Јас се фарбав крај на март, еве денеска пак ќе се фарбам. Не можам да седам подникната. На темна коса ептен се познаваат, светкаат седите влакна. Фарбајте си се најнормално, јас не сум слушнала до сега гинеколог да забрани фарбање. Туку јас се спремам и одам на шопинг. Морам да си купам фустанчиња за летово и прслучиња (поголемки) Не, не.. Не пораснале градите, сум пораснала во обем.
Јас убаво си терав цела бременост со фарбањето, туку сега се зафркнав жолта ццц. Ќе пробам нешто колор шампон за жолтило ако не за една недела пак здравје
Здраво девојки,јас секогаш со прашања ви се обраќам тука, ама пак немам со кого да разменам мислења... Дали имате приметено некои промени на кожата откако сте бремени? Јас на периоди чувствувам пецкање и чешање на одредени места.. Се трудам да ја хидрирам редовно, се мачкам со уљиња.. ама сепак, еве вчера одеднаш ме зачеша раката ми се идеше да ја откорнам, и магично престана после десетина минути... Се прашувам дали ова е вообичаено како продукт на бременоста или имам некој недостаток на витамини и сл... Некоја со слично искуство?
Мешиња 22ра недела сум и почнаа да ми пукаат капилари во горниот дел на нозете, а и на градиве приметив 2-3 Дали некоја од вас има проблем со испукани капилари и дали се мачкате со некоја маст?
@mac.mac и сите труги трудници што се фарбате, гледајте само на проветрено да се фарбате, не за друго и за вас е полесно да не дишете многу од фарбата. @savana мене и во првата а гледам и сега оваа бременост имам испукани капилари на вратот кај клучната коска, кај што е нежна кожата, ситни мали и ги има доста. Но знам ги снема кога се породив, ќе видиме сега како ќе биде @only44you одмарам, сега се прибравме дома, јадев и решив нозе да испружам. Се правам женцка и шетам на високи потпетици и после боли се, епа ќе боли
Хелоуу мешиња Ние добри,вие? Скринингот во 22 недела го прескокнав благодарејки на матичниот вика ако цела Македонија иде што ке биде таму во болница... Се оди ако треба и има потреба сега нема термини а во 28 недела има и ми закажа. Се трудам да бидам позитивна и да мислам се најдобро.
Снешкаа ај да те прашам тебе...абе денес го осеќам бебево како горе да ми се качи, ептен е високо одма под желудник го осеќам ....
Кај кој гинеколог одиш баш ме интересира? Па баш тие први два скрининга се најбитни. Може има и жени што цела бременост не отишле ниту еднаш на гинеколог, па тоа не значи дека никоја не треба да одиме само да не правиме гужва во болниците. Отиди си на приватно ако нема термини или закажи како обичен преглед на специјалист. Јас вчера го имав првиот обостран разговор со бебињата додека бев на работа. Необично ми беше што не беа активни, може спиеја а претходниот ден додека бев на работа ми го превртеа стомакот, па се испружив во полуседечка состојба и ги прашав бебиња кај сте и веднаш добив потврден одговор преку мрдање прво од девојчето па веднаш и од машкото. И толку беше, само како поздрав, после заспаа пак. Не можев да си поверувам и не сакав да мислам дека е случајност таа конверзација. Сакав да прашам за таа инекција што се прима за развој на белите дробови, задолжителна ли е? И во која недела се става, некаде прочитав во 28 недела ја примале?
@Abeja зaвиси, јaс би требaлo зa неделa денa дa јa примaм, флoстерoн се викa, кaкo штo ми кaжaa се примaaт првo две дoзи, пa зa 24 чaсa уште две, пa зa неделa две пoвтoрнo истo. Инaку зaдoлжителнa не е, aмa кaј близнaци не пoзнaвaм некoј штo не јa примил
А кaкo oн видел декa немa пoтребa? Втoриoт скрининг е нaјвaжен кaде детaлнo се гледa секoј oргaн, не мoжaм дa пoверувaм кaкви дoктoри имa, нa време мoжел дa зaкaже, a aкo си вo мoжнoст пoјди привaтнo, не прoпуштaј гo нaјбитниoт преглед.
Јас сега прочитав по форуми дека ја примале тие што имаат ризик од предвремено породување, кратко и меко грло, предвреме пукнат водењак, рани контракции и сл. Една дури има пишувано дека нивната употреба можела да биде котраиндицирана, во Америка се планирало нивно повлекување од продажба. Мое мислење е сепак дека ако некој има навистина потреба може само да му помогнат а не да му наштетат. Но ако бременоста се одвива без проблеми, нема потреба, што ако пред време созреат органите и телото да се подготви пред време да го породи. Како да се убрзува процесот на развој на бебето. Но ако постои опасност од предвремено породување, тука може да биде само корисно. А и во такви случаи можело да се пролонгира породувањето со нив. Да не знае човек што е корисно а што не е денес.