не е , наводно брисевите не покажувале да де знаеме како проверуваат на микробиологија сите
Јас мислам дека нема потреба од паника, се додека има жени кои не одат редовно на контроли или сакаат да си бидат сами свои лекари, ќе има и последици. Гинеколозите многу добро знаат да разлукуваат исцедок од вирус и природен исцедок. Може да е само апел за неодговорни жени да си обрнат внимание. За нас труднички хипохондри овде што се потресуваме за ситници, вакви работи ама баш ништо не значат.
охоооо...цели 7 страници сте изнапишале еве ме и мене во оваа тема, да се ппридружам во ова супер друштво. Инаку одлична идеја, да си зборувкаме колку си сакаме За потсетување, јас веќе влегов во 12 недела и можам да се пофалам дека заморот ми помина, веќе не спијам кај што стигнам и немам некои потешкотии. До душа до сега не повраќав, само мачно се чувствував попладне. Ама сега чувствувам дека е многу подобро. И јас си имам меше, ама што вика мажулето мое, не е тоа бебче, салце е . Мислам дека не ми се познава се уште бидејќи и така сум си крупничка, да не речам елегантно пополнета меѓутоа фармерките и панталоните почнаа да ме стегаат. Бидејќи на работа седам, после некое време почнуваат да ме стегаат, па морам да барам труднички панталони. Инаку пијам само фолна киселина, Тифол поточно и ништо друго од синтетички витамини. За апчињата за зацврстување на забите сед консултирав и со гинеколог и со 2 стоматолози (еве и Анат ја имаме тука ) и сите едногласно одговорија, нема штета ама нема ни корист од пиењето на апчињата. МИслам дека нема да ги пијам Бакнежи за сите трудници и за сите мамички кои ни даваат совети
абе некогаш да незнаеш на кој да им веруваш попрво еве жената не одела на контрола и родила дете без екстремитети ок еве јас ке кажам случај од прва рака затоа што лично јас го доживеав ова одев на контрола и кај мојот матицен и кај приватен гинеколог во кавадарци а морам да го кажам кој е др--јован гинев и се беше во ред до 33 гн кога се породив и како гром од ведро небо ми го завртеа дтето со аномалија на рбетот менингоцела и аномалија на мозокот хидрацефалус две страшни дијагнози а после 8 месеци редовни контроли на двајца гинеколози никој мене да не ми каже што плод носам и што да оцекувам после раганјето ??? никој од нив не ми даде шанса да размислам дали сакам родам дете со аномалии???? каква неодговорност од нивна стана само сега ми е криво што не ги тужев затоа не е битно како и што битно е да разбира гинекологот што гледа а не само да течат без врска контролите колку заради реда не само овој имал 3д овој 4д ехо абе треба да разбира со гледа и после 3 бремености се надевам и ке ми биде мило ако можам на некоја да ми помогнам меу поздрав за тебе за темата
http://www.idividi.com.mk/futurama/medi ... index.html Девојки еве еден линк сега го гледав како се развива лицето на нашите бебушки во стомакот наш... Навистина интересен графички приказ што се случува во нашето тело А на youtube со овој наслов Fetal Development Week 15 (Pregnancy Health Guru)само се менува неделата може да се гледа што се се случува во нашето тело од момент до момент на развивање на нашите бебушки . Мене многу ми се допадна. Поздравче
Супер е темава..И јас се приклучувам...Поздрав до сите идни мамички..И јас пијам само фолна киселина и витамин Е...Друго се се трудам преку храна да внесувам...Маж ми е стоматолог и не ме советува да пијам ништо за калциум сега за сега, туку само природно да го внесувам...Јас сега почнав за прв пат во живот да пијам млеко (за бебушот)...Едвај го пијам...И се трудам зеленчук и овочје да јадам што е можно повеќе...Па крвта ми е ок..Најверојатно се е до исхраната... Инаку тешкотии имам само со спиењето навечер, односно секој сат станувам...Многу ми е мачно..Не сум наспана како што треба.. Неможам од работа да отворам...Од дома... Ова е страшно Ева...Дури мислења од двајца гинеколози..Можеби и они не знаеле да видат...Не биле доволно стручни...Или пак незаинтересирани...Незнам што да кажам...Од ова се плашам многу..
