@butterfly* ти благодарам, со лесно и кај тебе, чинам при крај си . Со убаво со лесно нека е само на сите по ред, гопод да дава секаде убавини. @butterfly.mk женче, јас слушнав срценце на 7 ипол недели, опушти се жено, ништо не постигнуваш вака напнувајки се и мислејки на негативности. Само со добра мисла, позитивност и насмевка на лицето .. се ќе си биде во ред, ќе видиш. Само лошо си правиш со психата, наместо да уживаш да се смееш ти се напнуваш. Имај трпение, за се во животот си треба трпение.
денес некако не ја осетив да мрда и еве се загрижив . ви се има случено вака по цел ден да не го осетите бебето
Мамички одам на болнива јас ми истече плодовата вода многу ми течи дали е опасно за бебето за 15 минути сум таму
mamicki za edna nedela vleguvam vo 9 mesec i me faka po malku strav imam edno since 3 god i ova e masko nezz za sto da mislam so prvoto pominav carski sega nezz . na so da mislam dali za poragajot.. bebeto.. pusam i cigari ne gi frliv koga ostanav bremena .. so prvoto mi se gadese i ne pusev ic so ova me tera da gi jadam duri .. me griza sovest nedajboze nesto.. i taka bezveze se osekam mn
Само позитивно и ќе биде се во ред. Ваљда е нормално да фаќаат поголеми паники кога поблиску си со терминот. Бебе ако досега бил ок и сега е, чека да се видите
Море како заслужуваш една критика, но ајде не е сега време за тоа. Ќе имаш убава разлика меѓу децата поголемото е доволно големо само да јаде, без пелени е, треба да знае само да се заигра, само внимавај посветувај му внимание за да не дојде до љубомора. Моите ќе бидат 12 месеци и нешто плус, како ќе го оставам поголемиот сам-незнам, но и тоа ќе се преживее. Незнам како планираш да раѓаш, но искуството на сестра ми ќе ти го споделам, првото и е на царски, второто после точно три години и три недели и е природно, многу лесно и брзо се породи иако нејзе и беше страв бидејќи како прво да раѓа и беше. Овде на форумот има и доста жени кои два па дури и три пати раѓале на царски можеш од нив нешто повеќе да дознаеш. За цигарите... Не коментирам. Не паничи, немаш време за паника, полека подготвувај се за убавиот ден, спремај го и постариот син на твоето отсуство, дека наскоро ќе пристигне бато итн. Сите имаме стравови, но не смеат да те надвладеат. Ако до сега на контролите се било во ред опушти се, мисли на најубавото и грицкај овошје, не пуши
Добро утро мами. Денес ќе имаме најверојатно ново бебе во фамилија Фемина . Ништо, ќе ја почекаме @Верче4 да ни се пофали. Како проаѓаат деновите проаѓа и времето кога одмарав, од понеделник тргам на работа. Тешко мене со 57 и 5ка. Едната ми е далеку, другата е преполна... Се надевам на договорот со газдите на скратено работно време инаку ќе прснам на враќање од раб. Ќе видиме. Што правите вие мили мои? Ви посакувам убав ден исполнет со мноооогу клоцања ,
Добро утро и од мене мамички. Конечно денес ќе одам на гинеколог за да ми ја потврдат бременоста и се надевам дека се ќе биде во ред.
Мамички нас ни се ближи терминот, почнав да осеќам болки во половината, издржливи се и на различен период, еднаш на 5 минути, па на 8 минути, па на 10 па пак на 5 и така, незнам дали да седам дома и да чекам или да одам на контрола за сигурно? Во спиењето осетив како некоја течност да ми истече, не многу, ама кога се разбудив гаќите ми беа водени, се надевам не е водењакот
Јас би отишла... Што знам, паничарка сум и мислам дека 2-3 недели пред термин ќе им висам на прегледи
Eве сум јас дури сега хаха. Се немав долго најавено, мене малку ме има па малку повеќе ме нема. Иначе растеме, веќе се приметува стомакот, на контрола сме на 14ти јули, може веќе и ќе откриеме кој пол се децата. Иначе, се вработив во една цвеќара пред пар недели, ме викнаа па не ми се одбиваше, си оставив простор за понатаму откако ќе се родат децата и пркнат да продолжам да работам кај нив. По 4 саата дневно, уживанција, дур да трепнам времето поминало, а си викам и дома и онака седам, ќе преседам и таму, барем и ќе се занимавам, плус и плата ќе добијам хаха. Децава гледам не се бунат, не прават проблем, исто им се фаќа дали работам или не хахаха
Да ти бидат малите мешан пол едно машко, едно женско Супер што си почнала да работиш, браво и за работодавците што те вработиле бремена Овде тоа го нема. Ехххх, којзнае дали ке ме вратат на работа овде после породилното ама ич не ми е гајле, и така работава ми е грда. Мислам работнава средина (колешки и колеги) Мачнини имаш? Те клоцаат ли?
Добро утро жени ! Утринско прашање, имам чувство дека многу ми е доле стомакот т.е. го гледам виснат надоле ми е. Дали ова вака на око се гледа дали ниско носам или преку ехо доктор дава дијагноза? Понеделник сум на трет скрининг, не е загрижувачки до тогаш?
Да ти кажам право и јас се изненадив. Одамна кога се преселивме овде на ФБ наоѓав така страници од цвеќари и салони за венчаници па им пишував пораки дали им треба испомош или работник. Тогаш не требаше, ама луѓево ме запамтиле. Прво ми имаа пишано за 8ми март, ама веќе бев резервирана на друго место. Кога пред некое време седам дома и порака ми стигнува од нив, дали сакам испомош да работам, не им реков ништо само дека ќе дојдам да се договориме. Кога отидов отворено им кажав дека сум трудна, ама дека немам ризична ни тешка бременост, па сега на нив е како сакаат да одлучат. Ми рекоа ако е така како што викаш нас не ни е проблем, почни уште од утре. И така, имам уште фора да работам, работата не ми е тешка а и да ти кажам право јас го сакам ова што го работам, така што и среќна сум. Не сум ни платена лошо со оглед на тоа што само по 4 саата работам а недела сум слободна. Така што екстра ми дојде ова, и времето побрзо ми мине кога имам обавеза. Иначе, сега имам послабо мачнини, поретко повраќам и апетитот полека ми се враќа, ама сфатив дека ми се гадело од фолната со јод што ги пиев. Еве ги прекратив има недела дена и повеќе и супер се чувствувам. Само ја зголемив дозата на овошје во текот на денот и супер сум. Не ме клоцале сеуште, мислам оти е рано, нели од кај 20та недела почињаат да клоцаат. Плус читав дека ако се еднојајчани децата мора да се ист пол, така што ќе бидат две женски или две машки, не верувам да бидат мешано. Па ќе видиме ако успее да се открие во скоро 4ти месец.
Ех, што правиме ние во оваа држава, си се спасила. Баш во понеделникот, едни газди ми кажуваат како нема да ја пријават жената што планирале оти била трудна. @Offspring Штом се еднојајчени тоа е, ист пол. И моите се еднојајчени и се двете машки, само што моиве изгледа се палавковци, па ги осеќам уште од 12-та недела. Забава до бесвест. Едното е лево, а другото десно, хахахахах вчера изгледа се гушнаа срцињата па на левата страна немав стомак, цел беше отиден на десно. Пишувај ни почесто, да не те мислиме! @Jokiiniki ај и тебе да те искарам, ич не пишуваш. Како си? Како се дамите?
Не дека сум се спасила, изгледа чиста среќа е во прашање хаха, не е ни овде сјајно. Туку, кога го дозна полот ?