Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Добро утро и од мене. Денес станав порано затоа што бев да правам крвна слика. Кога си дојдов домче пак заспав. Ова бременоста многу ме тера на спиење. Јас ви препорачувам дома да си седите, па навечер накај 8 да шетате. Имајте убав ден :)
     
  2. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    Добар ден мешиња, како сте ми?
    Ние сме супер се е во ред, на жешкото не излеваме дома си лежиме, ама многу од малку нервоза ме фака лелеее избувнувам како торнадо, само тој проблем незнам како ке го решам. Големи поздрави до вас :*
     
  3. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    559
    леле морам да ти кажам дека не си сама и јас се нервирам многу и се лутам, кутрово маже ми викат дека ке доживеее нервен слом дури се роди бебето од мене :lol:
     
  4. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.570
    Пол:
    Женски
    Маца убава и лесна бременост да си имаш.И многу ми е мило кога ќе слушнам ваква вест.Навистина да се донесе на свет мало пуфнасто,миризливо бебушче е најубаво нешто на светот.И некаде претходно спомнав бременоста ти е 3 месеци лошење,3 месеци прејадување и 3 месеци нон стоп мочкање :D
    И јас сум имала проблеми со дишењето.Имав впечаток како дијафрагмата да ми е дигната горе и не можев да земам воздух,А и топлово време многу пречи верувај.Ќе помине се ,и еден убав ден или ноќ...ти оставам сама да си ја довршиш приказната... :*
     
  5. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    хахах леле сварно јас сама почнав да се осекам дека не сум во ред, неможам да си ги контролирам нервите, како темпирана бомба сум, и многу често плачам, вака никогаш не сум била :devil:
     
  6. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.985
    честиткииии леонтина, нека е живо и здраво синчето, паметно на мама и тато :*
    Исто, исто, не сте сами мешињааа, таква е оваа трудничка работа најверојатно, секој втор ден ме тера на плачење и се лутам и за најмалата ситница која ќе ми ја каже некој ако ми засмета :tmi:
     
  7. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.985
    Труднички, да ве прашам дали лаптоп е штетно да се става на стомакот или блиску него? Нели зрачел па не знам како веќе да се справам со него |(
     
  8. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.025
    Пол:
    Женски
    Јас знам дека и така е штетно да се става во скут, а камоли во бременост.
    Мене ми е обично на маса, на креветот до мене или вака на перницата што е за доење (спиење).
    [​IMG]
     
  9. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    559
    а и јас можам одма да се расплачам, тоа ич не ми е проблем, еххе
    туку имам друга мака, имам многу киселини, што и да ставам во уста одма ме факаат :(
     
  10. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054

    Охх ова е 6ти по ред најтопол ден годинава, нека се одлучат за еден аман веќе |(
    Инаку поарно што излегов од дома, во Џамбо на клима, па кај другарка ме остави маж ми, кај неа ладничко, потоа кај девер ми на ручек пак на клима, во кола цело време со клима, не го сетив топлото денес. Дома немаме сеуште клима и дефинитивно ќе ми беше многу потешко.


    За тебе мила 4 мекици, колку повеќе давам толку повеќе ќе ми јадел бебушто, така викаат :P , па што е сигурно сигурно е :lol:
    Само имам уште време, таман да го истрпиме топлото, па октомври кога сака може да се раѓа :angel:

    Маца со лесно да си ја износиш бременоста.
    Мене ми е чудно што читам дека некои сте криеле, јас пак знам дека обичај е да не се крие, демек убава вест била и било грев да се крие.

    Леонтина да е жив и здрав лепотанот. Привикнете се малку , па те чекаме со целосен извештај

    Инаку ние денес го купивме првото шишенце за цуцката :$ Кога се вртев вртев како некоја чукната, незнам што да купам, какво треба, едно друго, ги исчитав сите декларации и на крај го земав она на кое пишеше 0+, па ако не и се свиѓа, ќе и купиме друго :wasntme:
    Земав и една крпа за бебиња, видов и ќебенца но некако не ми направија ќејф. Ајде има време мислам дека ќе успеам се да средам :)
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  11. ivanovicka

    ivanovicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    227
    Жени, мешлаци како го издржавте денов?
    Јас мислам готова бев не клима ма се у пм нека оди ако има уште вакви денови неможам повеќе да издржам , сакам зима, зима ладно да е.
    МЕу супер што ти бил добар денот може требаше и јас такво нешто да направам а не дома, и тоа под клима џабе џабе сега и глава ме боли од тоа климата пукнав.

    АЈДЕ ЛЕТОВО НЕКА ЗАВРШИ ВЕЌЕ ЕДНАШ

    Поздрав убава вечер ... :inlove: :*
    Чувајте се и утре ќе било ваков ден :envy:
     
  12. anule88

    anule88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    214
    Маца и од мене лесно во бременоста! А со тебе Меу се слагам за тоа што се криело незнам по колку месеци како во старото, а сакаме нешто ново да придонесеме! глупости таму, па се кажало прво на мајката не на свекрвата! Па нели се и двете баби нели имаат право двете да знат. Јас му кажав одма денот кога ми потврди докторот на сите од мајка од свекрва од сестри золви итн па нека знат нека се радуваат сите. Ако некој не го прифати тоа со радост на чест негова нека биди само тоа можам да го кажам :)
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.391
    Јас дури сега се враќам од шетање сум се изнаодела како никогаш до сега, прво бевме во Базаро и и купивме на принцезата транспортер, послем во Џамбо и ние си го купивме првото шишенце и се разбира некои ракавички, капчиња така ситни работи и на крај низ Трговски и на плоштад се изнајадов крофнички.. ако видовте некоја трудница огромна како бута ли бута крофни да знаете јас сум била ама многу ми се јадеа, се изморив така да сега се туширам и право во кревет..

