Од искуство кажувам секој доктор е различен. Двајца ми водат бременост, двајца ми кажуваат различно. Ништо не ме чуди. Битно си мирна, можеби ќе се мислеше како е и што е да не отидеше.
Да, ок е што отидов. Ама стварно ме чуди здравствово... Да не прочитав тука дека дипотерот може да влијае на породувањето немаше ни да ја започнам целата приказна.. Незнам што да кажам.. Тоа е..
Добро утро и од менее Денеска ни е 1 годишница од брак. Ке си се почестиме со ручек и ке си наздравиме Јас ке се почастам со нова фризура и се радувам. Бебушко расне 2.250 гр. Душа мала Имајте убав ден ситеее
Според табелите за испитувања во бременост, скриен шеќер се прави од 24-та до 26-та недела. Некои доктори викаат и до 28-ма. Не се оптеретувајте, се почесто среќавам трудници кои не ни знаат дека треба инфективен скрининг, д-димери и скриен шеќер дека се прави во бременост. Имаат опуштен матичен лекар, што ги праќа на клиника за обично ехо, а и они се искулирани. Лекарот не би го именувала, има премногу пациенти, но ќе кажам, срамота е во овој век на брз и лесен пристап до информации да не се информираат. И подобро е покасно да се направи испитувањето, отколку воопшто да не се направи. Може претерувам ,незнам.
Епа ете среќа се имаме тука да си кажеме меѓусебно. Јас затоа си прашав, и ме интересира дали може во 8ми септември тоа зашто имам таму човек заедно со д димерите и крвна слика и тоа да завршам?
Јас закажаб во авицена за скриен шеќер и термин дури по 2 недели. Аман тие шо толку со термини за тоа. Затоа сакав да прашам дали во Адриалаб е 100% без закажување да си земам за таму упат и да завршам работа. И во тие 2 саати за одмарање кај одам? Дома или таму имаат простории?
Колку што знам треба некоја недела порано,јас бев на преглед кај матичната околу 28ма недела и тогаш ми спомна гинекологот ама во авицена ми закажаа за две недели така да си знаете се чека а и гужва е еве седам во чекална и чекам тоа растворотбда ми го дадат Инаку си го видов бебушко си се наместило со главчето надоле мирно беше срце мое се е добро плодовата вода,постелката и грлото. Синко стандард си е понапреден со килажа, отсекогаш сум сакала бебенце со фалти јухууу @LadyC мила фала ти на поканата, ако не го направат до вечер ќе ти дојдам на гости хехе
Јас правев пред една недела во Адриа лаб, без закажување е 100%. Јас си седев во чекалната и си читтав списание. Имаше и една друга трудница и со нејзе малку муабет и си мина времето. Само што веќе не би отишла во Адриа лаб. Незнам дали Авицена ми е навика или толку ептен ми се згади од растворот А на три места ме боцнаа и на сите три имам наркомански модрици, што не ми се случило до сега во Авицена.
Ееееее, кај рацете ми ги изрешетаа, па и тоа растворот грозен морав да го пијам. Јас бев во Адриа лаб на Водњанска, одма до Анхоч е. Има и во кисела вода и во Тафталиџе, ама незнам кај се. @LadyC тука сме да си кажеме, јас од тука многу работи научив, но сепак и матичниот треба да е упатен, нели. @Abeja до кај си жено? Те мислам. Прими ли ти инекција за зреење?
jas sakav da prasam dali ovie ispituvanja se zadolzitelni,ili se pravat samo dokolku ima nekoi simptomi koi ukazuvaat na toa,ili zavisi od doktorot?
Мене на клиника ми бараат и резултати. И јас колку што сум информирана задолжителни се. Еве нека кажат и другите.
Леле раката ти ја изрешетале, не се нормални боже господе... А зар мора во Авицена или Адриалаб за скриен? Јас Авицена врска немам каде е... @Offspring како бе не можат да видат пол у 20та недела? Што им е на тие? Значи прв пат ми видоа во 3 месец, па потврдија во 4ти и 5ти, али и мене ми се погоди суета докторска да ми смени пол, али траеше 1-2 недели додека Димчев не пресече. Знаев што е јеботе, 5 доктори различни ми кажаа. Срамота. У напредно време да не знаат пол у 20та недела...
Па мислам дека е обавезно бидејќи дијабетесот ако не се контролира може да дојде до компликации и предвремен пораѓај. А иначе кај мене конкретно бебуш е една недела понапреден во килажа, мада од старт си беше така, па затоа и кај мене мораше да проверам за сваки случај.
Иначе да не се грижите дијабетесот е најчесто наследен,како што знам има вроден и стекнат,а стекнатиот се добива во поодминати години. Нема многу место за грижи