Батали го Гугл. Нели тука поназад девојчињава пишаа дека има некоја бебешка пудра или сл против комарци. Не читај молим те и опушти се.
Леле срцка чул те Господ. Мада моево малце помрзливо делува, а може и ќе мрда ама кој знае дали јас ќе осетам. Хахахха
Мене аутан ретко ми помага т.е помалку ме касаат незнам што е проблемот најверојатно таква ми е кожата а за бебешка пудра чисто сумлам дека ќе ме заштити. Како и да е мачкам што ќе стигнам па се надевам дека од тие што не сум успеала да се заштитам ќе нема некој изрод од комарец
Еххх меше ме потсети на син ми. Колку мирно бебе си имав во стомак, а каков ѕвер стана кога се роди. Од прв ден во болица сфатив со кого ќе си имам работа. Ако е како моево, душата ќе ти ја вади, да си знаеш! А по се што до сега имаш пишано, од соновите што си ги сонувала, до тоа колку ти се спие, твоево ќе да е ко моево. Кога те читам тебе, како да се читам себеси пред три години.
Не читај по Гугл само, повеќе ќе се потресуваш без потреба, нашиве не се такви терористи, уште нема такви кај нас. ))
Jas sum veke 16 I nisto ne cuvstvuvam od mrdanje. Mozda toa si mrda ama jas ne znam. Ama mislam pokasno pocnuva, ama eve imalo uste vo 15. Ajde ke gi osetime I nie posle pa ke mrdaat ke pretaat umot da ni stuke
Во втората бременост ќе ги почувствувате порано движењата, бидејќи веќе ќе знаете да ги разликувате движењата на бебето од кркорењето на цревата. Голема е веројатноста да ги чувствувате уште сега, ама да не сте свесни дека тоа е тоа. Сепак некаде околу 18-та недела со сигурност ќе знаете да ги препознате. Ах кога прв пат ќе ги почувствувате, која возбуда и среќа е тоа.
Да навистина е така,јас сега во оваа бременост 2 пати ми се случи да осетам како внатре се преобрнува нешто како да глумка во вода незнам дали ме разбирате ама знам дека е тоа бебенцето.Многу е интересно чувството.Сакав да пишам уште онај пат но заборавив немам мн време.
Мене цревата.ми кркорат постојано. Значи има две опции: 1. Бебчо да е активен а да глуми на ултразвук као мирен 2. Мојата мека столица да прави турбуленции
Арно ти текна да ручаш толку касно. Јас доручкувам во 9, па ручам во 12, па пак ручам во 3. Навечер плус околу 6 пред доза апови вечерам. Дојди јас имам пиле и компири.