Јас тој ден и наредните ден-два не би сакала ни мајка ни шајка дома. Сакам со маж ми и бебето сами да бидеме, фамилија, прв пат тројца, да бидеме само ние во затворен круг. Ако завршам царски ќе мора помош јебига. За снаоѓање-ќе се снајдеме како и сите, без паника и полека ќе влагаме во ритам
хмммм... ве читам за помошта дома? За мене тоа е најбитно, и покрај тоа што бев природно породена. Дома беа и мм и мајка ми. Она се ми средуваше, готвеше, переше, пеглаше ја и мм само беба си ја гледавме. По мене тоа е најбитно ко ќе се вратите дома да имате помош. Зошто мм незнае да готви, а мора да се пази на храна за да не се фати запек. Исто така, бев сечена па од раната неможев да седнам, па да се наместам, па да дојам.., па истоштена душа немав. Па за бањање, јас немаше шанси, мм не знаеше па мораше некој да ни помогне на почетокот. Незнам вие си знаете ама јас од секогаш викав, јас кога ќе се породоам мајка ми мора да биде дома кај мене. Така се чувствував многууууу посигурна. Само кажувам мое искуство. А за околу бебето ќе се снајдете, инстинктот одма проработува, ама сила се нема за да можете се сами да правите.
Девојки денес цел ден читам на нет за миом на матка и да ви кажам една асална раб не прочитав и сум преплашена. Значи се нешто испаѓа, не сме раат никоја од нас. Толку ли стресен живот тераме што во најубавиот период од нашиот живот не уживаме... Разбрав дека постари жени кога ќе им најделе миом ги терале да забременат. А па на нет пишува имало и во матка и надвор од неа. Не треба до толку да се "едуцирам" изгледа, џабе си правам дополнителни нервози. Ве молам ако некоја од вас знае нешто повеќе да ми пише да не се тресам како будала цел ден по дома. Инаку најголемата среќа ми е бебушот, цели денови ме клоцка и уживам искрено. Извинете на постов, али тука ако не кажам, се мислам друг никој нема да ме разбере... Бтв споделете како е во трето тромесечие бе женчиња, ве читам некои од вас пак се справуваат со киселини и потешкотии, претпоставувам трето потсеќа на прво ?
a ti sho pa toa chitash?? mesto bebeshki stvari da gleash ona miomi na matka. da te utepa choek. eve, majka mi beshe so miomi. ogromni. 4. praeno i e histerektomija i zenata si e super vekje 9 god. u treto e teshko, bar za mene. bolji @Smizzy da ti kaze kako e nego ja
Батали го Др. Гугл, по него сите сме тешко болни. Слушај совети од твојот доктор и немај гајле. А за трето тромесечие мене ми беше малце мачно 8ми месец, тогаш бебето добива на тежина, расте стомакот, се шири се, омекнуваат коски, се јавуваат болки, ама се се трпи. Сега девети месец уживам, ни мачнини, ни болки, ништо
Па зашто ми видоа вчера над бебето, ама ми рекоа као да баталам ич не било страшно. Мајка ми исто имаше ама на 45, јас веќе голема бев а не на 27 . Знам, се замарам беспотребно ама па ако не е загрижувачки зашто ми го спомнува да ме тревожи само ? Претпоставувам тешко е трето ама кога ќе дојде е најслатко најверојатно зашто веќе се ближи и моментот на упознавање на најслаткото нешто. @Smizzy а дишењето, киселини, мачнини некакви, притисок? Тежина сигурно се осеќа ептен, штом сега во 5ти почнува да ми смета мешето под градите.
Ние стигнавме во трето тромесечие. Лично за мене сите три тромесечиа до сега ми се исти. Се разликува тоа што стомачето ми пораснато малку, друго ништо. Потешко дишење, тахикардија, главоболки и висок притисок си имам од прва ден, до сега. Жештините многу сметаат на притисок , во текот на денот со сигурност морам да испаднам до град, потоа цела глава ми е тапан. Следната недела сега со сигурност до 14 х секој ден тешко да си дојдам. Треба да ги соберам документите за боледување и системот им е така добро осмислен против нас. Уште пред 3 месеца матичната ми даде и предлог за на комисија електронски, како демек по ново. Само што си дојдов дома ми се јавиа да им носам нов предлог , електронскиот не се важи. Ај, јово на ново. И предходно напишав. Предходно мислев да влезам во 28ма ќе се ослободам малку од стресот. Влегов во 28ма сега чуствувам поголем стрес, загрижена сум бидејќи со максимум терапија не успевам да го слизнам притисокот од 150/100 .. Ми е страв да не направи проблем со бебе. Затоа одсега и самите прегледи ми се почести. Стигна новата крем за стрии, прв пат ќе ја пробам денеска. Ќе видиме резултати.
