Не! И ние бевме како зајчиња, па и во бременост си имавме барем 2 пати неделно, веќе во 9ти месец стана невозможно. Откако се породив 3 месеци стагнација, и од тогаш наваму ако имаме бар еднаш во неделата сум пресреќна! Си се изнажалив јас....Дај боже кај вас да не биде вака.
Јас не знам дали осеќам движење....не знам какво е тоа чувство Чувствувам некои кркорења во стомакот ама тоа некој ден го чувствувам некој не. А мало е можда и уште е рано, што знам, 17+6 сум...и конечно се надевам деновиве дека ќе ви кажам во која боја да ме обоите во "термини".
Женски, женски фалат на списокот. Ноемвриските и декемвриските бебиња ќе се породите не ги обоивме. Слабост ми се мажињата (ко божем нема зошто) ама јас сепак навивам за девојчињата. Дупло помалку се од машките. Преовладува сината боја, а шарен списокот е поубав, нели?
Абе групава ми е како дневник да водам, се да си кажам... Бев на депилација кооонечно по 3-4 месеци. Со обичен восок се депилирав. Од толку бричење во овие месеци мислев господ ќе го видам од болка, ама не болеше толку колку шо мене во главава ми се вртеше да не му напраам нешто на бебо, се препотив . Ама помина и си викам ништо не му е, тоа колку е заштитено внатре....Ве замарам ама морам да си кажам @Jagoda123 ти понестрплива од нас си види, поарно со сигурност да ти кажиме птколку една па друга боја да мењаме. Ветувам викендов ќе ме обоиш
Јaс не плaнирaм дa се мaчaм, сегa кoгa бев зa серклaж сестрaтa зa 5мин ме среди цaкум пaкум, тoa бикчетo кo вoлшебнo дa беше oзбилнo, дoмa сo кaкви се не сум прoбувaлa, a oвa ем нa сувo ем ни влaкненце
Еееј, го напушташ 25.11 тимот ? Ајде почнавме да го боиме месецот, туку не ми е јасно како менуваат термини? По кој основ ти кажа 3 дена порано?
Па според циклус на крај. Сложен беше кај мене процесот заради закаснета овулација, имам нередовен циклус. Првично ме водеа според овулација, после според големина на бебе и сега конечно бебе си достигна големина баш според последен циклус. Се си беше во ред и д-димери и се, па еве го бебе расте и срцево мое заедно со него А бе жени дај кажете имиња за вашите бебуши? Јас како Јаготка наша исто сум си љубопитна, но за имиња на бебе.
Те обоив и ти го сменив терминот! Инаку, за терминот, да знаеш дека постојано ќе се менува. Тоа зависи од напредокот и зачетокот на бебенцето. Ако е 3,5, недела дена понапредно, автоматски и терминот се менува. Јас и во првата бременост, а и сега се водам по првиот ден од последниот циклус. Инаку, макар за еден ден понапредно бебеце, секој месец ќе требаше да менувам термин.
Кој ти е матичен? Btw мене досега ми беше 2 дена поназат со раст шо е нормално, а утре ќе видиме како ќе биде
Не сум од Скопје мила @kikin , џабе и да ти кажам Еве го конечниот и официјален термин според последен циклус @Jagoda123. Ми кажа и гинекологот да очекувам пак промени, но ќе се водиме според 22. Ноември како конечен, зошто заминувам во Франција и таму ќе се породам со овој термин во соодветната документација.
Мешиња, дали ве фаќаат за стомак луѓево и коментираат голем ти е мал ти е? Вчера се најдов во многу глупава ситуација, семеен собир и ме гледаат трудна сум, ама кога ќе им кажам кога ми е термин леле па како така ич не ти се познава, ко да му фали нешто на бебето. Дури една вујна чија ќерка е трудна со термин две недели после мене, кога зема да ме фаќа за стомак да види кај ми е пошто ќерка и била огромна. А јас ваква си бев и со првото, ама луѓево без памет се понекогаш. Ај не ми пречи кога ќе ми го погалат стомачето од мерак, ама ова вчера беше фаќање ко на полициска контрола и не бираат што ќе кажат, среќа мене ми е гајле за коментарите, ама некоја друга трудница ќе си помисли дека нешто не е во ред со напредокот на бебето.
Najmnogu mrazam takvi. Jas da sum ke I se trgnam na taa "vujnata" odma koga pocnalaa da fakja. Sto gi vrtis, neka mu ja mislat tie. A da, ne sakam viopsto da me fakaat, ni od merak ni od radoznalost....
Па мене рецептата од клексаните ми ја задржаа во аптека. Имам фискална, сметкопптврда и потврда дека се примени. Не е доволно?