‘Ева стварно ми е жал за ова што ти се случило и сите можиме да предпоставиме колку е болно и страшно, се надевам сега е се во ред. Но, оваа тема гледајте да ја користите да споделувате позитивни искуства, а на да им се влева страв на идините мамички доволен е тој што сам по себе што го имаат, па уште да слушаат лоши искуства. Идни мајки мислете само позитивно, тоа и му е потребно на вашето бебе, а и на вас, како и во бременоста така и кога ке дојде бебушот на свет, не заборавајте дека кога се лачи хормонот на стрес штетно влиае и на бебето, така да мислете си само на убави нешта и на денот кога ке дојде вашето сонце и ке можете да си го гушните - нема поубаво чуство. Од порогајот не се плашете , јас се плашев но сега свакам дека било безпотребно, беше болно нормално не можи да очекуваме да биди лесно па живот ке донесиме на овој свет, но верувајте кога ке излези бебето од вас ама баш све поминува и се заборава! Така мамички уживајте во блАгодетите на бременоста и да ви е со лес!
еххе блазесити јас фармерки неможам да носам уште од јуни некаде,, а сега влегов во 13 недела и претходно јас си имав стомаче, ама сега гледам дека веке почнува да ми се заоблува и ми станува потврдо , не е како порано и јас напочеток на бременоста пиев многу од тие како сано сокови што се, или други густи,ама ми рекоа да не ги пијам бидејки многу дебелееле, а и заради шекерите шо ги има во нив... па сега пијам само вода, понекогаш ладен чај, и сок за растварање
Љубица, сокот на расвтворање ти е сосема непотребен. Само вештачка боја, арома и шеќер. Ништо природно и ништо витаминско. Поубаво цеди овошје, или во ладен чај ставај повеќе лимон,отколку тоа да пиеш.
Еве ме и мене труднички Денес не сум нешо посебно расположена, мачно ми е цел ден, откако се разбудив, не ми се јаде ништо, апетит немам никаков и само на повраќање ме тера, а не повраќам , ми се спие и само лежам цел ден, не можам ниакде да излезам, баш се осеќам некако многу безвезателно, а ете во второто тромесечје влегов, нели викаат тогаш поминуваат мачнините, а мене изгледа од сега ми почнуваат, пошто до сега немав ни М од мачнини, па можеби обрнато ќе е кај мене, којзнае Оффф не знам веќе што да правам со овој мој апетит, ништо да не ми се јаде ама баш ништо
kallias јас повраќав од 12-14недела, пред тоа само ми се лошеше. Без грижа и тоа ќе помине, после раат некој месец додека пак да почнат киселините. Јас веќе имам многу, ама не е страшно ,засега не ме тера да повраќам, освен што ми жежи желудникот и неможам да ждригнам, па така ми се враќа храна. Во секој случај за арно е А да не не ти е добро од времево што е никакво, јас првиот ден кога се расипа без целата замерлушана, но помина, а и си викам подобро вака ладничко ,барем дишам по малку
Добро е , значи не сум единствената, а од времето сигурно и од тоа може да е, сабајле со мм излеговме до град и само малку што попешачив, дали од жешкото, дали се уморив (што не верувам, па не сум 3 саата пешачела, само некои 10 мин.) и ми се сврте, ме облеа топла пот, ми се слоши за 1 мин.не знам што ми се случи, па морав да седнам на една клупа и за некои 5 мин.ми помина, што знам што така, може од жешкото да е што вели меУ.
Добро утро мешенца Времево е измислено за спиење, но мора и апчиња под саат да се пијат па сега за расонување пиеме кафе со бебушкава моја. Јас пијам, ама неа повеќе и реагира, ме уби Како сте ми? Имајте убав ден, ве гушкам
Добро утро на сите...Пријатно кафенце Меу.. Јас сум денес конечно наспана...Синоќа само еднаш станав..Така да денес ми е супер...Утре ќе одам во Грчка 4 дена и едвај чекам..
Значи не напушташ. Ајде оправдано ти е, само да се избањаш и за нас. Јас се мислам на планина да одиме годинава, но маж ми е пукнат за вода, море. Само некако не ми се тргнува никаде . На море ми е топло, се плашам како би било цел ден, на планина има за качување, ако сакам да шетам... право мрчало сум, за никаде не сум. Туку ти убаво да си поминеш и за нас
Даниелка убаво да си поминеш само чувај се од жештини. Девојки сакам да прашам нешто пред да почнам да вртам кај гинекологов. Од сабајлево имам силен бодеж од десната страна на стомакот кој не постојан туку е од време на време како нешто да ме прободува посилно. Некое мислење што би можело да биде, има ли место за паника и да вртам телефони или пак тоа е сосема нормално? поздрав МЕУ пријатно кафенце баш ти завидувам јас го откажав во моментот кога ги откажав цигарите пред два и пол месеци и сум пукната да се напијам ама пусто на цигара ме тера па се воздржувам.