Не е плодова бе, мислам дека секоја трудница ќе се сложи дека во овој период е цело време „навлажнета“. Не е страшно, уживај си
и јас ко што знам е нормална е „влажноќата“ за заштита против бактерии. Мене цик цак ми препорачаа за да не ја гушам другарка ми со улошки привремени. Ко што гледам добро ми оди и поарно ми е со цик цак (оној пресован ли како се вика) .
уфф... ми подолесни,ме фати некоја паника тргнав да закажувам кај матичната инаку мене овој период ми баш психички напорен, моја многу блиска пријателка имаше лошо тажно искуство и се поклопува периодот во кој сум сега со бременоста и неможам да не мислам од страв да не ми стане и мене
И јас нон стоп сум влажна, како подмочана. И се си мислев дека кога мочам не се домочувам Ми рекоа дека не е убаво улошки да ставам така да понекогаш палома ставам ама мнг ретко
. Не мисли на некој што му било. Јас си зацртав дека ќе го родам (подучена од феминки тука на кои сум им благодарна) и нема кај да оди. Ќе излага јас кога ќе му кажам, нели мајка сум му? Се ќе е во ред, без грижи.
како порано не ги напраивте муабетиве знаете ли што ми се случи сабајлево станувам , си доручкувам и од нигде никаде една остра болка у стомак абе ме уби ... и по некое време идам у тоалет и глеам на гаќите така бааѓи мокри значи не како секрет секојдневен туку викам водрњакот си почнал да пушта малце по малце и ајде правец во болница и ми рекоа дека сеа за сеа има плодова вода и е се ок али да мирувам и да следам состојба викендов. абе јас си се чудам колку бев смирена и како си се спремив и си отидов
Не истекува баш капка по капка, ако е пукнат негде високо ќе си тече, ама не се одеднаш туку на периоди. Ама се разликува од тоа да пуштиш некоја капка урина. А кога пука целиот водењак тогаш нема шанси од утка, одеднаш е поплава, дури и под туш да сте ќе се осети Едит: истекувањето и пукањето на водењакот е безболно во секој случај. (Со првото ми беше напукнат и си течеше по малце, а со второто ми пукна таман кога седнував на креветот за породување)
може може ... доколку е пикнат погоре водењакот ... и затоа ако се сомневате дека 2-3 декжна тече по малце на лекар поубаво да отидете за да се види колочество на плодова вода ...
не сум нашла да прочитам за целиот процес сигурно повеќе сте упатени...тоа пукање на водењакот што се вика е уствари пукање на плацентата?? и од неа истекува плодовата вода?? не ми се смејте ама стварно незнам
Девојки како сте, денес бев на контрола бебчо е супер пораснала, ама мене ми најдоа многу бактерии во мокрача и леукоцити и ми препиша докторот неоглобин па нели тие апчиња се за железо каква врска имаат бактериите? ајде искуства мислења ве молам
Не пукa плaцентaтa, туку пукa oбвивкaтa вo кoјa се нaoѓa бебетo, a е пoлнa сo плoдoвa течнoст. Буквaлнo е кaкo бaлoн сo вoдa вo кoј пливa бебетo, a плaцентaтa е внaтре. Не дaј Бoже дa пукне плaцентaтa, лoшa кoмпликaцијa е тoa.
инаку кога бев на преглед неделава докторката ми рече дека имам калцификати на плацентата но немам лагуни. не ми се виде нешто озбилно мнохѕ,па не ја препрашав ама сега читам дека тоа значело порано созревање на плацентата. мислење дали тоа значи предвремено породување или дали може да е нешто озбилно? му се десило ли на некој? во 27ма сум и ме загрижува малку...
Кој степен на калцификати? Јас во 34 недела имав 2 степен о ми рече ме е многу страшно можело и до 40 та да терам.
Значи ништо не ми смета во трудноќава ама кромид и лук, поготово лук не можам. Јадев леќа за ручек, леле колку ми е тешко мислам дека ќе бљујам ко змај сега! Ме утепаа киселини.