Е па не знам, со првото ми рекоа да прекинам штом влезам во 9, сега ми рекоа до 38 да терам. И не пијам секој ден, како ќе осетам потреба, кога ќе имам грчеви и нелагодност, ме опушта. @Abeja клизма секако се става, небитно како ќе тече породувањето. Или ти сама ќе си купиш, или таму ќе ти стават, пред 5 години мене на ГАК ми ставија. Не дека ме исчисти нешто многу, не бев ни јадена, да ти кажам право. Секако одат прво на природно, клизмата е задолжителна. И нормално е да чеша, осип и мене ми се појави, на превоите на лактите и колениците, и меѓу градите, како места на кои најмногу се потам. Се повлекоа со Мелем кремот (овој што го рекламираат на форумов), сега немам повеќе. @LadyC боли. Барем мене ме боли. И тоа најчесто во ниво на дијафрагмата, т.е градниот кош, кожата и мускулите ме болат, не внатрешни болки, туку баш надворешно. Од растегањето е тоа.
И мене ниско ме клоца значи не како сите трудници на сред стомак .Ми рекоа дека е мало уште затоа така клоца доле .Ке се кренело сега нагоре
@Abeja не е клизмата со цревце на ГАК, како што викаат. Нема ни да осетиш А за осипот не сум те прочитала, или сум испуштила да ти одговорам и јас сум лом на левиот бут. Стомак чеша, боли, корне. Моиве се со главите надолу и кога мрдаат како да ме буричкаат со рацете внатре по каналот и се мислам готово, ќе ми пукнат водењаците Нон стоп само по нешто си наоѓам за да се стресирам @Annath јас магнезиум не сум се напила којзнае од кога, и кога ќе те прочитам ме потсетуваш, па тогаш си пијам. Еве сега ќе се напијам
И моиве се свртени со главчиња надолу па кога мрдаат ме скокоткаат долу, како во каналот да ми влегуваат. Јас кога имав лапаро и хистероскопија на ГАК ни даваа да пиеме еден сируп за празнење, кај трудници мислев чепчиња ставаат. А ова со цревце клизма Јас ќе си го испијам сирупот за секој случај
Леле под ребра ко ќе ти дојде... е тогаш мислам најмногу боли, особено ако е со главата надолу. Со нозете има во желудник да го осетиш а за бешиката да не праам муабет... со главата нурка во неа
Чепче ставаат. А можеш и сама да си интервенираш и се разбира и мене да ми го кажеш сирупот кој е Ова со скокоткањево ме утеши, јас мислев само моите така прават
Па се смеам жими се! Сакам да ти помогнам ама врска немам како, и мене се ме чеша, градите ги корнам секој ден, некако не ми растат колку што ме чешаат маме му. А ракија и јас се мачкам, надворешно е, не знам зашто би сметало, и јас си имам периоди кога ме корне ко лудо.
Два пати раѓав ниеднаш клизма не ми ставија, овде не ни ставаат. А магнезиум се напив час пред да се породам мислејќи дека се лажни болки па да ме смири малце
Срцка, мојов клоца кај јајници, па кај папокот, кај ќе му текне, ама не знам зашто се концентрира кај јајници. А боли доле аууу...
да бе да исто пред некој ден се стресов дека неочекувано мавна па се смеев како шлакната од срека не ме боли мене него некако како слатко-непријатно е
@eleni27 Фортелакс е сирупот. И мене ми го дадоја за чистење на цревата пред хсг. Се надевам го пиев прв и последен пат. Никогаш сум немала поголеми болки во стомак, како класичен вирус со дијареа. Инаку мешковци вчера мислев да ви пишам, ама долга ми беше приказната и голема нервозата, па еве седнав сега. Вчера бев на преглед да се консултирам за боледување оти треба да почнам на работа од утре. Мојот доктор се врати од патување и вчера отидов, ама ме префрли кај друга докторка само да измери грло. Кога отидов и кажав на докторкава дека пред 3 недели грлото ми беше скратено 2.45 и примав терапија, откажав одмори, лежам и живеам во страв. Кога зеде да мери, доста време молчеше и направи страшна фаца. Јас се преплашив, викам што е работата? Докторката вели вашето грло е одлично 3.5 цм и се сомневам дека воопшто сте имале проблем. Викна уште еден колега, па дојде мојот доктор, сите мерат одлично грло. Докторкава видно се вознемири и им кажа на колегите пациентката е врзана за кревет и истрауматизирана, а како што гледате добро е се. Ми ги побараа сликичките и извештајот од минатиот преглед, ќе ги однесам следен пат. Со триста прашалници сум Ама битно со бејби сме добро и цела ноќ си се клоцавме во бешика, па речиси ноќевав во вц-то Сега одам да купам нешто секси трудничко да заблескам малце, утре конечно ќе мрднам од дома, па макар и на работа.
да бе да нека си клоца нека си ужива Иначе во Јамбо бев прееска незнаете колку убави работи има за бебиња. Не им го знам квалитетот каков е , али беа преслатки .
Цело време се мислев како се вика сирупот и ете Фортелакс бил. Јас често имам проблеми со метаболизам а сирупов малку ми делуваше, јас никаква непријатност во стомакот не осетив, се испразнив делумно мислам. Една девојка па ич немала ефект, ни голема нужда ни ништо. Мислам дека ефикасноста зависи и од нашата исхрана. Мене чорба со зелка ми влијае на варење на храната ама од кај да знам кога ќе биде денот за да сварам
И јас бев скептик за квалитетот на алиштата од Џамбо, ама син ми неколку доби на поклон од таму, па реков ај ќе му ги облечам. И испаднаа супер. И сега дури и му купуваме од таму. Он носи од Џамбо и од Тритекс гардероба.
Јас никогаш не сум купувала па затоа незнам да кажам за квалитетот. Ама еве штом има задоволни ке му купам и јас на моево Мнг слатки работи имаше...
Хелоу од нас... еве сега се вративме од Битола... докторката рече дека се е во ред, бебето било +1 недела т.е. поголемко бебе ... иначе не осетив некоја промена демек „приватно“, околу 15 минути траеше гледањето на ехо поточно скринингот и не сум баш воодушевена... потоа ми земаа крв за приска тоа беше во 10ипол ми рекоа дека ќе ми се јават за 2 часа, ама еве уште ги нема и не знам што да мислам? илие до мене можеби премногу очекувам или не знам што е
Sabajle pravev skrien seker vo Avicena, gi zemav rezultatite ama ne pisuva referentni vrednosti i neznam kakov mi e rezultatot. Ve molam da mi pisete, najgolemo thanks
Po toa sto go znam, rezultatite ti se dobri ne se sekiraj. Sekako ke gi nosis kaj maticniot, no po mene se super i nema mesto za panika
Јас бев во адриалаб и таму има референтни вредности. Според тие мислам дека ти се во ред резултатите. До 8.5 е границата