Нема проблем, во секое време. @Grungie нормално е, јас обично се подвиткувам за да ја ублажам болката.
И мене ми се случи истото, и при кивање и при нагло станување, баш како со нож некој да ме сече од едниот до др крај на стомакот... докторот рече не е страшно ама без нагли потези, исто и превентивно направивме брисеви и уринокултура
Ноќеска за малку ќе се измочав во гаќи хахахаха!!! Толку многу ме притиснало наеднаш за мочање, значи станав и трчав до ВЦ да не се измочам попат, незнам што ми бидна, ми се дешава ноќе да станувам и по 3-4 пати да мочкам, ама ова синоќа леле хахаха само што не испуштив во гаќи да се измочам, секунди беа во прашање Солзи ми потекоа додека мочав од среќа и олеснување
trudni se izz sto me nemase do sega ama prob so komp pa potoa so kablite niz sobi gluposti ..... inaku za 4 dena vlagam vo 9 ti pa veke me fakaat paniki za sve i sve i svasta vie koja sto praite??? nikogas ne ve imam prasano so kupuvanje do kaj ste?? sto im imate zemeno na bebuskite
Девојчиња ви се дешава носот да ви е со крв и да ви се слева во грло? Мене последниве неколку дена така, не крварам, туку во грло ми оди и после плукам крв. И кога го дувам многу крв ми излага... :/
мене не до толку ама постојано на дување згрутчени топчиња крв имам...нормално е нели циркулацијата ни е зголемена па си пука по некој капилар, но не е на одмет и притисокот да си го измериш повремено
Ми се нема случено, меѓутоа секаде кај што сум читала пишува дека е нормално да се крвари од нос, па ваљда штом сегаде е наведено дека во второ тромесечие може тоа да се очекува, нема место за паника
Едвај чекам да дојде понеделник, во меѓувреме имав стомачен вирус и завршив на инфузија, пролив повраќање... се надевам дека ке биде се во ред !
@Jagoda123 се врати? Сабајле седиме со мм и јас ко гром од ведро небо: КАПА!!! Он ме гледа чудно и му викам абе капче за бебето не купивме, има од бато ама барем едно ново негово нека си има Денес ги пеглам алиштата, нека седат спремни во новиот плакар. Сфатив дека и пелени ќе ми требаат, ама тоа може и мм да купи и онака во болница не ни требаат. И мислам дека лека полека ќе бидам спремна. Мене уште се ме боли ама малце ко поарна да сум па да искористам За јадење денес овошје и вода
@wings @kikin @DigY ви благодарам, не знаев дали е загрижувачки, поарно да си прашам , а притисокот вчера го мерев и ми беше 100/70 што е нормално.
Нормално е да да зголеми овие параметри во бременост... Мене ептен ми се погоди да ми се зголемени леукоцитите коа имав болки па гинекологот за да бидеме сигурни дека не е некој инфект кој би предизвикал болки и контракции ми препиша цефалексин ... Но како што реков обично не даваат ништо затоа што е нормално.
1 супена лажица млака вода Прстофат сол 1 цеден лимон. Се меша заедно и се дотура вода и се пие. Проверено
Срцке, ситно се бројт к'ј тебе За старт за бебушката ти требаат само најнеопходни ситници и најминимално. Верувај, одма ги одраснуваат #пелени, марамици, павловичева, јекодерм, бекутанче... #хиперманган мноогу ми се наоѓаше уште од старт ( за во водата при капење ) #завој, гази, алкохол, бетадине за папочето # цуцле, шишенце ( за секој случај ) #шведски и тетра пелени #неколку бодиња #неколку шпихозни #капче, ракавичиња, чорапчиња... И секако крпи, постелнина, покривки... Мислам наведов доволно ко за старт ..
Лелееее јас и мм најнеодговорни родители сме биле. Пред да се породам речиси ништо немавме купено и на пораѓај така отидов, ко од марс падната. Ама па мм, мајка ми и свеки се купија и средија. Не купувајте многу алишта, одма ги одраснуваат. Додуша мојава по 600гр. напредуваше па повеќе ги износи Мм несакаше да земаме алишта од други, дури кога му спомнав лут беше. После кога виде колку се носат алиштата вика лелеее колку сум згрешил, појма немав дека е вака. Дури сега вика дај и ова да е женско, да ги износи алиштата. Само ми се спие, лежи ништоне ми се прави. Во среда на лекар за срцева реакција, едвај чекам. Само да се живи и здрави и прави.
А зошто е корисен хиперманганот кај бебињата...јас порано го користев кога сум имала кандида..и колку се става во водата???
Бебињата се многу нежни, од стерилна средина доаѓаат во контакт со овој свет каде владеат бактерии, самата болница каде се изложени на многу луѓе.... сето тоа е шок за нив и голем број бебиња реагираат со исфрлање на кожата, ситен осип кој го нарекуваат по старски и чистење... ете моето прво бебе ради лоши услови во болницата каде се породив доби црвенила и на нејзини 9 дена лежев во детско одделение и и даваа интравенозно терапија кожен доктор ја виде и ни рече одмивајте со хиперманган - за два дена се исчисти осипот. И така и наредните две бебиња од старт ги одмивав одвреме навреме со хм. Тоа е ситни розеви кристали и во кадичката по буквално едно зрнце повремено ставам, не секој ден. А исто истражував за хм дури во некои области во Африка на тој начин ја дезинфицираат водата за да добијат питка вода. Од мое искуство,еден од основните препарати е ова. Па и за мајката е добро за одмивање. И @Ivo Na да надополнам, за во болница дефинитивно - марамчиња или сув сапун за дезинфекција за пред допирање на бебушот Со лесно на сите идни мамички, обожавам да ве читам и се радувам со васhug:
@menelele , со лесно мила да си износиш бременоста. И јас не купувам многу алишта на почеток, доволно за да и менувам. За почеток купив доволно од се што ми треба. Јас веке зедов количка, креветче, релаксатор, цуцлиа, шишенца, аспиратор за носето, топломерце, стапчиња за носето, коритце, четка за косата. Ми фале шампонче, тетра пелени и сл... Јас сакам со време да су спремна и да си одберам јас. Не дека не верувам во изборот на најблиските, мерак ми е мене