Однапред се извинувам што пишувам посебно уште еден пост, но не ми дава опција редактирање. Диги срце, во Карат накај Драчево имаш строго дрвено буково креветче како лулка за 6000 ден. а има и уште едно што му се спушта едната страна околу 7000 денари е. @DigY
fala srcka na info,. nasheto e. narachano denovive kje stigne, isto, bukovo drvo. farbano belo, kje pushtam slikche
Е мило ми е што сте нашле. Кога го видов во Карат одма ми текна на тебе дека бараш. Со здравје да го служите и само радост да ви носи.
Добро утро! Јас ептен сум тазе трудна, некаде 4+некој ден. Вторпат. Уште не сум била на лекар, ама ништо не осеќам,освен што ми се спие повеќе. Првиот пат кога бев трудна одма почна да ми се лоши, гади а не повраќав. Сега ко да не сум трудна. А ме плаши тоа што незнаев дека сум трудна, па на одмор бевме, пат, пливање, дете. Некој со исто искуство да ме утеши? Фала ви и со леснооооооо. Здрави, живи и ние и бебушите.
Со лесно. Таа фаза е фаза на СЕ или Ништо. Истото прашање го поставувале и трудници кои се напиле некое апче или некоја чашка алхохол без да бидат свесни дека биле бремени. Мене докторот ми објасни дека во оваа фаза доколку дојде до имплементирање значи се е ок, доколку не било во ред немало воопшто да покаже позитивен тест. И јас со двете бремености баш во оваа фаза патував по околу 20 часа со кола.
Па тетка ми рече за побрз ефект 600мл вода со 3 кафени лажичиња морска сол. Прво водата да се зоврие, па да се додаде солта. На празен стомак испиј го. Не е баш убаво ама мене ме олесни многу брзо. Инаку сега се исплашив за лененото. Јас скоро секој ден по една лажица пиев. Ајде ваљда од еднаш нема да ти стане нешто. :/ Сега и јас ќе го прекинам. :/
А сoлтa дa не врие сo вoдaтa? Зa лененoтo ствaрнo не знaм мнoгу трудници гo кoристеле, aмa нaпиши нa гугл нa aнглиски или мaкедoнски сегде пишувa не се препoрaчувa вo бременoст и мoже дa предизвикa кoнтрaкции a пoгoтoвo мене тoa ич не ми требa. А тoлку се нaдевaв нa негo декa ќе ми пoмoгне
@Jagoda123 мене ми ги препорачаа Гастрогард на алкалоид, околу 150 ден се. Веднаш ги смируваат киселините, а максимална доза на ден се 11 таблети. Пробај, мислам дека ќе има ефект и кај тебе. Јас се спасив со нив, инаку го имав истиот проблем како тебе, ми гореше и желудник, и грло, хранопроводник, се. Многу непријатно чувство.
Да да, викаат најубаво било во 21 недела..... Јас најверојатно Систина ќе одам, само се мислам зашо колешка беше пред две недели и рече 5 мин и толку, се е супер и ај чао.. ама па сите велат дека е многу стручен докторот....
Ах рековже со мм како е пишано така. Не се притресувам многу многу, зошто ништо не можам да променам. Само да се молам се да биде во ред. А да ве прашам, мора ли да ми се лоши? Знам една од колешкиве викаше и она не ни знаела дека е трудна и воопшто не и било лошо ниту повраќала.
Јас сум скоро 19 недела, до сега ни еднаш не осетив ниту лошење, ниу киселини така да уживај си... Имај лесна бременост
Има, јас пред некој ден зедов од Еурофарм, магнезиум од 400мг... ама искрено, како да не ми делува баш баш, за разлика од претхдоните што ги пиев, иако тие беа помала доза. На повисоко ќе спиеш, и мене ми се јавуваат повеќе кога ќе легнам, оти бебето притиска на желудникот. Кога ќе ја поткренам перницата, поарно ми е во секунда, па заспивам брзо. Јас имам и проблеми со хранопроводот, поточно ми се јавуваат страшни болки во грбот и градите. Ама поминува без лекови фала Богу. @menelele нема правила... секоја бременост кај секоја жена е различна. Со првото мене само ми се спиеше, тоа ми беше единствен симптом освен доцнење на циклусот, а сега од појава на срцева акција имав мачнини и повраќав. Не се оптоварувај, опушти се и уживај. Со лесно!
Мене лошењето не ми беше симптом, а тест направив по 10 дена доцнење, значи веќе бев 6-та недела. Дотогаш воопшто не ми се лошеше. Но, кога влегов во 7-ма почнаа ужасите. Еве сега сум 15+6 абер нема да престане да ми се лоши, умирам последниве денови, дури ни витамините не можам да ги пијам од што ми е гадно се А валјда сум и единствената која толку рано ја мачат киселини. Вчера го карав бебо, ако продолжи вака нема ни братче ни сестриче. А мм, па како да е тоа вистина ме гали по стомак и му вели се ќе имаш, не ја слушај мама. Страшни сме
Добро утро девојки! Конечно вечерва спиев ко човек, залади малку кај нас од дождот па дури и ќебе побарав од што беше свежичко Деновиве напорно на работа, имавме некои контроли, по цели денови бев таму буквално. Се надевам ќе се исплати трудот. Денес полна 15та колку само брзо минува времето. Сестра ми ме немаше видено 2-3 недели и вчера кога ме виде рече мешко многу пораснал Само уште да почнам да го чувствувам физички, зашто вака се заборавам дека сум бремена @menelele уште ти е рано за симптоми, може допрва ќе се појават. Инаку и јас немав некои изразени симптоми, прво тромесечје ми беше топ. Ти посакувам и тебе исто