Ако боли многу ќе почекам да заборавам на болката пред да одиме на второ. Јас сум коркач. А ќе ми недостигате, јас имам уште три месеци до пораѓај
@LadyC пак ќе ја посетуваме темава, а гледаш и веќе се пријавуваат некои одма за второ па и за брзо ќе се дружиме и во др тема Ме насмеа @NanaMia @wings мн ми се стврднуваше стомак затоа порано ме ставија на цтг, покажа контракции, па проверка дали сум отворена...се...но фала му на Господ се беше ок и цервикс тогаш ми беше 4. После овде редовно ме ставаат на цтг, нз од кога почнуваат и секогаш има контракции. Ми викаат нормално е, а не сум ни отворена, ништо...само кога ќе зачестат, на болница да терам @Mimice живо и здраво бебчето, тебе побрзо опоравување
Каде ќе се пораѓаш? Како осеќаш стврднување срцка? Или тоа се осеќа во поодминати месеци (мислам 8ми и 9ти) ? Лелеее на сите да ни е со лесно и да сме здрави и живи заедно со нашите бебуши во раце.
@Lorins од 28 недела ставаат на ЦТГ во Германија. Инаку стврднувањето на стомакот беше редовно и кај мене во последниот месец.
@LadyC па што знам, од 8ми некаде мислам почнав тоа да го сеќавам. Се прави стомакот тврд како камче и често е изобиличен тогаш, за брзо пушта. Јас мислам дека од стрес почна така да ми прави, таков период ми беше тогаш... Инаку ќе се пораѓам Германија, здравје Боже и ако остани бебе со глава надолу, сакам природно без анестезии... @danichap значи овде прилично порано почнуваат со цтг... Кај мене при секое стврднување гледам на цтг се качуваат бројките за контракции на матката...
Неколку недели пред да се породам престојував во болница неколку дена. Истотака нон стоп бев приклучена на цтг да не се испровоцира пораѓај поради состојбата. ЦТГто покажуваше контракции, но јас не чуствував ништо а и бебушка абер немаше. Ме пуштија дома кога ми се смири состојбата и се видовме дури за пораѓај.
@Lorins фала на инфо, јас одамна ги имам лажните контракции но овој 8ми месец се многу чести, непријатни, и малку и без воздух ме оставаат. Не се болни. Ќе спомнам на доктор сега, може тоа е причина за цтг незнам
Истo...без вoздух oстaнувaм, првoтo цтг гo прaвев 35+1 a тие стврднувaњa ги имaм oд 33 неделa честo, пред тoa реткo се јaвувaa. И еве пoчнa и цтг дa регистрирa кoнтрaкции пoследниве пaти.
@alisijad кај е? Жено пиши нешто те нема, да не се породи? @kikin вклучи се малце, приметуваме кога те нема ...
Фала мила и ти да си поминеш најлесно последниве месеци. А за надносувањето и јас мислам дека ќе биде така. И ајде нека се пријавуваат повеќе трудници на темава..
Од првите капки крв, до породувањето може да поминат неколку дена. Јас лично би ти препорачала да се качуваш и симнуваш по скали и да јадеш ананас и урми(за полесно да се отвориш). Со лесно
Те прочитав за контракците дека има мали уште вчера, нели и пиша дека увек чекаш и дека си секој ден на ЦТГ па си помислив денес те нема, си се олеснила. Ајде нека е за арно за убаво. @Asiana @l.e.o.n.a 31.07 aко немаш доволно скали дојди кај мене неколку дена ќе ги одиме по неколку пати
И на крај го надноси, нели? @wings нема на што, тоа е само мое искуство Можеш да си побараш цтг, не губиш ништо, таман ќе знаеш дали регистрира контракции цтг или не, да си бидиш на чисто.
Не сум секoј ден нa двa три денa првo кoнецoт иде нaдвoр пa бебуш, кoмплицирaнa сум јaс кaкo и дa е ќе биде нaреднaтa неделa сo гoспoд нaпред