Кај си кукло? Како се справувате домче? Како се малите ангелчиња? Пиши ни, многу ни недостигате во труднички сите што се породивте.
Ајде ние женички сме храбри. . Инаку ако бебчо издржи до термин ке биде дома секако.. срце е ми спремал изненадување во сабота.. Веројатно купил нешто за бебушко и не ми кажува
Очигледно јас имам проблем со гинеколозиве. Или барам преголема правда. Не знам значи, ама сум страшнп разочарна од нивните коментари. Му ѕвонам на Гетов да го прашам што мисли, до кога да лежам, совет да каже, колку да лежам, он прво прашање "кој ми води бременост" . Значи кој и да ми води, мое е. Кај него од мака сум била, значи последно он ме видел. Наредно, мојот одговор е "сакав Адамова, но откако не ми го виде хематомот за кој и посочив, ќе се вратам кај мојот матичен". Почна да ми вика! Алоо ми викаше ко у очи да сум му брцнала, како сум можела за Адамова да му кажам така, она била експерт, секој можел да згреши и сл! Он не ми го признавал коментарот, бла бла. Ми вика прашај си го матичниот. Се навреди чоекот изгледа. Јас му велам ама вие ме видовте последен, ми вика лежи месец дена, уствари прашај си го матичниот ми вика. И мн се налути. Боже, не знам што му згрешив. Значи дефинитивно јас си имам проблем, не е до гинеколозите. Бог да чува.
Гетов сите го зборат дека е арогантен ама се е за наше добро. Јас имам огромна доверба во него, одам кај него на приватно, не ми е матичен ама не треба да си зимаш толку при срце како се понаша, факт е дека е предобар и страшно спремен.
Јас не го прифаќам таквото мислење. Предобри, престручни демек и сега да ги трпиме ако не знаат како да се понашаат?! Плус, ние сме посебна категорија, ние сме бремени жени кои имаат проблем со чувствителноста. Ако знаат демек многу ние да ќутиме и да трпиме нека викаат. И на излез од преглед да си платиме секако. Еве на пример јас бременост водам кај еден доктор, а некни кога не очекував грчевите од ширење да бидат толку силни заминав веднаш во болницата. Мојот доктор беше зафатен и ме прегледа друга докторка. Однесувањето и беше сосема ок, што има врска дека не ми ја води бременоста. @LadyC Плус и ти на приватно беше кај докторов нели? Не ти е матичен. За пари да го трпиш ли? Имаш престручни во државава и многу други освен него. Мразам исфрустрирани особи, а меѓу нив најомразена категорија ми се доктори. Те поддржувам. Со тебе се е во ред - со него и таквите како него не е!
А, штo е тукa зa нејзинo дoбрo вo негoвoтo пoнaшaње? Ниту нештo и кaжaл ниту пoмoгнaл. Прaшaј си гo мaтичниoт, е зa нејзинo дoбрo вo ситуaцијa кaквa штo е? @LadyC пoлежи уште мaлку и aкo мoжеш нaјди превoз дo.скoпје сo кoлa кaде штo ќе лежиш , сo aвтoбус никaкo мнoгу трескa И не му се нервирaј не е дo тебе дo негo е.
Одлично е се тоа. Мене ми кажа да му се јавам на матичниот. Јас сакав уште еднаш да одам на приватно кај него пред да оди на одмор. Зашто сите го фалат. Ама он очигледн се навреди и ми кажа да си го прашам матичниот. Зошто? Да си ставам, зашто од ништо, нешто испадна. Да се лечев до сега хематомот ќе беше повлечен. Ми е криво, јас само се грижам за здравјето на моето бебе. Сакам да биде во ред. И јас бев кај експерт кој не упропасти.
Да и мене тоа не ми е јасно. Тоа ти е слепо потчинување на „култот“ на некои доктори. Е од тоа страдаат пациентиве најмногу. За мое добро само од моиве си добивав по г*з кога бев мала. Друг не може да одлучува за мое добро Лејди ти сепак врати си се кај матичниот, ќе смислиш нешто не мора да си секогаш искрена. Еве на пример мојата матична сеуште е во филм дека таа ми ја води бременоста, а само еднаш ме прегледа Или, ако сепак и од него не си задоволна, во Ск имаш право на избор колку сакаш. За твои пари и твое бебе ќе бараш третман како што заслужуваш.
Значи многу сум потресена. Само плачам од нешто деновиве. Аман ќе му наштетам на бебето. Ете, давам пари, плаќам, сум емотивна, секогаш сум била, сега поготово. Јас плаќам приватно за мислење. Не викам дека сум срцка безгрешна. Ама сакам правдина.Зашто да ми се вика? Ми е гајле и за стручност и за се, мене лично ме навреди. Ќе ја терам терапијава и ќе се молам на Бог да ми помине. Да ми е бебето ок. За него живеам... Господ нека ни е на помош, ќе лежам до 8ми јули и после ќе платам кола за до Скопје, пошо мајка ми "не знаела како да дојде до Богданци".
Мојот матичен е стручен многу. Се што кажа, така испадна. Наплаќа многу, ама што? Вака дека не платив. Преплатив... Нека се збие на тоа, само да е се ок, ќе заборавам се. А после ова, се враќам во Скопје, си го барам капарот од Санте и кога ќе дојде ред ќе се мислам кај ќе се пораѓам. Да сме прво здрави и живи.
Значи терај си кај матичниот и тој нека ти ја води бременоста. Од старт ти викав така, (не знам тогаш конкретно како се изразив ама на тој став бев), шетање наваму - натаму од еден на друг доктрор, мене ми е премногу. Штом си го ставила некој за матичен и си почнала таму, терај таму. Барем јас така мислам зашто и верувам на мојата матична. Нормално, сега ако појдам кај друг кој знае шо ќе ми рече (и докториве не се на едно, колку луѓе- толку мислења), затоа кај шо си почнал продолжи си.
За книгите е ова нели? Сега не можам да одам, ама ако си од Ск провери во Матица, Книжарница 3... Мора да ги има.
Од прва ти ги памтам зборовите " ако си задоволна и можеш да си дозволиш да платиш не го мењај" . Памтам и памет за друг пат...
Се смирив. Извинете ве молам што сум деновиве крш. Ама мислам дека си ја научив лекцијата. За жал на малку потешкиот начин, ама нема да плачам зашто не сакам да се нервирам таман сум малку поарна. Ќе лежам, ќе се пишувам со вас, ќе ве испраќам од темава и така. @alisijad ти како си? Ти до кога треба да лежиш? Те немаше мн деновиве да пишеш.
Шо знам мене ми е баш океј Гетов, таму сум за доброто на бејби не за да се понаша со мене како со принцеза.