Мешиња ми се воспалија стриите на мешето да не има уште некое меше ваков проблем? Како да го спречам чешањето и црвенилото?
Јас пишав дека бебето ми е понапредно за две недели од старт, ама јас мислам дека ми е згрешен терминот, бидејќи не правам ништо посебно за да биде толку понапредна. Апетитот ми е дури и намален ради жешкото, имам качено само 7 кг, а за две недели влегувам во 9 месец.
И мене ми е цела бременост понапредно за 2 недели, а не правам ништо посебно, нити па внимавам којзнае колку, ваљда до бебето си е и до гените, ја мислам мојава ќе биде покрупна на татко и па затоа е понапредна
@Dear_Thing и моите близначиња се цело време понапредни за една недела, а јас костур. Да не ти кажувам со 45кг ја почнав бременоста. Сега незнам колку имам. Не се качувам на вага, не не, сигурно немам ни 5кг ставено Од исхрана, јадам се што ми се јаде (читај од бурек живеам-осминка дневно обавезно, некогаш и повеќе), ама јадам многу малку. Некои на еден оброк толку јадат, колку јас цел ден. Пијам по 2-3 (некогаш и повеќе ) кафиња. @anastasija mitic со големината на мешето не се оптеретувај. Дали е мало или големо ти кажуваат на преглед. Ко што те видов на сликата имаш супер линија и мешето баш и не ти е мало. Јас близнаци носам, па не сум со огромен стомак. Нормален ми е. Големината на стомакот не е мерило за големината на бебето. Уживај си. Иначе ние сме супер. Бебињата клоцкаат активно и веќе си знам, досега беа левото и десното, сега се мирното и немирното
Добро ви утро мами. Јас одма да се приклучам на утринскава програма " бебето и неговото напредување" . Мислам дека се зависи од конструкцијата на мајката за тоа мешето колку се познава. Не мора да значи дека ако јаде повеќе или помалку бебето ќе е понапредно. Ете јас бев 65 пред да затруднам, сега сум 68 (ме мереа во понеделникот) а бебушот ми е понапреден . Да се здрави и живи е најважно, другото се ќе се среди. П.с. толку многу се чешам како шугава од под гради па до доле што мислам дека цело меше ми е црвено. И нозете ми се ко на орангутан една недела после депилација. Врска немам зашто толку многу ми растат, ама сите се разубавуваат во трудноќа, мене се обратно ми е.
Моментално ми е се во кола за малиша ама вчера сум направила партал шопинг. Од 480 денари си купив мекано зелено јорганче со мече од Стружанка, до пешкири за мене и мм со "фелер" од 190 и 280 денари, до постелнина за бебо од 580 (навлака за јорган, перниче и чаршав), до водоотпорна навлака за пресоблакање за 200 ден , пижамки за малиша иод 350. Се од Стружанка. Влегов во другиве продавници за бебиња отишле со цените поврага едно шпикозниче 680-800 ден, што мене лично ми е прескапо, а во Стружанка бар за мене е врвен квалитетот а е мнооогу поефтино. Така да се што ми треба од кај нив ќе набавам, они ми се No. 1за пазарење .
Добро утро женчиња. Јас се извинувам што ме немаше подолго време ама и немав новости за пишување. Еве ме сега тазе дојдена од преглед. Бебо е супер си одговара на неделите и мерките се супер. Му мереа главче и проток низ мозокот, работа на срце, внатрешни органи, лице....и се е окккккк. Посреќен човек неможе да биде после вакви информациии. Ама многу активно бебе не даваше да го видиме нонстоп бегаше и преташе. На крајот од прегледот докторот ми вика папочната врвца е благо ставена околу вратот ама не е замотана туку е лабаво поставена околу вратчето. Јас како што бев насмеана мислам дека воздух ми снема околу мене, па докторот ми објасни дека бебето е мнооооогу активно и дека уште илјадапати ке ја смени позожбата а со тоа и папочната врвца ќе му се најде на друго место. Па жени неможам да не се загрижам. Го прашав што можам јас да помогнам во случајов повеќе да одмарам или движам и он ми вика апсолутно ништо не се може овде се е природа... Малку сум загрижена но од друга страна пак не му е измотена папочната околу вратот. Што мислите вие? има место за паника? Инаку маже носам
Јас мојата бременост ја започнав со 58кг некаде до 3месец не ми се ич познаваше имав онака малку меше но постепено само во мешко накачував во килажа и сега последен пат кога ме измерија на 29јуни бев 81кг. бебка сигурно ќе биде големо бебе, јас воопшто не сумм здебелена освен во мешко инаку сум 9мдс
ЌЕ си биде се во ред. Само позитивно. Тоа не е нешто што зависи од твојата активност.... Значи дефинитивно машка година...Алооо, јас уште немам снајка, ај ќе бирам од овие по 2-3 години шо ќе бидат во темава, да не сме генерација
Луѓе мене докторката ми рече дека децата ми се двојајчани затоа што е секое во своја кеса со плодова вода, ама нели двојајчаните настануваат после оплодување на две јајни ќелии, јас добро знам дека првиот пат кога бев на ултразвук беше една точка која подоцна, т.е. наредната недела кога бев повторно беше разделена. Зарем не е тоа еднојајчани??? Плус вчера читав на интернет статии дека и еднојајчаните може да се развиваат во посебна плодова вода. Е ај сега??? Сега незнам дали ми се еднојајчани или двојајчани?
Јас кога бев првиот пат на доктор ми рече за сега гледам една кеса, чука едно срценце, нареден преглед се надеваме ќе остане така и ќе видиме да не има и второ кое сега не успевам да го видам. Немаше, еден бебуш е, но по муабетот сатив дека е возможно и таков случај. Кај истата докторка ли ти беа и двата прегледи? Се надевам дека ти обрнува доволно внимание, и нареден пат потпрашај ја за твоите сомнежи, подобро одколку читање статии на нет кои само повеќе ќе те збунат.