@l.e.o.n.a 31.07 со лесно @NanaMia до каде си? Некој знак дека ќе биди за брзо? Кај мене сега како за малер ништо... Нз што да се превземи за побрзо да дојди денот
Девојки едно прашање... Поради жолтеникав исцедок ми препорача гинекологот вагиналети полигинакс... Но на упатството читам не е препорачливо за трудници!!! Не знам дали да ги користам,имате ли некакво искуство со нив....
Ги зедов резултатите од уринокултура. Немам бактерии. Бидејки леукоцитите ми се покачени многу се сомневаа на бактерии во мокрача. Сега испадна дека немам. на 29ти во мојот град правев лабораторија беа во нормала, на 5ти во Скопје 3х дупло искочија. Сега се сомневаат на слепо црево. Можело од тоа, бидејки и на болки се жалев, периодов. Реков доста е веке, аман. Се е во ред, не правам повеке резултати и стресови.
И јас пред некој ден пишав за исцедок....напати е бел, напати е жолт, башка што цело време се чувствувам ептен навлажнета дури како подмочкана Си викам се е во ред, нормално е во бременост зашто како што читам, 90% трудници исто имаат .
@kikin @LadyC @Grungie За исцедокот, проверувајте крвна слика и ЦРП. Јас го искусив тоа во претходната бременост, испив и доза антибиотик и ставав некои вагиналети, но исцедокот не се исчисти и после породувањето и јас и бебето примавме антибиотска терапија во болница. Јас имав проѕирен исцедок, покачени леукоцити, покачено ЦРП, а негативни брисеви.
Мене цела бременост ми беа покачени леукоцитите во мокрача и секојпат урината беше стерилна. гинекологот ми рече дека тоа е нормално во бременоста. Пиев чај од брусница, увин чај и многу вода.
И што испадна дека е ? каква инфекција? Баш ме замисливте, нели леукоцити нормално е да се благо покачени во бременост, црп исто знам може да е повишено па затоа и не се обрнува внимание на тоа. За исцедок со месеци читам како се жалите, а јас не обрнувам внимание, релативна работа е исцедок, јас мојот го сметам за нормален, не е преобилен но е проѕрно бел малку на жолто и се закоравува на долен веш. Брисеви негативни, е ај сеа?
И јас сум нон стоп како подмочана.Нон стоп влажна.... Сега во понеделникот баш и го спомнав тоа на матичната и ми рече дека е нормално во бременост.
@Lorins не бреее , нема никакви знаци, ја мислам и термин ќе прекорачиме. Сеа сум за саат на цтг и ќе видиме шо ќе каже. Еве идам три пати, све исто ми кажуваат, горе е нема абер, рано е..
Женички што имате пиено тотхема...мн ми предизвикуваат гадење... Нешто ви помага за да се намали гадењето? @NanaMia изгледа на крај ќе прекорачиме стварно, а толку се плашев од предвремен пораѓај. Кај мене на толку трчање и стресови, цервикс ми е 4 и не сум отворена...а контракции си имам одамна на цтг, ама пак ништо.
Јас се сомневам во веродостојноста на наодите од микробиологија (не сум од скопје) цело време стерилна урино култура,а во стандардна анализа на урина има бактерии... Откако испив доза цефалексин, двете се ок. За исцедок, да, цело време имам, но во последно време е жолт и ми препиша вагиналети Полигинакс кои се против габична и бактериска инфекција, а крвната слика ми е ок.... (ми препиша и панцеф,ама нема шанса да го пијам кога леукоцитите ми се во нормални граници) И сега на вагиналетите пишува не се за трудници,а мене гин ми ги препиша. Нема шанса тука да правам брисеви, не ги гледаат асално, ќе треба до Скопје да одам,а до тогаш што.....
Ух ме замисливте. Увек ми е стерилна уринокултурата, а увек на обична урина излага као да имам малку бактерии. Немам пред мене резултати моментално, ама ќе се консултирам со гинекологот за истото. Крвната ми е нормална... Ама врска немам што ви е тоа ЦРП...
Мојот матичен ми кажа дека црп е покачено кога паѓа железото. Со оглед на тоа дека во бременост паѓа железото, предпоставувам нотмално е црп то да е покачено. А за исцедокот доколку е бело жолтеникав кажа не е страшно, во бременоста се појачувал секретот.