zdravo, kako ste feminki? jas od zadutre pocnuvam porodilno otsustvo, znaci 28 dena pred terminot. Tuku, znae nekoj sto treba da podnesam na rabota?
Zavisi kade rab nez dali sekade e isto,kaj nas se nosi dokumentot od gin za porodilnoto,transakciona smetka i ko ke se rodi bebeto izvod
Добро утро лепотици! Еве работно понеделнички, сега ќе појадуваме... Вчера сабајлето кога станав како што се отегав ме фати грч на десната нога доле на мускулот, беше толку јак што ме остави без воздух со солзи во очите врескав и мм се исплаши веднаш рипна ме тегнеше за прстите, страшно... вчера се напив магнезиум ама некако не минува, се измасирав со грчка маст и еве уште ме боли ногата... Иначе и јас нон стоп сум жива вода, само се препотувам... @sofi2107 и јас ги имав истите симптоми и болки како пред добивање... нека ти е добра мисла и добредојде! уживај во бременоста! Поздрав до Вас и вашите мешковци да си растете безгрижно и безбедно!
Завршив со скрининг бебуш е ок,за пол не ни кажа ништо,чекаме до следна контрола. Какви брисеви се прават во 12 недела,колку се сеќавам пап и микробиолошки или има уште нешто? Дали мораше сега или може во 16-та недела на следна контрола да не одам кај матичнава?
Срце убаво, нека бременоста ти помине лесно како во сон и без грижи! Многу ме радува кога човек ќе успее да го добие она најсаканото! Ти имаш болки како јас што имав, болки континуирано во јајници до 5ти месец некаде ама тапи, не остри. Пиј магнезиум , подобро ќе ти биде (мене од магнезиум ми поминуваа секогаш) . Ти препишаа ли фолат и сл? Леле како ме израдува понеделнички. Се е нормално, да не се секираш ич и со насмевка секој ден да ни пишуваш! @VIKTORIJA 1 мене ми земаа брисеви во 16та недела. На некои феминки во 12та. Да си прашаш најубаво можеби. Девојки убаво тргнало понеделнички! Јас не сум ни видела како активни сте биле вчера. Така е кога со пипер и патлиџан пржење се зезам цела вечер. Имајте убав ден цурици.
@LadyC си се развреднила, што правеше? Незнам за вас ама јас си се чудам на самата себе само нешто имам желба да зготвам, најчесто некој нов рецепт,а вчера ја терав бабами да ме учи да сучам пита ќе да е поврзано со зголемен апетит или мојата стрвност е понагласена во овој период од бременоста. Иначе конечно се наспав, како легнав куфер до сабајле и одма е подруго, ми се врати расположението кога сум ненаспана одма мм ми коментира дека сум напета и напорна ама мора да ме трпи хехе
@LadyC фала ти мила најмногу.Искрено бев во паника и сум на моменти и можеби е и нормално Да магнезиум пијам,фолна во метилирана форма,и куп други витамини,утрогестан ставам,аспирин и клексан,прогестерон депо на 4 дена.Ние што сме со инвитро поготово што сме со повеке инвитра имаме милион апчиња витамини за подршка на бременоста и на плодот.Можеби и затоа секоја промена па и вообичаената болка не вади од памет.Сепак благодарам на сите за добродојдето и убаво е да се чуе дека оваа болка е нормална и дека нема место на паника. Лесна бременост на сите ви посакувам
Уживај и јас што сум природно па примам клексан, а требало и фолна во метилирана форма ама дури сега во седми месец ја снабдив. до сега терав со обична... Се ќе си биде како што треба.
Јас не сум толку развреднета колку што сум гладна. У превод - ненаситна сум. Убаво си објасни ти, значи тоа е, а башка и си мрзнам да имам и за зимоска пржено (пипер и патлиџан) . Планирам и ајвар и пинџур да праам, таман да подзалади. Обожавам пиперки иако знаат киселини некад да ми направат, не се откажувам! За се, готвам пошо сум стрвна, дури сфаќам дека морам итно гаќи да си набавам пошо почнаа да ми се одбележуваат на бутини и гз. Боли бре, бабски ќе си купам! @sofi2107
Женички позитивена кламидија во крв може да има последици? Контрола по две недели ако се зголемува - терапија. Брисеви треба да правам почетокот на септември, до тогаш не требало терапија... Искуства и мислења? Страв ми е....
