Така е. Не ме сфаќај погрешно, сакав да кажам дека обично нас помладите не потценуваат. А тоа не значи дека не сме добри. Стварно ме копкаше колку год е докторката, не пишува никаде, фала ти на инфо, се гледаше дека генерациски не сме далеку, она е значи генерација на мм. .
Ана е точно. Она и Ложанковски ми се икони. Кај нејзе сум зашто она и ќе ме пораѓа. Многу е добра и многу си ја сака работата. Ете конечно и јас да си пофалам некој гинеколог.
Ја бива, да, но функцииите кои реално се во функција може да се начекаат за помалку пари. Кога ќе го тргнеш дигиталниот дел и обична убава анатомска кадичка ја врзши истата функција а ќе платиш далеку помалку. Јас морав втора кадичка да купам некаде околу 9 месец мислам. А кај мајките со машки, кои се поголемки можеби и порано ќе треба. Бидејќ вдлабнатиот дел, каде се става бебенцето да лежи е екстра практичен додека е мало, но кога ќе опркне потребен е простор, не може веќе да се користи. А на реклава гледам стои до 24 месеци, што не е точно.
И јас се јавував за втор скрининг, мене ми треба за крајот на јулли и Димчев ќе бил на одмор тогаш....И јас се мислам кај кој сега да одам?
Мене гин. ми рече да одмарам...повеќе да лежам но не цело време , да неодам мн пешки, да не седам многу , да некревам и да не напинам ... Иначе нз како и беше името на бактеријата па и листот од испитувањето ми остана во картонот. Ама дека тој ден ми беше се собрано не запамтив име ...незнаев на што побрзо да мислам. ми даде вагинални и ми рече од овие секако ќе се изчисти . па по 2 недели треба да појдам да видиме се како е ...како се одвиваат работите
Фала ти многу, секој совет е добредојден. Ќе го имам ова во предвид. Башка ако е на мене ќе биде долг, зашто и јас сум си била најдолга во мое време меѓу сите новороденчиња. Секое парче гардероба што го купив, го земав поголемо еден број за секој случај.
За старт е најдоброто нешто бдиејќи постољето е со одлична висина и анатомскиот дел со вдлабнатината ти овозможува буквално сама да си го бањаш бебето, без помош од никого. Не забележав во клипот, но би требало да има отвор на дното и со црево да истекува водата. Екстра практична за старт. Само негтивност е дигиталниот дел кој не е прецизен и не може толку долго да се користи колку што е рекламата.
http://bebesupermarket.mk/?p=19652 @LadyC Јас имам ваква само зелена и без термометар. Немам усб со мене, таму си ја имам сликата. Конкретно кај мене: анатомски дел немав потреба да купувам, го легнував син ми така на кадичката, само парталчиња му ставав под главчето (имав перниче едно), а после си седеше во када, па стоеше, па бегаше и сега пак си седи. Јас еве уште ја користам истата кадичка. Купив и сталажа, ама не ми беше практично, па го користам за сушара на алишта (а најскапо делче беше).
Еве го и нашиот прв подарок, во живо бојата е повеќе на сивкасто, со намера да биде неутрална ,затоа што сеуште не го знаеме полот .. Сеедно е драг подарок што и да биде ќе ги изнаноси ,
Другарки, доаѓам од преглед... си го видов бебушко најубаво на свет <3 Ја измолив докторката да ме гледа..пак не сакаше ама после рече, ОК на твоја сметка тогаш. Не е битно, после се убаво ми покажа и објасни и сега летам, на седмо небо сум. Се е во ред со бебушко, само спиеше, не сакаше да се покаже што е. Прво ми рече изгледа е мома, па потоа како да виде куренце и пробуваше доста да го размрда, ама не сакаше милото ептен беше заспано. Па оставивме пол за нареден пат. Втор скрининг ми закажаа на 28.07, тогаш ќе сум 19та плус нешто, мислам ОК е, не е рано нели???
ako te teshi, i jas jisko go nosev tek posle 24 pochna nagore da se kachuva. sega kako raste taka se kachue.
Е зошто тогаш, толку рано ми закажаа??? На неполна 20та... Ќе одам тогаш на државно, па после може да отидам и на второ мислење во 22ра на приватно. Фала ви девојки
Жени за мака во желудник што пиете? Цел ден ми е лошо, и желудникот ме боли. Може ке ми олесни ако повратам ама не повракам никогаш..
МЕне ми рекоа шо покасно тоа поубо ќе се види и органите поразвиени ќе се...19 недела не ми се верува и самите органи да се доволно развиени да се видат. Ама јас зборам лаички не знам. Јас намерно одам покасно, 22 +4 скоро 23 недела.