Види што е проблемот. Да лежам ок. Ама немам увид на ситуација тука. Треба ли некој да го следи тој хематом? Не е лежи само а да не знам што ми се случува. Ми е неизвесност. Мене Гетов ми рече ако искрварам свежа крв одма во Струмица на чистење да одам. Знаеш, на таков коментар и баш мирна не сум иако знам дека нема да дозволам да дојде до тоа. Тоа е цел проблем, а ко што знам он е на одмор од среда. Само сакав да.види дали се повлекува. Само да.ми каже дека е поарно. Да сум мирна јас да не паничам.
@Jagoda123 вака викаше тој-на 4 се дава поврче на 5 воче. кажички наравно. после 6ти месо. најубаво е зајачко да му е првото месо. нормално добро преработено. доењето си иде олд тајм, викаше дека треба да се дои до година (ако не и јаче), дека ретко кој сеа после 6 месеци доел и е мн против тоа....
Дефинитивно не би го одбрала за педијатар. СЗО советува 6 месеци екслкузивно доење, што подразбира само и само мајчино млеко во првите 6 месеци од животот на доенчето. Потоа се почнува со пробување вкусови. Прво овошје, па потоа и зеленчук. Со месо (прво телешко) не пред 7 месеци. Ако сакаш ќе ти пратам табели за воведување на цврста храна, по кои јас се водев за син ми. Инаку најубав период се тие 6 месеци. Имаш готова храна за бебенцето во секоја прилика и во секое време. Јас син ми го доев ексклузивно 5,5 месеци. Потоа почнав со овошје, па од 6 месеци и со зеленчук. А го доев 20 месеци. Топло ти ја препорачувам фејсбук групата "Соба за доење" доста ќе научиш! Докторката ти стои на располагање за секое прашање, во секое време. Мене многу ми помогна да бидам истрајна и успешна во доењето.
ај баш ќе се учленам во групата, тенк ју за вниманието и убаво објаснетото. се косат некои мислења на педијатри, знам,секогаш е така. секој има своја теорија. сестра ми почна исто од 4 месец со кашички по совет на педијатар кај што се пораѓаше... ќе се расчитам ваму кај што рече
Neznam sto da ti kazam srcka. Mislam najdobro e da si ja zemes svekrvati (cim tolku te cuva da ne si sama) i rikverc za skopje i sto pobrzo vo sistina, ima mn dobri doktori, eve ti gi preporacuvam palcevski i dimcev, jas so mojata paranoja site gi pominav dok vo sistina Edit: osven adamova ili adamo ska vo sisfina nez kako bese loso iskustvo od kaj nea imam, za istata li zboris ti
@DigY читај ги повеќе темите за воведување на цврста храна на форумов, од тука исто доста ќе научиш. А групата на фејсбук мене ми беше од НАЈГОЛЕМА помош. На сите прашања одговара докторка, која е експерт на тема доење. Јас и се поклонувам и заблагодарувам. Благодарение на нејзе си го доев синот 20 месеци. Да не беше форумов, таа група и да не си одберев добар педијатар ќе се откажев за само неколку дена слушајќи ги советите на свекрва ми.
друшка моја мила. фала на советите. најголем страв ми е дали ќе имам млеко. и искрено се надевам ќе имам. и благодарна сум што свекривата не ме сака
Па една со црвена мушка фризура. Знаеш ли мене мои блиски колку ми ја фалеа поготово за критични бремености... Замисли како јас се разочарав после толку фалења... Значи страшно... Ми е страв уште по патишта, ќе одлежам еден месец, до 8ми јули па ќе си одам.
Секако дека ќе имаш, млеко ќе стимулираш ако инсистираш бебушко да цица. Колку почесто цица, толку повеќе млекце. Секогаш ќе се прашуваш,: Дали имам доволно млеко? Да не е гладно? Да не не му е доволно? Кога даваш адаптирано гледаш колку испило и знаеш дека не е гладно, вака не знаеш и те мачат еден куп прашања. Вагата ако покажува дека бебето одлично си напредува тогаш си на правиот пат. А од "експерти" ќе се изнаслушаш еден куп совети. Ќе ти требаат челични нерви, верувај ми! Ќе чуеш и за кисело млеко, и за расипано, и за отровно и за какво веќе не.
Ете ме и мене од на преглед бебуле се спушта долу по малку, си расте,постелка веќе трет стадиум. Си добив и совети од докторката да знам кога да се упатам на болница,бидејќи имав 2-3 лажни тревоги со болките сега само да си чекам моментот и да отстапам место за некоја женска од темата за поддршка
Мислам дека треба некој да ве додаде во групата, не знам дали може да ја најдете така. https://www.facebook.com/groups/sobazadoenje/
@Jagoda123 кога веќе го спомна "отровното" мајчино млеко морам да се пожалам. Тетка моја која никогаш не се заинтересирала за мене кога слушнала дека сум пак бремена (веднаш едно по друго), си нашла за право да ја стресира мајка ми, и рекла ако сум го доела син ми трудна ќе сум го отруела, така она ќерка и ја отрула (има проблеми со бубрезите). Мајка ми греота жена нејќела да ме плаши, ама она 3 дена не спиела од грижи, па читала на нет, истражувала и видела дека тоа се само глупости. После кога и јас и кажав дека 3 доктори ми имаат дадено зелено светло бремена да дојдам и олесна на жената. Ете од такви рекла-казала ми се ежи косата. И да не ми беше пред крај болно доењето сигурно дека и тандемски ќе доев, тоа е едно преубаво искуство.
Девојчице и ако јас несум за во темава ама од навика читам цело време дека подолг период бев тука. Па ќе си дадам за право да пишам и да ти кажам дека те читам и да не се секираш само мирувај и хематомот ќе се повлече. Имаше една членка од темава која го имаше истиот проблем дури и пострашно мислам но се помина како што треба и веќе си се гушка со синчето. Одмори некоја недела и направи си контрола во Систина,јас знам дека за крварења и слични ситуации експерт за тоа е Петрова. Палчевски е за пораѓање најдобар а Димчев за скрининзи и аномалии најдобар па сега ти одбери си. И јас сум разочарана од Адамова жената е бездушен ѓавол кај нејзе нема останато ни Г од Гинеколог незнам како ја држат во Санте. Кога и да поминеме од таму мм плука по болницата. Таа порано може била најдобра но изгледа годините ја газат и за ништо не ја бива.
Ти благодарам многу. Сечиј совет не ми смета, а најмногу се радувам кога некој ќе ми даде кураж! Тоа почитувам и тоа и ми треба во моментов! Голема прегратка за ова! <3