Нема врска дека не даваат за прв скрининг, матичната моја ми дава секогаш. Само на сликите од првиот скрининг јасно се гледа лиценцето, на останатите раката му е преку лицето, нонстоп се крие. Не дај Боже да не е оформено целосно кон крајот на прво тромесечие кога се прави прв скрининг... инаку немаше тогаш да се прави
Јас од кај матична секогаш сум добивала слики, без разлика како е наместено. Имам цела колекција бидејќи одам цела бременост почесто на прегледи Од државна никогаш не ми дале слики. Никогаш и не сум ни помислила на слики од државна. Секогаш кога одам во државна важно ми е да ми кажат - се е во ред. Сега сум за 2 недели на контрола, бев во Вторникот, требаше денес, испадна порано, цтг не беше добро во Понеделникот. Уште 10тина дена влегуваме во 9ти Притисокот овие 2-3 дена почна посебно да ми прави проблем, главоболки, вртоглавици. Отоци имам многу. Нормално е во бременост Да, но со отоците плус притисокот ми е страв да не се развие прееклампсија. Апетит во 8ми месец ослабнав. Немам апетит воошто, не ми се јаде. Важно бебе си напредува одлично. ВО 34+1 имавме 2400 гр. @kavadar4anka , која ти е матична? Ако не сакаш да одговориш, твое право.
Ок, моја грешка, не ми дадоа мене, само си мереа и добив црнобела, обична, а и не сум чула некој да добие 4д на прв. Затоа и искоментирав.
И јас собив на прв скрининг кај матичната и добивам на секој понатамошен преглед. Ама што е битно тоа, белким не одиме за слика на преглед, или само мене не ми е битна сликата туку се да си е ок ?
Фала Богу дека е најбитно да е се во ред, но сликичките се радост која ќе ја споделиш со најблиските. Јас од цела бременост со син ми си ги чувам како спомен. Ги чувам и сега. Од прва до последна. Можеби нив ништо нема да им значат еден ден, но мене за 10,20,30 години ќе ми значат многу, ми значат и сега. Јас чувам се! Од тестот за бременост, сликичките од ехо, алките од болница, првата облека, први патичиња... и да не набројувам. До издишаните балони со кои сопругот не зема од болница. Што знам... мене секоја ситница ми значи и ја чувам, така и сликичките и покрај тоа што на најголемиот дел од нив гледам меури и точкички кои не личат воопшто на бебе, но значат живот, центарот на мојот свет! Може е и до карактерот. За мене ситните нешта имаат крупна вредност.
Мене мм ми бара да си го видел синот, мерак му е. А јас на ехо го гледам секој месец, он ќе види ако му пуштам јас. У моментов секое сликиче му го грее срцето. Уште еден месец.
Абе и јас сум карактер што чува се, го чувам и тестот и секоја сликичка....Само кажав дека нема место за паника и да не се нервира шо не и дале сликичка, битно е што е се во ред, па за сликичка ќе си зема секој месец по една @LadyC нормално дека ќе му е мерак на мт, уште тоа да не беше ем далеку ем ништо да не види. Добро е кога во денешно време може по интернет да биде барем на виртуелен начин присутен.
Добра вечер. Секојдневно се повеќе ме облева прекрасотии и нежност во животот ради ова мало човече во мене што се развива во голем човек и најпрекрасно суштество. Се повеќе сваќам дека носам живот во мене и второ срце кое бие и се бори за живот. Како одминуваат деновите и се раситнуваат неделите јас сум се повизбудена и поареќна и ништо на свет не може да ме растажи бидејки го имам него и знам дека е во мене и дека прета и живее . Денов посебно прекрасен, си го галам мешто и се подсмевнувам. Оној кој рекол дека чедото му е се имал право, се би истрпела и издржала без да размислам ни секунда за истото огромна љубов и чуство незамисливо. Знам дека сум полна со емоции во мене .. ама тоа е релната слика за сите нас на темава. @LadyC многу поминало малку останало дури веќе не се ни брои. Јас сум среќна за тебе и надевам дека следниот месец тројцата ќе се радувате заедно и ќе броите деништа за сусрерт, сум била долги години во твоја кожа и знам сега како ти е сама без него и негова љубов и подршка и како ќе ти биде уз него. Стрпи се тек ти следат прекрасни денови. Поздрав до сите.
