Јас носев последните два месеци заради едната нога поголем број и продолжив уште месец два по породување и потоа ми се врати во нормала. Сега повторно си го носам страрото бројче.
Феминки, бремена сум 26 недели а имам зголемен жолтеникав секрет,печење при мокрење,црвенило,болки во долниот дел дури болката се случува да ме разбуди од спиење...почнав да се плашам,дури утре имам закажано на гинеколог а отпосле треба да чекам резултати од уринокултура и брисеви а до тогаш се што ќе се случи со ова малово ?
Кога се зимаат пак брисеви? Значи први се оние бо 12 - 13 недела, а после има некои? Ептњн имам некој вагинален исцедок, дури и бел на моменти, ама ептен шо влажноќа цело време осеќам....
Cestitki da si bidete najsrekni zaedno so malite angelcinja,sekoj den srekja da ve prati, imajte si ubavi zaednicki denovi
Женички изгледа јас ќе морам на царски, а толку сакав нормално да се породам. Ми ја мереа карлицата и ми кажаа дека е тесна и доколку одам на природно може да заглавиме со бебчето, ама сепак оставаат на мене да одлучам. Не знам што да правам што би правеле вие совет некој!?
Е ама избор ти оставиле...ем ти кажуваат ризик дека може да заглавите, ем на тебе оставаат. Мене би ми било ризик вака кажано природно, иако сум додека може да се форсира истото... А вака слабичка тесна си во кукови на око? Јас сум, и се плашам да не ми кажат исто
Ме стегаат многу гради. Во десното око ме сече како нож... Матичната ме прегледа, рече од притисокот. Уште 2 недели барем да догураме.
Па да сум, докторката од око рече ми изгледаш некако многу тесна и им рече на сестрите да ме измерат. 17,5цм беше и одма рече дека е малку тоа за нормално породување, дека е ризик и може да се изнамачам да ги истрпам болките и ако не иде пак да завршам на царски, не знам...
Абре чим ви кажуваат самите доктори дека поарно ви е царски незнам зашто се мислите ... они имаат искуство и знаат тоа како иде и биди среќна што не те оставаат да се мачиш ... Нека не те плашат со муабетите царски е операција бла бла бла... бидејќе ете баш за вакви работи постои царскиот рез ... И да, боли раната после али секоја операција што се прави боли али сите издржуваат ...
И за мене мислеа леле слаба нема шанси природно да раѓаш, ама ме измерија и ми рекоа може природно. Така и се породив. Да ми речеа дека има било каков ризик да се заглави бебето, ќе одев одма на царски и покрај тоа што ми е страв од операции. Поточно од анестезија.
А ќе биде ли проблем матичниов да ми ги земе првите брисеви во 11+5? Зошто во 12 недела ќе биде 2 -ра смена, а од 13 одиме на одмор. Лелеле само математики и затоа ноќеска се разбудив и некој немир во душава имав неможев да спијам. Башка што треба со приоритетн упат другата недела да одам на ГАК за скрининг и приска. Дали ќе ме примат?
Бебињата се поголеми веќе, притискаат на другите органи, немаат место. И мене ме боли при превртување, го држам стомакот со раце, ама овие два дена успевам да украдам малку сон, го нема толку она огромно потење по цела ноќ. Ќе истрпиме уште малку. Најди си положба што ти одговара и така спиј, макар тоа било и полуседечка положба во фотеља. Јас се мислам дали да го повторам брисот за стрептокока бидејќи после брисевите веднаш два пати правев уринокултура и беше стерилна, па се сомневам дека бактеријата се развила од топлото, тој ден беше ужасно топло и на такво време ги носев до дома. @vesnik да ви се живи и здрави синчињата, не знаев дека близнаци носиш. Како се породи, природно или царски и каде? Се повеќе се чудам како можат толку многу да се истегаат и да го креваат стомаков. Вистинска револуција ми прават овие денови во стомак. Клоцаат од вагина до ребра
Hemoglobinot mi e pod granica, pijam feroglobin ama nema podobruvanje, sto da pijam, jadam kopriva so med od sabajle, sto drugo?
Мене тотхема ми препишаа во 37ма недела, ептен бев за никаде, со витамин ц една доза, ги испив, мг се гадни ама тоа е. Прашај исконсултирај се пак со матичен
Хеферoл земи, пoдoбри се, ем супер се пoднесувaaт и немa гaдење oд нив. А ептен пoкaчувaaт хгб и железo.
И јас сакам природно, но доколку би ми рекол доктор така, најверојатно би одела на царски... Но не е чудно тоа што дури сега ти го кажуваат тоа дека имаш тесна карлица?! Или сепак можи зависи и до големина на бебе, нз... И јас сум ситна, а докторот ми рече според него природно да одам...