Е ако де, таман ќе бидеш. Во 12+ ќе одиш или на полна 13та? Немој мн касно порфавор. И ти полниш недела ко мене во понеделник м? Јас полна 15та сум денес. Твоето јануарско бебче ќе е.
Да,понеделнички сме..мислам не има неколку . Со Господ напред јануари ..само со лес и убавина да ни минат неделиве. Ти се надевам се стабилизира?
Па да, дефинитивно, со оглед дека го нема повеќе хематомот кој од памет ме извади. Ете ме одмарам, но не како претходно само кревет,дома си се движам. Мн голем паничар сум, али помина најстрашното.
добро утро кај мене вечерта се спиеше беше свежо , убаво сега станав ух колку е убаво лаадничко ама само ке потрае до 9ч потоа пак горештини, тоа што ми се повркаше, лошо, отечени нозе, тешко ми, препотување значи се било од топлото еве сега колку ми е убаво покрај река живеам планини околу мене чист воздух цело градче си гледам од балкон и уживам , ај да направам топло кафе зошто потоа неможам од топлината да го смислам, убав ден
Има лек за болки во кичма? Два вечери по ред сум со појаки болки во кичма.... Не сакам да станувам рано ама скоро саат и пол се вртам не можам да презаспијам ми идат само некои нервози, те од што не можам да заспијам те од што многу размислувам и поарно ќе биде да си станам. Ај добро утро се надевам дека денов ќе биде убав
Добро утро и од мене. Јас сум од вчера многу подобро, до времето било. Читам сите се жалите, чувајте се мешиња. Одмарајте, разладувајте се, лесна храна, многу течности, затемнета и ладна просторија, повеќе сон и се ќе биде во ред. Јас денеска возбудена, конечно на скрининг. Ќе ја видам бебушка. Следна средба ќе биде по одморот, денеска ќе ја изнагледам. Дај Боже се да биде во ред. Пред 10 дена требаше да правам скрининг, но наместо тоа добив само обичен ехо преглед. Докторот бил болен, е сега ме јаде црвот и искрено се надевам дека 23+1 е добро време за скрининг, се надевам не е доцна.
Za bliznaci na kogo kako mu naplakaat. Iskreno ne e fer tolku pari na nekoi, a na nekoi im naplakaat 3900. Jas sepak ke odam na GAK. Ako ne biva,ako ne me poglednat ubavo, ke moram vo Sistina.
Бидејќи веќе влегувам во 41 нед. докторот ми кажа да имаме повеќе секс за побрзо отварање ама не ми спомна со сперма или без. Ваше мислење? Имам слушнато дека спермата птедизвикува контракции ама ми е страв од бактерии
Ти даваат упат за на ГАК од матична? :о Јас сакам да одам да ми дадат за 8ми септември со потврда дека сум бремена ама за крвна група. За тоа ќе мора да ми дадат, они не вадат. @Jagoda123 мило ми е што си подобро душо, сега може да се продолжи со лубеница и сладолед.
Здраво и од мене жени. Ја понеделнички сум 10+. Сакав да ве прашам оние кои имавте мачнини, гадење и повракање.....до која недела трае
Во Богданци сите што ги купи свеки беа прсти да изедеш. Во Скопје од Тинекс таа што ја земав ми се погоди исто така блага и сочна. @newring86 кај сите различно, мене во 13та ми прекинаа киселините, гадењето и повраќања. Се надевам така ќе остане, раат сум некоја недела
Добар ден девојчиња. Мене ме снема на кратко што од работа што од малку шетање. На паузи ве читав ама неможев да ви одговорам. Се борам малку со притисокот низок ми е па ќе почнам да халуцинирам уште малку. И главава плус....ни парацетамол ми помага ни витамин ц НИШТО. Ама се издржува. Најмногу се радувам дека си приметив малку стомаче, како сало наталожено од папокот надоле па се гледам по цел ден на огледало. 17 ја полнам па уште имам киселини, интересно е тоа што одредена храна ми стана одбивна и уште неможам да ја поднесам.Сега освен лубеници дињи праски пиперки и таков вид на храна ништо друго не ми се јаде. Кај секој е различно. Се надевам дека нема да трае долго Поздрав жени и имајте убав ден
Апсолутно. За кај да побарам упат добивам, ако нема термин, тогаш приоритетен. За крвна група и јас бев во 8-ми септември со приоритетен. Ама жено дај легни ти, уште некое време лежи, не туку се рашетувај. Имаш време за крвни групи, ќе ти направат во петти месец со д-димерите.
Спермата ја созрева постелката, добра е за полесно и побрзо отварање исто така и за полесно породување , така да се препорачува пред крајот на бременоста ( или поминат термин) .. Исто така јади повеќе зачинета храна