хахахахах исто и тука... за вешот- гаќи без рабови божем да не ме отцртуваат ама некако ми се прават полека танга
Добар ден женички. Баш ме вративте во носталгија пред овој септемвриски месец за зимници и таква храна, самата еуфорија, разладување и сето тоа. Блазе си ви на сите. Правете си и уживајте си колку што можете, за некој ден и ќе разлади. Јас си порачав јуфки и неколку тегли па чекам со нетрпение да ми донесат. Си велам здравје од догодина ќе си правам по нешто дома, колку да не е без ич. Имаме нови трудници со лесно нека и е, сите се радуваме на нови животи, така и треба да биде. И јас имам болки, не постојани ама ги имам и мислам дека напротив се нормални бидејки ни се поместуваат сите органи и не сме веќе тоа што сме биле тоа дефинитивно, но се дур се мали и слатки не претставуваат проблем. И магнезиум нарачав се решив да пијам само по потреба. Септември ќе ми биде убав месец се надеваме.. имам многу убави моменти на повидок. Убав ден жени, чувајте се.
Добар ден и од мене женски Јас деновиве со гости. Едни испраќам, други доаѓаат. Син ми по цели денови пее: Летни, летни буба маро донеси ми гости. Инаку јас откако се вративме дома ручек не сум направила, шпоретот не ми работеше, дури вчера ми го поправија. Денеска ќе спржам нешто брзопотезно. На топлово и мене ми е претешко. Спијам по гаќи и маичка со отворени врати и ладна вода до мене. Преку ден во фустан да се луфтирам. Ќе издржиме еве летово е при крај. Јас го почнав осми месец. Фала Богу супер се чувствувам. Последниве неколку дена чувствувам само мали потешкотии во спиење, кога се вртам од една на друга страна и кога треба од кревет да станам. Расте мешко и ми отежнува Кога бев бремена со син ми, патики ми облекуваше мм Бев бремена во зима. Сега ми закопчува сандали, душа моја. Во деветти ќе ми подава рака од кревет да станам. Ајде женски да станам да зготвам нешто волциве ќе почнат да завиваат од глад Имајте убав ден!
Да наминам да ве поздравам и јас, што убаво било да не одиш на работа, спијам до касно уживам по дома, дури и серии и филмови гледам Да ви споделам едно посебно чувство - ноќеска переше првата машина со облека на бебуш, ја пружив у 2 и седиме со маж ми гледаме во сушалката и си викаме прв пат висат алишта што не се на нас двајца туку на некој трет малецок човек И така едно 20 мин блеевме во алиштата, среќни, весели, во исчекување на бебе
Жени едно прашање. Дали се нормални нелагодностите и тежината доле во стомакот во 4/5 месец? Не е болка и не е ништо јако но денес уште одаабајле имам како некоја тежина долу како некоја опуштеност чудно чуство е? Се прашувам дали сето ова е нормално со оглед на тоа дека бебето расте и се поместуваат органите или би требало да се оди на лекар? Имате ли и вие вакви чуства и болки? Ве молам да ми одговорите од искуство и да ме посоветувате.
Баш во втората половина на 4ти месец останав на боледување од слични болки/нелагодност... особено поинтензивни при долготрајно седење, ми беше страв да не е нешто штетно и ми даде гинекологот боледување... Ми кажаа повеќе магнезиум, помалку седење или седни/стани. Ми препорача лежење и пешачење, во тие положби помалку се оптоварува матката. И секако ми кажа дека тоа е анатомски заради процесот на раснење на бебето и ширење на матката, создавање на притисок на околните органи. Така што - доколку можеш, практикувај лежење, мене лично непријатното чувство ми поминува најубаво со пешачење.. дури и честопати кога имам застој со столицата имам такви болки или непријатно чувство во долниот дел на стомакот
Жени што може да биде незнам денеска бев на второ ЦТГ и бебето е многу вознемирено докторот рече тахикардично е.Еве уште е така од сабајле.Ми даде упат за после во 18.00 часот за на специјалист за контролно ЦТГ.Незнам зошто вака цел ден е вознемирено.Инаку сум 37 недела а контракции немам.