Тоа во и надвор од матка не е буквално туку се однесува на кој дел од ѕидот на матката е... Доколку прави миомот проблеми , тие проблеми се во врска со забременување но чим ти си веќе бремена немаш гајле... Едино може да ти го отстранат миомот при царски рез доколку треба да се извади, но доколку е мал и не расте со тек на време тогаш комотно можеш да ди живееш со него... Џабе да ти викам да не се секираш кога и јас самата само си наоѓам по нешто за секирање и секој ден занимација еве денес пример се мислам зашто толку е хиперактивна малата плус одеќам као тег меѓу нозе да носам и така ... само си наоѓам по нешто
Честитки душо за бременоста, те читав во др.тема и постовите твои дефинитивно ме расплакаа и целата таа приказна за пред и после бременоста, ти ја посакувам целата среќа на светов и дај Боже да си имаш школска бременост Што се однесува до срценцето, јас кога бев да ми утврдат бременос, немаше ни ембрионче, само гестациска кеса и ништо внатре, др.ми рече за 7-10 дена да отидам пак за да може да се види. Јас отидов точно за 10 дена и тогаш се се виде, имаше и ембрионче и чукаше и срценце, така да ако не те трпи срце, ако поминале 10 дена од последниот преглед, слободно оди да си го слушнеш тоа што си посакуваш. Кога ти рекоа да одиш на преглед?
Знаеш дека секој збор е олеснителен. Не се замарам веќе, да ми е малиша добар друго не ми е гајле. Се ќе се среди. Инаку јасно ми е дека паниката е најголем непријател. Да е мм тука е подруго, кураж ми дава, ме смирува. Али ќе се издржи. И мене мојов ме клоца кога седам или сум на грб, а тоа ме исполнува. Тука е, го осеќам и му се радувам. Ти благодарам, се што кажа беше дел од мелемот за душа.
Здраво на сите. Ни остана уште мг малце до првата средба со малата, ептен сум нестрплива. Си купуваме секој ден по нешто, перам, пеглам, собата и е спремна скоро, уште креветчето го чекаме. Страв од пораѓај неам, само отпосле како ќе се снајдам. Ама со многу љубов верувам дека ќе биде се ок
Здраво женски...јас породена,ама ми фали темата. Ве читам дека се грижите како ќе се снајдете,па затоа ви пишувам. Јас помош од никого немам,свекрва ми е почината,со мајка ми не сме во најдобри односи. Си свртив во глава дека јас мора да се грижам за детето,дека ако се плашам само лошо ќе биде,и засега мислам дека одлично се снаоѓам. Ќе успеете и вие. Ако имате некој близок со мало бебенце, исто замолете го да пробате да го пресоблечете. Поздрав и бакнежи од нас,галете мешиња,ќе ви фалат
Жено алал да ти е. Те читам од почеток и знам дека немаше речиси ден без грижи, ама еве те храбра, смирена, стигна до трето тромесечие. Браво! Нема ли некој друг да трча за тебе, барем за тие документи, или мора се лично? Издржи уште малце, храбри стр и двете, па кога ќе се породиш ќе видиш дека нема подобра терапија од самото бебе @NanaMia иста бев, повеќе се плашев од тоа како ќе се снајдам со бебето, отколку од бременоста и породувањето. Претходно немав пресоблечено, бањато, сменето пелена, па мислам ни во раце немав држено така мало бебе, ама кога го родив ко цел живот деца да сум чувала. Инстинктот ти проработува автоматски и веднаш се знаеш. Само смирено и со лесно
Не се oптoвaрувaј. Снaa ми две бременoсти истерa сo миoм нa мaткaтa, дечињaтa се фaлa Бoгу здрaви, прaви, ништo не им фaли. Уште си гo имa миoмoт, сaмo си следи ситуaцијa. Вo бременoст не се чепкa, кaј тебе мoже сегa гo приметиле декa пoчнaл дa рaсте oд хoрмoните, aмa нaјчестo не сметa. Вo oднoс нa третo трoмесечие - имaм киселини, имaм мaчнини, реткo мoже дa се случи дa пoврaтaм (кaј мене не престанаа мaчнините вooпштo), пoтешкoтии сo дишењетo пoвременo имaм, a oсoбенo нa грб aкo легнaм. Секoе клoцaње ми е бoлнo, oсoбенo кoгa ме удирa вo срaмнaтa кoскa и бешикaтa. А ме бoли и пoд ребрaтa, знaчи буквaлнo мускулни бoлки oд рaстегнувaње oсеќaм. Грчеви имaм пoвременo, пa сaмo тoгaш пијaм мaгнезиум, не секoј ден. Тoплoвo ми сметa, aпетит нулa. Фaлa Бoгу зaсегa oк е.
Многу ти благодарам!!! Ти посакувам од срце брзо да помине, а како награда лесен пораѓај да имаш на крај. Апетитот и мене ми е скроз намален, само се осеќам дехидрирано и пијам вода цело време. Се да е во ред и со нас и со малите, се ќе издржиме!
Морам лично да се јавам кај специјалист, кај директор за конзилијарно мислење исто така. За потпис од директор трчаш минимум 2 до 3 дена. Потоа доаѓа главниот адут, штембил. по други врати се шалтам, ако најдам некој на време, добро е. кој кафе, сокче, муабет. Чекај да завршам а не е време за пауза. Кај матична исто јас одам, се собира 3-4 пати одење. Едино во социјално мајка ми ми ги носе документите и зема. Па од тоа сум спасена. Уште овој месец да ми продолжат боледување до 20ти август, потоа планирам одмор да си земам 10 дена па трудничко да отворам. Здравје, да биде само се во ред. Другото ќе се среди.