    Добра ноќ на сите мешенцаа.. :)
     
  14. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Се мислам јас сега каде да најдам ваму крофни со убав ддебел чоколаден прелив? Хммм...се нешто мислам дека меѓу сите вафли ќе најдам некој надежен крофнаџија. И Чик немој бре вака да не с’скаш, ЦСИ Фемина-Трудни и стрвни специјална епизода за нас ќе направат после мабетов за крофни и јадачки :lol: Ах што ми напра, цела ноќ да ги сонувам
     
    На Unique.chick му/ѝ се допаѓа ова.
  15. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    И јас синоќа јадев крофни, но не од малите, туку убава голема полна со крем, конечно најдов полн и крофни :$ Досега само крофни и палачинки ми се јаде постојано, се друго ми е на периоди.
    Инаку мешиња не се спиеше ноќва, а и сега бога ми не се диши. Носот ми е некако сув, мислам дека едвај воздух зимам, а накај 3ч кога кажа ќе ме гуши, прав хорор, па станав до 5ч не сум заспала . Сега ми се спие ми се плаче но тоа е. Ветре дува, но никако да влезе малку дома, строго надвор и прашина да крева :(
     
  16. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    ^Исто и јас,око не склопив :( :( Цела вечер се мачев,дали 3 саати имам спиено.Имав тахикардија,па после ме фати некоја паника почнав да се потам ко ненормална.Мислам дека е до времето.Вчера беше претешко,а јас во станот немам клима,не се издржува :(
     
  17. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Лелел маца иста песна, без клима не се дише, а и воздухот е толку сув, на сето тоа затната, прашина па кивам од неа.... полошо, погадно се немам осеќано :envy:
     
  18. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Порано кога немавме клима и се ладевме со вентилатор јас пред вентилаторот во послужавник ставав пластични шишиња со замрзната вода и вентилаторот дуваше во нив и релативно добро разладуваше. Е сега важниот момент е дека ги спуштав ролетните и вентилаторот го ставав пред вратата од тераса па така ми влечеше и малку свеж воздух од надвор ( или можеби и не :D ).Во секој случај доколку се разладувате со вентилатор пробајте го изумов (не е мој ;) ) со шишињава.
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. ivanovicka

    ivanovicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    227
    Добро утро мешковци.Тешка ноќ приметувам за сите не само за мене :devil: Ужасен ден вчера уште поужасна ноќ , а најстрашно беше што успеав да заспијам ама кога рече сонувам дека нема ништо во стомаков страшно , се испоизвадив од памет од сабајле.

    Само да ви кажам јас сум со клима ама исто како да не сум , не смеам да ја пуштам глава ме боли многу од неа така да и јас ви се приклучувам во екипата без клима.

    Ах спомнавте крофни,..... камо да можев да ги каснам. :P :P

    и денес многу жешко...аман веќе

    Килажа ..незнам каде ми е вагата ама мислам дека немам многу качено кила 2-3 можеби а може и не, и така си бев крупна предходно , а и јас им завидувам на слабите труднички баш им е супер им се познава и мешкото и повеќе чувствуваат. Јас моево не го чувствувам зошто мешлак имав и предходно, така да трудночава со дебелинава моја се тука некаде изедначени...

    Само се тешам кога ќе се роди бебушкава моја ќе имам толку трчање околу неа (со задоволство ) што сигурна сум дека ќе ги спуштам сите кг тогаш.

    Ќе се истенчиме сите после пораѓај. Другарка моја на пораѓај отиде со 80 кг а после пораѓај за 1 година се истенчи дојде до 50кг, ама вика доење трчање околу бебето и се ќе си дојде на свое. Да не и ги знаеш децата ќе речеш дека никогаш не била трудна.

    Затоа уживанција и КРОФНИЧКИ :P па после на диети и слабеење ...
    Поздравче мамички чувајте се и од овој ден :*
     
  20. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Незнам веќе то да искоментирам на тема килограми, душата ме боли кога се гледам на слики лани летото и сега... но тоа е тоа, почнав и да отекувам, па прстињата ми се како ќебапчиња, а и на нозете зглобовите малку потешко ми се познаваат.
    Се тешам нема уште многу , па ќе видиме после како ќе биде.
    Ах заклучок: Болна тема на една трудница : килограмите, тежината.... :?:

    Ние решивме да одиме на Матка да видиме можеби поладничко е таму. И така дома не се седи, имам куп работа, ама џабе е кога не се дише, немам сила ништо да сработам.
    Па да одиме и до Бриколаж, да купиме за креветчето што ни треба, полека да го спремаме, фарбање едно друго :P

    Се надевам ќе си најдете начин да се разладете денес :*