Ти благодарам од срце за се што пиша.Се што кажа - така е. Многу значи верувај. Девојки, има денови кога многу се плашам. Ете некој глуп страв ме облева дали е се во ред, до каде ми е бебчето, дали ќе ме боли на порѓај. Уште од сега се тресам. Почнав и да сањам тоа. Се почесто сањам дека се пораѓам и секое сабајле си викам ќе биде ли вака безболно ко у сон. А бебенцето веселко си клоца и тогаш се заборавам. Тогаш само се топам од љубов. И башка мн несоници ме обземаат. Те ми е топло, те ладно. Ми нема средина, не ми е згодно лежењето уште сега, како и да легнам се поместувам за 2мин. Ух @kikin
@LadyC бидејќи со првото прелесно поминав си мислев нема шанса и со второто дете да ми се посреќи така, ќе биде поболно. Арно ама на самиот почеток од бременоста си сонував дека раѓам машко и дека сум го родила не сум ни осетила се си викав ах сонот да ми се оствари и на крај така бидна @Jagoda123 и јас чувам тестови, папок, прва облека... Ама кога пред некој ден го видов поголемиот син како ми доаѓа во соба со тестовите во рака и се смее мене ми се стемни тоа е знак дека не треба повеќе во фиока да ги чувам него во некоја убава кутија
Добро утрооо! Како сте денес мами? Бебушите клоцкаат ли во меше? Ајде тие што сте во исчекување за клоцкање денес да го осетите тој благослов. @VedaG10 едвај те чекам да пишеш како помина на скрининг. Маже ли е џенцка ли е. Искрено да ви кажам нешто сум викала у животот дека без маж се може секогаш, али порекнувам сега. Е без моево маже не можам да се замислам дека постојам. Затоа никад не реци никад. Жени што сте у Систина породени. ве сликаа бе? Чисто да знам дали да ве има на страната. Класик мањак сум а? Убав ден најубави на здравје која пие.
Добро утро и од мене Стварно е потапа темава секој ден, кога дојдов тука и неколку месеци потоа од сабајле по 100 нотификации имав, сите праеа муабет Ајде на здравје кафе и да го истуркаме петок, јас се одморив, пак на работа и некако тешко ми оди прилагодување
Добро утро мамиии! Вчера бев кај матичната и ме гледаше на 4Д..... Се е во ред, фала му на Господ, бебо е супер, си претка си мрда, цела треперев кога го гледав.. Душата ми ја исполни со мир човечето мое, му го чувме срценцето златно како бие, папочната врвца ја видовме, протокот на крв се е супер.... Така да мама веќе нема да биде негативна и депресивна.... И дааааа.. добив слики и тоа околу 10тина .... матичната се ми објасни детално, бебето е добро оформено главчето, носето, мешето, грпчето, ножиња, рачиња, внатрешни органи се видовме... сега сум мирна.... Господ нека е со сите нас и нека не чува... Со лесно нека мине бременоста на сите нас Бидете ми поздравени и имајте убав викенд
Добро има ли некој совет, нешто природно да се убрза породување. Утре влагам во 39та и ова абер нема.. веќе ми досади
Мене матичниот ми рече да јадам урми, тие го омекнувале... (незнам точно што, заборавив) И секс да се имало..
Мене ми викаше со првото многу да пешачам. Земи си торбичката и пеш од дома до болница и назад и таман ако те фатат болки ќе си стигнеш на време
Аааа кога правев брисеви матичниот рече веќе доле мешање не xaxaxa.. а баш до секс не ми е некако ич. А урмите помагале демек за полесно да се отвориш..