Ај добро утро. Летна и оваа недела. Понеделник официјално 20та полна недела, односно на пола пат од бременоста. Форумов ми дојде како дневник за водење бременост. Убав ден мами.
Здраво мамички постојано ве читам и сигурна сум дека вие ќе знаете да ми кажете, 26+6 сме до сега можам да кажам без никакви проблеми и мачнини бев ама во последно време чуствувам повремено како тежина,притисок во долниот дел од стомакот. Бев кај матичната завчера бебуш е добро ми рече побуце бил со тежината и и кажав што чуствувам. Ме праша дали имам и менструални болки и реков не и не ме провери вагинално ме посоветува да одмарам повеќе, зошто до сега бев турбо свадба работа едно др. Е сега, незнам дали по сугестија, вчера вечер осетив ко тупа болка во долниот дел на стомакот прво кај десниот па левиот јајник ама ми помина. Нормално е ова чуство на тежина и оптегнатост да се има или да закажувам кај матичната?
Да се пријавам дека не спијам.....Ама имам секојдневна рутина посабајле, смутиња, кафиња на работа со колеги...Тоа да помине и седнувам на фемина. Да не мислите дека сум спанка (станувам зашто морам ама кога сум дома не станувам олку рано )
добро ви утро! Јас стана од 5 и пол, принудно, кере изгледа заби вади. Одам сега во тоалет пак една розева капка и сто мисли у глава. Денес сум на лекар па ќе видиме што ќе каже. Едвај чекам денов да помине.
Добар ден, убав ден. Железото 7, хемоглобин 11. Пред 20 дена точно беше друга прича, неспоредлива, мама јаде фул овошје и зеленчук+фероглобин ама бебево влече ништо не остава Сега сфаќам зошто спијам често, клапната сум и се задишувам од еден ред скали. Одам во биокулт по пченична трева, плус мед коприва ореви и сл. Кој има проверен рецепт да се покачи ова, нека пише
Од мед со семе од коприва немаш подобро. Исцеди и еден лимон во теглата и јади наутро. Каснувај и по еден ред црно чоколадо. Еден, два нема проблем
Јас почнав со семето од коприва, мед и сецкани ореви...ама не исцедив лимон....Но и вака е ОК, ќе видиме наредна контрола резултатите дали ќе бидат пдобри.
Лимонот заради витаминот Ц, а и за да не се здрвува медот. Инаку и мене ми го зае*ава вкусот, не го сакам во благо, ја одзема аромата на се друго што ставаш.
Jas zavrsiv vo bolnica so krvarenje, odma me zadrzaa izvadena od pamet sum 23 plus 2 sum sega me ispituvaat, rekoa bebinjata se dobri, deka sum zatvorena
Не се секирај душо, ќе биде се во ред. Сега си во најдобри раце. Господ да ве чува, да ни пишеш како сте
не е ни крв ни секрет, како водичка е ама незнам дали може да е плодовата вода да ми истекува што ме вади од памет или ми се клизнува некоја капка мокрача што исто ми е многу чудно