Бебуш почна да клоца, го почуствував, многу сум среќна..... За 4д се мислам меѓу др. Адамова и др. Димчев... ајде искуства девојки.....
Не покажува приска. Друг вид на испитување преку крв, каде се испитуваат евентуални хромозонски нарушувања(меѓу кои и за даунов), кажува и пол заедно со резултатот од истите.
Да. Не споменав име бидејќи ги има повеќе, но постапката е таа. Со првата бременост и јас правев, ми се чини 10- 11 недела беше. Сега во 11 планирам пак.
Точно, не мора, личен избор е. Важно е сите добри резултати да чујат, неважно на овој или оној начин.
И јас се мислам кај да го праам вториот скрининг...можам и кај матичната, и таа сите прегледи ми ги прави на 4Д, ама си мислам да појдам на друго место....од друг доктор мислење да чујам....Не знам...а од 20 до 24 се правеше така?
Ме мaчи зaпек и купив лененo семе знaм декa пoмaгa, aмa сегa читaм декa не е препoрaчливo дa се кoристи вo бременoст, секaде пo интернетoв.гo пишувa истoтo Имaте ли кoристенo?
Добро утро мами. Гледам сте разврзале муабет до пред саат време. Јас сега се освестувам. Се прашувам како ги осеќате бебушите толку рано. Јас мојов не го осеќам. Само кркорење црева слушам. Наводно тоа било мрдањето на бебето. Кој знае. Како и да е,.ви посакувам убав ден. @alisijad истиов проблем го имав завчера и тетка ми ме советуваше да направам рано сабајле вриена вода со морска сол и да ја испијам на гладно. За пола саат ме протера. Се надевам ти помогнав, а за ленено јас го јадам во нутри со овошје. Немав поим дека не чини.